логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Скопје, 5-ти април 2015 год.- храм на св. Јован Крстител, на празникот на  Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим − Цветници

 cvetnici1.jpg

Словото Божјо, Кое ги покрива небесата, Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.

Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече, оставајќи му место на злото. Евреите пак планираа да Го убијат на празникот Пасха. Тоа Му даде доста време да се задржи подалеку. Шест дена пред Пасха, како што е напишано, дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар (кого што го воскресна). Кога беа на трпеза, со него седеше и Лазар. За тоа време неговата сестра Марија излеваше миро на нозете Христови. Утредента, Исус ги испрати Своите ученици да приведат ослица со мало осле. И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот Давидов; благословен е Кој иде во името Господово, Царот Израилев. Всушност, тие (децата), научени од Светиот Дух, тоа го правеа во слава и чест на Христа, зашто на тој начин тие ја најавуваа Христовата победа над смртта со маслиновите гранчиња. Имено, кај Евреите имаше обичај победителите да бидат пречекувани и прославувани со палмови (врбови) гранчиња. Овде ослето не претставува нас луѓето од незнабоштвото, на кое Христос седнува и отпочинува како победител, Кој се нарече Цар на сета земја. За овој празник зборуваше и пророк Захарија: „Ликувај од радост, ќерко Сионова! Ете, Царот твој доаѓа при тебе, кроток, седнат на осле, рожба на ослица" (9,9). А и (пророк) Давид вели за децата: „Од устите на младенците и на доенчињата си си направил похвала." Но, кога Христос влегуваше, сиот Ерусалим се потресе, како што е речено, и првосвештениците, поттикнувајќи го народот на револт, планираа да Го убијат. А Тој, криејќи се, се таеше; а кога ќе се покажеше, им зборуваше во параболи.

 

Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, направи не и нас победители на бесловесните страсти и на Твојата светла победа на смртта! Удостој не да го видиме и Твоето живоносно воскресение, и помилувај не, сега и секогаш и во сите векови. Амин (Види: Јован 12,1-18).

 

Денес, кога Македонскта православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го празнува споменот на Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим − Цветници, во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, отец Михаил Таневски во сослужение на ѓаконот Слободан Сарделиќ отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 

 

Свети Силуан Атонски

Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сè заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.


 

Преминпортал (к.т.)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО

Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој  би бил  достоен...

   Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака,...

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар? Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него, т.е....

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

    Во нашиот живот е важно да имаме волја за добро дело – во слава Божја и од љубов кон ближниот, останатото е Божја работа. Апостолите ја гледаат потребата...

« »