Заупокоена Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (22.02.2020)
Во овој ден божествените отци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, ...


Нарeди си сeбeси нeкoја eпитимија за грeвoвитe на другитe луѓe. Акo нeкoј си oсудил или казнил, налoжи си и на сeбe нeкаква eпитимија. Дoбрoвoлнo пoстрадај и ти малку за грeвoвитe на грeшникoт. Тoа Му e угoднo на Бoга. Oваа тајна ја знаeлe свeтитeлитe кoи сeбeси сe oсудувалe заради грeвoвитe на другитe луѓe. Oваа тајна ја наѕираат дури и нeхристијанскитe нарoди.
Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши.
На 12 февруари 2020 година, кога го празнуваме споменот на Светите Тројца Ерарси (светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст), Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.

На 01.02.2020 година, кога црквата ги празнува Преп.Макариј Велики, св. Марко Ефески, во Лешочкиот манастир Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со надлежниот епархиски архереј на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и многубројно свештенство од МПЦ-ОА,
Во прилог на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, оствари средба со нашиот почитуван и монахољубив надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид,
На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот.
Во неделата по Богојавление, кога Црквата го празнува споменот на преподобен Максим Кавсокаливит, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Климент Охридски“, во Љубљана, Словенија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше осветен новиот параклис и крстилница при црквата „Свети Климент Охридски“.
На 23. 01. 2020 година, во велешкиот театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ беше изведена монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш во изведба на актерот Петар Темелковски. На монодрамата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во придружба на речиси целото свештенство на Повардарската епархија. Во најава на монодрамата пред присутните збор зема протоереј-ставрофор Горан Панзов, кој во своето слово го претстави житието на светиот цар Јустинијан и неговите заслуги за развојот на
Со Божественото величие на денешното ликување духовно се радуваа не само верници во свето Троицкиот храм во наслеба Црногорци- Охрид, ни Соборниот Храм во Скопје кој побожно ги чува моштите на преподобниот, ами и ангелите Божји, душите на светиите и праведниците, како и Светата Гора Атонска, Бугарската и Романската патријаршија, Грчката и Албанската архиепископија, кои имаат делче од чесните мошти на ово велико светило на православната Црква.
Започнаа да се прават заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак и црквата Пресвета Богородица од 14 век кои се во рамки на манастискиот комплекс Свети Атанасиј во тетовски Лешок. Во првата фаза од ревитализацијата на конакот се работи на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал, а во втората фаза доградба со нови материјали. Денеска увид во работите извршија Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.























