логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Dimche.Sretenie1

Скопје, 15ти февруари 2021 лето Господово - храм на св. Пророк Илија, населба Аеродром

 Dimche.Sretenie2

SRETENIE.na.Hristos3

Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа сѐ, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство од ангел Господов се упати кон Мисир.

Dimche.Sretenie3

Dimche.Sretenie4

Dimche.Sretenie5

 Dimche.Sretenie

 Dimche.Sretenie6

 На 15ти февруари 2021 година, во триесет и шестата недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Сретение Господово во храмот на св.Пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свештеникот Димче Бојковски  во сослужение на ѓаконот  Александар Брајановски, отслужи  Божествена Литургија На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе празничн беседа.

 Dimche.Sretenie7

 Dimche.Sretenie8

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

SRETENIE.na.Hristos6

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »