Иванден во храмот „Рождество на свети Јован Крстител“ во Бутел - 2023
На 7.7.2023 година, ден кога Црквата гo прославува Рождеството на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован (Иванден), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата Литургија во храмот посветен на рождството на св. Јован Крстител во Бутел.



Со благослов на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 29.6.2023 година, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по завршувањето на Вечерната богослужба и на Молебниот канон кон Пресвета Богородица, 







Во 10 ден на месец Јуни, кога го славиме споменот на светиот Варлаам Охридски, ние Велестовци славиме еден мал јубилеј- почеток на едно навистина големо и благородно дело, во кое се вгради ова наше поколение и остави вреден залог за идните времиња -
Во чест на успението на преподобниот Георгиј Григоријатски, Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение на викарниот епископ г. Јаков Стобиски отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Денес, на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Митрополитот Адријанополски г. Амфилохиј отслужи Божествена Литургија во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот на Орестијада, Дидимотихо и Суфли г. Дамаскин, во црквата „Христос Спасител“ во Дидимотихо, Р. Грција.
Сега сме овде во светиот Охрид, поточно во црквата Света Софија, пак сите заедно, една година подоцна. Сега сме повторно горди и исполнети со радост, а заедно со нас се радуваат сите црквољупци и светители. Вие, Ваша светост, сте најзаслужниот за сето ова што се случи, па затоа, на овој ден и на ова место, ви благодариме во името на македонскиот народ.
Сè што имаме, што сме, што мислиме, што говориме, што вреди нешто, е од Бог и е во Бог. Затоа дарот да се гледаме во Светиот Дух како браќа и како сестринство на Црквата е дар Божји. Меѓутоа, иако дарот Божји секогаш доаѓа, Бог секогаш дава, неопходно е и ние да ја разбереме Неговата волја и да служиме за да ја оствариме Неговата волја.
























