На празникот на св. Труфун се закрои лозовиот насад во Лешок

На 14.02.2019 година, кога црквата го празнува Св. Трифун, св. Перпетуа, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со игуменот на Лешочкиот манастир отец Теодосиј и протопрезвитер Марјанчо Мадевски согласно традицијата извршија благословување и закројување на лозовиот насад во Лешок.


На 15.02.2019 година во 8 часот во црквата „Света Петка“ во Гостивар, Тетовско-гостиварскиот владика Јосиф ќе служи Света литургија и ќе се моли за загинатите, повредените и нивните семејства од страшната несреќа, која ја покри со длабока тага нашата држава.
На 10. 02. 2019 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во болничкиот храм посветен на светите бесребреници Козма и Дамјан во Велес.
На 12 февруари 2019 година, кога Црквата ги слави светите Три ерарси, Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на викарниот Епископ Полјански г. Јаков, отслужи Света Златоустова Литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Од житието на Закхеј : „Светиот апостол Закхеј најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во Ерихон заради Него, влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј кон покајание. Подоцна тој го придружуваше светиот апостол Петар, кој го постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи на Евангелието и мирно се упокои“.
На 10.02.2019 година, во Триесет и седмата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за преп. Ефрем Сирин и преп. Исак Сирин, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане.

Доаѓајќи во пустината, еден млад искушеник го запрашал својот Старец:
Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со парохискиот свештеник, протоереј Маријанчо Мадевски, ги посетија семејствата Симоски од с. Теарце и Костадиновски од с. Отушиште и во име на Тетовско-гостиварската епархија, за овие семејства, на кои им беше неопходна помош, донираа храна,прехрамбрени производи, бела техника и огревно дрво.
По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир, отслужи Празнична Вечерна Богослужба.
Нивниот спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај како круна на се беше неговото слово во кое не поучи со зборовите на великиото руско светило Серафим Саровски- не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди во осмиот ден.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Улогата на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, д-р. Александар Атанасов.























