Освет на новопоставениот Крст во спомен на настраданите од пожарот во Кочани

На 12 јули 2026 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на светите првоапостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новопоставениот Крст во близина на местото каде што се случи големата несреќа и трагедија во Кочани на 16 март 2025 година.
Крстот е поставен во спомен на настраданите во трагедијата и како симбол на победата над смртта и злото, но и како траен потсетник на болката која ја доживеа Кочани.
Овде Митрополитот г. Иларион изврши и помен за покој на душите на сите настрадани во пожарот во Кочани, а во присуство на семејствата на настраданите, броен верен народ и Градоначалникот на општина Кочани г. Владко Грозданов.
Митрополитот упати и молитви за здравје и закрепнување на повредените и за сила на семејствата на настраданите.


























