Константинопол, Градот на Богомајката, окото на светот, престолнината на ромејската цивилизација, Новиот Рим, кој ја напои сета вселена со Божественото учење и спасителните догми и го просветли светот со премудрост вишна и земна, не престанува да блеска и денес со евангелската и духовна светлина, преку првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија.
Во чест на успението на преподобниот Георгиј Григоријатски, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Денес, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а
Во шестата недела на Воскресение(на Слепиот , на 29ти мај 2022 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на преп.Теодор Осветени св.Николај Мистик, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот Илија Пројчевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата берниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Веста ја објави српскиот патријарх Порфириј во обраќањето од Соборниот храм, а истата беше проследена со долг и громогласен аплауз од присутните верници во и околу црквата.
По упатувањето на томосот за автокефалност од СПЦ до Вселенската патријаршија, сега ќе треба да следи и официјалното прогласување од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.
“На Македонците не им требаше ни автономија, ни автокефалија, ни ништо посебно; на Македонците им требаше само малку љубов; токму тоа го има одамна сфатено и при првата можност, деновиве, ни го покажа и дарува српскиот Патријарх Порфириј со своите собраќа од Соборот (меѓу кои прв е Бачкиот епископ Иринеј). Како, сега, Патријархот Порфириј да не е свет
„Ви донесуваме уште една радост. Светиот архиејски сабор ѝ излезе во пресрет
на молбата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Благословува, прифаќа и признава автокефален статус“.
Слушнете ја громогласната реакција на верниците насобрани во соборниот храм свети Климент Охридски
кога српскиот патријарх Порфириј
ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква.
Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест, рече поглаварот на МПЦ-ОА Архиепиското Охридски и Макеоднски Стефан во беседата по заедничката литургија со поглаварот на СПЦ Порфириј кој потоа соопшти дека ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Денес, на 23 мај, во попладневните часови, во канонска посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија пристигна Патријархот Српски г. г. Порфириј, заедно со архијереите на Српската Православна Црква: Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј и Нивните преосвештенства, Епископот Сремски г. Василиј, Епископот Бачки г. Иринеј,