логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот Христов
свештеномаченик
Кипријан Слепченски
17 април / 30 април

Кипријане,
велики молитвениче,
пред Бога застапниче,
за нашите души покровителе.
Моли се, оче преподобне,
за оние кои ти приоѓаат
од тебе благодат измолуваат.
За нивно преумување,
за нивно спасение
пред Бога поклонение.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот Христов
свештеномаченик
Кипријан Слепченски
17 април / 30 април

Наставник на монасите,
пример на испосниците,
украс на свештениците.
Злобата агарјанска ја посрами,
и со пролиената крв Црквата ја украси.
Затоа ти повикуваме:
Радувај се свештеномачениче Кипријане,
на душите наши исцелителе.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Симеон епископ Персиски
и со него 1150 маченици
17 април / 30 април

О пастиру Божји Симеоне,
Христос Спасителот ти ги предаде клучевите
со кои ја отвори вратата на Персиската слава маченичка:
Авделај и Ананиј, Устазан, Фусик и Азат,
Аскитреја и многу други влегоа во реката
на крвта нивна заради Небесното Царство
и таму засветлија во Тебе Христе Боже,
Кој по нивните молитви и нас спаси нѐ.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
епископ Макариј
Коринтски Нотарас
17 април / 30 април

Гранките од лозата твоја од дамнина
со калем Христов оживотворена, повторно замирисаа,
Макарие подвижниче, цветови од кои
сите ние миомир на вистината добиваме, се изнедрија.
Списи за живот врлински, свети Епископе,
стигнаа до паствата и искуство маченичко
до новите за Христа жртви живи.
Радувај се и пред Бога моли се
ти учениче на Благиот Учител.
 
*Со Свети Никодим го составија Добротољубие и Евергетинос,
а сам – новиот Лимонариј

 



Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Адријан
17 април / 30 април

Наместо жртва сепаленица ти свети Адријане
мачениче, љубовта твоја пред Бога ја принесе,
и душа ти се озари, срце исполни со Него,
а телото се зачува во пламен испитано,
за вечност припремено, од каде сега за нас моли се,
при Христа Спасителот.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот отец
Агапит папа Римски
17 април / 30 април

Блажен си ти Агапите, слуго на Бога Живиот,
кој не само дарови на Господа принесуваше
туку и себеси – секогаш спремен
Неговата волја да ја исполнуваш,
и затоа преку тебе од Него слепи прогледуваа,
глуви словото Божјо го чуја.
И сега за нас застапи се пред Христа,
да ги помилува нашите срца закоравени.

 


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот епископ
Акакиј втори Мелитински
17 април / 30 април

Мирот во твоето срце пат направи на благодатта,
да послужи на ревноста по Бога, о Акакие преподобен,
и чудата кои приведоа мнозина се случија во слава Господова, за да името твое, како пастир Христов, познато стане,
и прославено на земјата и Небесата,
каде сега за нас се молиш пред престолот на Славата.

 


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Саватиј Соловецки
17 април / 30 април

О смирено срце за Бога приготвено,
Саватие свети, кој пустината Соловецка
за Слава Господова ја припреми,
а нас преку неа до осознавање на нашите падови,
по твоите молитви, Христос нѐ приведе.
Моли се непрестано за нас несмирените
во мир пред Господа да се претставиме.

 


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Зосима Соловецки
17 април / 30 април

Добриот извор со добри дела беше потврден,
од Бога закрепнат и благословен,
о Зосимо смирен оче наш,
тебе денес те чествуваме, од Господа
да измолиш спасение за сите
кои итаат кон смирение и трпеливо
го прославуваат подвигот твој спасоносен
во кој се покажа поддржувач
на Божјата Љубов кон луѓето.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (30.04.2021)
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 

 

Од Верскиот календар:

 

Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски

Во времето на злочестивиот цар Савориј или Сапор, Симеон беше мачен за Христа заедно со неговите двајца презвитери, Авделај и Ананија. Пред нив пострада и царевиот евнух Устазан, којшто прво се одрече од Христа, а потоа трогнат од прекорот на Свети Симеон повторно пред царот ја исповеда вистинската вера. На губилиште заедно со Симеон беа изведени уште илјада христијани. Симеон некако се протна за да може да биде убиен последен, зашто сакаше да ги храбри другите докрај за ниеден од нив да не се поколеба од страв пред смртта. Кога презвитерот Ананија ја положи главата на трупецот, со целото тело затрепери. А царевиот пристав, Фусик, кој беше потаен христијанин, почна да го храбри Ананија велејќи: „Не плаши се, старецу, затвори ги очите и биди мажествен, за да ја видиш Божествената Светлина!“ Штом го изговори тоа, го повикаа како христијанин и го обвинија кај царот. Царот го уби во големи маки и него и неговата ќерка, девицата Аскитреја. Најпосле го убија и Свети Симеон, откако прво го испрати своето стадо на оној свет. Следната година на Велики Петок беше убиен и царевиот омилен евнух Азат, а со него илјада други верници. Тогаш царот пожали за својот евнух и го запре натамошното убивање на христијаните. Сите чесно пострадаа за Господ Христос во 341 или 344 година.

Свети Акакиј
епископ Мелитински

Се подвизуваше во својот роден град ерменска Мелитина. Епископот на тој град, блажениот Отриј, којшто учествуваше на Вториот Вселенски Собор, го ракоположи за презвитер. После смртта на Отриј епископ стана Акакиј. Учествуваше на Третиот Вселенски Собор во Ефес, кој го осуди Несториевото злохулство кон Пресвета Богородица. Овде заедно со Св. Кирил Александриски тој многу ревнуваше за чистотата на православната вера. Свети Акакиј имаше голема благодат од Бога и вршеше многубројни чуда. После долг и ревносен живот во Христа мирно се упокои во 435 година.

Свети Агапит
папа Римски

Испратен од готскиот крал Теодот кај царот Јустинијан во Цариград за да го одврати од поход против Готите. Патем тој исцели еден нем и слеп. Во Цариград помогна во утврдувањето на Православието и се упокои во 536 година.

Преподобните Саватиј и Зосим

Основачи на подвижничката обител на Соловецкиот остров во Белото Море. Во таа Соловецка обител се прославија многумина големи светители. Свети Саватиј се упокои во 1435 година, а Зосим во 1478 година.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2627
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2424
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

« »