логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  3.angeli.so.truba

Скопје, 8ти јануари  2021 лето Господово - храм на св. Пророк Илија

 3.angeli.so.truba

 

На 8ти јануари  2021 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено го прослави споменот на

Собор на Пресвета Богородица

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

 

 3.angeli.so.truba

 Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 2:11-18

11.     Бидејќи Оној, што осветува, и оние, што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:
12.     Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, насред црква ќе Те воспеам.
13.     И пак: „Јас ќе се надевам на Него”. И одново: „Ете Ме мене и децата Мои, што Ми ги даде Бог”.
14.     А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;
15.     и да ги избави оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.
16.     Оти, навистина, не од ангели прими природа, а од потомството на Авраама прими;
17.     затоа должен беше во сe да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни.
18.     Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

3.angeli.so.truba

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 2:11-23

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 На 8ми јануари 2021 година, во триесетата недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Собор на Пресвета Богородица во храмот на св.Пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свештеникот Димче Бојковски  во сослужение на ѓаконот  Александар Брајановски , отслужи  Божествена Литургија На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе празничн беседа.

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Поука на денот: Авва Доротеј


Во името на Исуса Христа, брате мој, ние немаме никакво право пред својот брат. И должни сме со љубов да преминеме преку незадоволството и да го проголтаме. И така, никој да не го прашува својот ближен ’зошто не ме сакаш?’, а самиот нека го нагонува на љубов, чинејќи го само она што е достојно за неа.

3.angeli.so.truba 


3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго:

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

« »