логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави два нови наслови во својата библиотека: „Азбука на православниот живот“ од свештеник Димитриј Каплун и „Подвигот во нашиот живот“ од св. Исаак Сирин. И двете книги претставуваат добро четиво за оформување на црковна христијанска свест и духовност.
Влегувањето во храмот започнува со молитва. На Бога не Му е угодна секоја молитва, туку само онаа која е произнесена со вера, разбирливост и правилна состојба на духот. Според тоа, пред да тргнеме за прв пат во својот живот да одиме во православниот храм, потребно е да се запознаеме со азбуката на православната вера. Оваа книга е напишана за оние, кои штотуку го пречекоруваат прагот на православниот храм, подготвувајќи се да го примат светото Крштение или имаат намера за прв пат да пристапат кон Исповедта и светата Причест. Во неа авторот се потрудил накусо да ги изложи најосновните сфаќања на христијанската вера. На крајот, бидејќи не е можно да се опфати неопфатното, оваа книга не може да претендира кон целосно изложување на догмите на Православната вера. Нашата задача е многу поскромна – да го пресретне читателот на прагот од храмот, да му подаде рака и најдобронамерно да му ги отвори вратите во светот, каде што Небото слегува на земјата, каде што се простуваат гревовите и каде што Бог се сретнува со човекот.Azbuka-Book-3

(од воведот во книгата „Азбука на православниот живот“)

Извор;: кумановско- осоговска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО

Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој  би бил  достоен...

   Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака,...

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар? Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него, т.е....

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

    Во нашиот живот е важно да имаме волја за добро дело – во слава Божја и од љубов кон ближниот, останатото е Божја работа. Апостолите ја гледаат потребата...

« »