логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Sample Image

Излезе од печат единаесетиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Семоќниот Спасител , во кој е обработен третиот дел од трилогијата посветена на Господ Исус Христос.

 

Илустрираната едиција „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои ќе се печатат во тираж од 10.000 броја, а излегуваат од печат во определен временски интервал. Вакво илустрирано библиско издание се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, а досега не се испечатени слични изданија ниту во останатите православни цркви на Балканот.

Предговор на стрипот „Семоќниот Спасител“

Во последниот дел од трилогијата за Господ Исус Христос се опфатени повеќе настани од последните денови пред Неговото спасително страдање и воскресение, како и настаните потоа. Раскажувањето започнува со Неговото славно влегување во Ерусалим, настан кој го славиме до ден денес (Цветници), па истерувањето на трговците од храмот, заговорот против Него и искушувањето од страна на првосвештениците, садукеите и фарисеите, параболата за лозарот и лошите лозари, Пасхалната вечера на која е основана Божествената Литургија, предавството од Јуда, молитвата во Елеонската гора, фаќањето на Христос, одрекувањето на Петар, распнувањето, погребението и воскресението на Господ, кое го посведочија жените мироносици. На крајот завршува со јавувањето на Христос на Лука и Клеопа во Емаус, јавувањето на апостолите и славното вознесение на небесата.

За секоја тема може да се зборува опширно, но овде на кратко ќе се потрудиме да го објасниме значењето на овој стрип. Христос го нарекуваме Спасител, затоа што го изврши спасението на светот, ја победи смртта, ја укина власта на гревот и ѓаволот врз нас. Наша обврска е да го прифатиме повикот Божји и да соработуваме со Неговата благодат. Спасението е жив и траен процес, целиот живот го поминуваме борејќи се за своето спасение. Се бориме со своите гревови, со своите страсти, со своите грешни желби, постиме, се воздржуваме од секое зло, се молиме постојано, како што нѐ научија апостолите и нивните наследници, се каеме за своите гревови, со надеж дека нема да ги повториме и ја примаме благодатта Божја, на Божествената Литургија, која ни доаѓа како лек, да ги исцели духовните рани кои ни ги направил гревот. Сами не можеме да направиме ништо, ако не бараме во молитва помош од Господ, и ако не соработуваме со Неговата благодат, тогаш попусто ќе ни бидат сите наши обиди да се поправиме, да се излечиме духовно.

Спасението е процес во кој стануваме сѐ повеќе слични на Христа, или, кажано на црковен јазик, стануваме подобни на Христа, преподобни. Нашата вера е дар од Бог, кој не зависи од ништо, но овој континуиран процес на спасение бара од нас да соработуваме со Божјата благодат, за да бидеме преобразени од Светиот Дух, и да станеме свети луѓе. Ако сакаме да живееме вечен живот со Бога и во Бога, тогаш мора да бидеме преобразени, и да станеме слични на Него, според благодатта.

Самото постоење на Црквата е токму поради тоа – за да се спаси секој човек, кој се родил на светов, да биде преобразен во светост, да биде соединет со Христос, преку Светите тајни на Црквата. Христос прими човечка природа и стана Богочовек од љубов кон секоја личност, кон секој човек, и ни даде можност да општиме со Него, да градиме заедница со Него, а од таа заедница произлегува и обожението на човекот. Тоа не е само враќање на човечката природа во состојбата пред гревопадот на првите луѓе, туку тоа е чекор понатаму, односно, во состојбата на преобразената и воскреснатата природа на човекот.

Ништо од ова не може да се оствари без нашето лично присуство и учество во Божествената Литургија, на која, со претходна подготовка, Го примаме Христос, градиме заедница со Него, но и со нашите ближни, кои исто така се причестуваат со Телото и Крвта Христови. Примајќи Го Христос, стануваме Негови соучесници во патот на страдањата, во носењето на Крстот, во распетието, во маките и болките, па дури на крајот и во радоста на воскресението. И оние кои живеат без Христос, далеку од Бога или против Бога, имаат страдања и маки, но за разлика, од нас, тие немаат од никого поткрепа, а нивните страдања и маки немаат никаква цел и никаква смисла, додека, пак, за нас, тие се само пат, преку кој треба да поминеме, за да стигнеме до радоста на воскресението. Да ни даде Бог сила и ревност и трпение да го градиме нашето спасение, а спасувајќи се себеси, ќе спасиме илјадници околу нас. Амин!

Митрополит Повардарски г. Агатангел



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »