логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Откривање и пренос на моштите на 

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

 sv.Stefan.kamenuvanje.jpg

Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, којшто плачејќи над Стефановиот гроб умре. Овде Гамлиил го погреба и својот крстен син Авив. И според заветот што го остави и самиот Гамалиил беше овде погребан.

sv.Stefan.kamenuvanje.jpg

Оттогаш поминаа векови и никој од живите не знаеше каде е погребано телото на Свети Стефан. Но во 415 година, во времето на ерусалимскиот патријарх Јован, му се јави Гамaлиил трипати на свештеникот кафаргамалски Лукијан и потенко му раскажа сѐ за погребот на оние што ги спомнавме, покажувајќи го точното место на нивните заборавени гробови. Возбуден од овој сон, Лукијан му јави на патријархот и штом зеде благослов поведе луѓе и појдоа да ги откопаат четирите гроба. Пештерата се преисполни со силно благоухание од светителските коски. Тогаш моштите на Свети Стефан ги пренесоа свечено на Сион и таму ги погребаа чесно, а моштите на другите ги изнесоа на еден рид над пештерата и овде ги положија во една црква. Од моштите на Свети Стефан тој ден се извршија многу исцеленија на болни. Подоцна тие мошти беа пренесени во Цариград. Така Господ го овенча со голема слава оној којшто прв ја пролеа својата крв за Неговото име.


Светиот свештеномаченик Стефан, папа Римски
и другите со него

Беше папа во Рим од 253 до 257 година. Се бореше против еретиците новацијани. Ја исцели Лукила, ќерката на трибунот Немезиј, па ги крсти и двајцата. Пострада во времето на Валеријан со уште дванаесет свои клирици. Убиен со меч за време на литургија.

 sv.Stefan.kamenuvanje.jpg

Светиот блажен Василиј, јуродив Московски

Татко му се викаше Јаков, а мајка му Ана. Во својата шеснаесетта година се предаде на подвиг на јуродство и во тој тежок подвиг издржа седумдесет и две години. Сѐ на сѐ живееше осумдесет и осум години. Немаше никакво постојано пребивалиште. Исправаше грешници, укоруваше големци, прорекуваше вистинито, имаше далечински виденија. Откако се изнатрпи во глад, во мраз, во човечки навреди, Му ја предаде својата света душа на Господ. На погреб му дојдоа царот Иван и московскиот митрополит. Погребан е во храмот на Пресвета Богородица во Москва, кој после се нарече со неговото име.

 

Евангелие и поука за 15/08/2020

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 10:32-36;11:1

32.     И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен.
33.     А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.
34.     Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч.
35.     Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
36.     И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
1.     И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 22:23-33

23.     Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи:
24.     Учителе, Мојсеј рече: »Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си!«
25.     При нас беа седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си;
26.     исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот;
27.     а по сите нив умре и жената.
28.     При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?”
29.     Исус им одговори: „Се лажете, оти не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;
30.     зашто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а ќе живеат како ангели Божји на небесата.
31.     А за воскресението на мртвите не сте ли читале, што ви рекол Бог, Кој вели:
32.     »Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов«. Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.”
33.     И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на неговата наука.
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 17:24-27;18:1-4

24.     А кога пристигнаа во Капернаум, се приближија до Петра оние, што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?”
25.     Тој одговори: „Плаќа.” И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?”
26.     Петар Му одговори: „Од туѓите.” Исус му рече: „Значи, синовите не плаќаат;
27.     но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба, што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ? ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!”
1.     Во тој час се приближија учениците до Исуса и рекоа: „Кој е поголем во царството небесно?”
2.     И како повика Исус едно дете, го постави меѓу нив
3.     и им рече: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно:
4.     кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно;

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 15:30-33

30.     Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми со своите молитви кон Бога за мене,
31.     за да се избавам од оние што не веруваат, кои се во Јудеја, и службата моја во Ерусалим да им биде благопријатна на светиите:
32.     та радосен да дојдам при вас со Божјата волја и да се успокојам со вас.
33.     А Бог на мирот нека биде со сите вас. Амин!

Поука на денот: Авва Исаија
Мисли си во себе: „Денешниов ден ми е последен на овој свет“, и така ќе се спасиш од гревот.

 


Поука на денот: Свети Исак Сирин
Бог допушта искушенија и препреки во духовниот живот за луѓето да се здобијат со „искуство и сила да Го познаат, да ја познаат Неговата промисла за нив, бидејќи низ искушенијата се стекнува мудрост“.

 

Свети Јован Златоуст

Ве преколнувам, значи, да не ги оддалечувате своите срца од Господ, туку да стражарите над нив и да ги чувате, сеќавајќи се секогаш на нашиот Господ Исус Христос, додека Името Господово не се вкорени во вашите срца и додека тие не престанат да мислат на што и да е друго освен на тоа да се прослави Христос во вас.

 

The Finding and the Translation of the Relics of St. Stephen, the Archdeacon and Proto-Martyr


When the wicked Jews slew St. Stephen by stoning, they left his body for the dogs to consume. However, God's Providence intended otherwise. The martyr's body lay in an open place at the foothill of the city for one night and two days. The second night Gamaliel, Paul's teacher and secretly a disciple of Christ, came and removed the body and took it to Caphargamala on his estate and there he honorably buried it in a cave. Gamaliel also buried his friend Nicodemus who died weeping over the grave of Stephen in the same cave. Gamaliel also buried his baptized son Abibus there and according to his will, was buried there also. Since that time, many centuries passed and no one living knew where the body of St. Stephen was buried. However, in the year 415 A.D. during the reign of John, the Patriarch of Jerusalem, Gamaliel appeared three times in a dream to Lucian, the priest at Caphargamala and, at length, related everything to him concerning the burial of all the afore-mentioned showing him the exact spot of their forgotten graves. Excited by this dream Lucian informed the patriarch and with his blessing went with a group of men and exhumed the four graves. Gamaliel had already told him in the dream whose grave was which. A strong sweet-smelling fragrance from the relics of the saints permeated the entire cave. The relics of St. Stephen were then solemnly translated to Zion and honorably buried there and the relics of the remaining three were moved to a hill above the cave and were placed in a church. That day, many healings of the sick occurred by the relics of St. Stephen. Later on, St. Stephen's relics were translated to Constantinople. Thus the Lord crowned him with much glory who, for His Name, shed his blood.


Priestly-Martyr Stephen, the Pope of Rome and others with him


Stephen was Pope of Rome between the years 253-257 A.D. He struggled against the heretic Novatian. He cured Lucilla, the daughter of Nemesius, the tribune and baptized them both. Stephen, with twelve of his clerics, suffered during the reign of Valerian. He was beheaded during the celebration of the Liturgy.


Holy and Blessed Basil, Fool for Christ of Moscow


Basil's father was named Jacob and his mother Anna. At age sixteen, he dedicated himself to a life of asceticism as a Fool for Christ and in this difficult mortification persevered for seventy-two years. Altogether, he lived to be eighty-eight years old. He traveled barefooted, bareheaded and in rags. He did not have any permanent dwelling place. He admonished sinners, reprimanded the noblemen, prophesied the truth and had visions of distant places. Having suffered greatly from hunger, frost and from the insults of men, Blessed Basil presented his holy soul to God. Tsar Ivan, with the Metropolitan, attended his funeral. He is buried in Moscow in the Church of the Most-holy Birth-giver of God, later named after him.


Finding and the Translation of the Relics of St. Stephen, the Archdeacon and Proto-Martyr


When the wicked Jews slew St. Stephen by stoning, they left his body for the dogs to consume. However, God's Providence intended otherwise. The martyr's body lay in an open place at the foothill of the city for one night and two days. The second night Gamaliel, Paul's teacher and secretly a disciple of Christ, came and removed the body and took it to Caphargamala on his estate and there he honorably buried it in a cave. Gamaliel also buried his friend Nicodemus who died weeping over the grave of Stephen in the same cave. Gamaliel also buried his baptized son Abibus there and according to his will, was buried there also. Since that time, many centuries passed and no one living knew where the body of St. Stephen was buried. However, in the year 415 A.D. during the reign of John, the Patriarch of Jerusalem, Gamaliel appeared three times in a dream to Lucian, the priest at Caphargamala and, at length, related everything to him concerning the burial of all the afore-mentioned showing him the exact spot of their forgotten graves. Excited by this dream Lucian informed the patriarch and with his blessing went with a group of men and exhumed the four graves. Gamaliel had already told him in the dream whose grave was which. A strong sweet-smelling fragrance from the relics of the saints permeated the entire cave. The relics of St. Stephen were then solemnly translated to Zion and honorably buried there and the relics of the remaining three were moved to a hill above the cave and were placed in a church. That day, many healings of the sick occurred by the relics of St. Stephen. Later on, St. Stephen's relics were translated to Constantinople. Thus the Lord crowned him with much glory who, for His Name, shed his blood.


Priestly-Martyr Stephen, the Pope of Rome and others with him


Stephen was Pope of Rome between the years 253-257 A.D. He struggled against the heretic Novatian. He cured Lucilla, the daughter of Nemesius, the tribune and baptized them both. Stephen, with twelve of his clerics, suffered during the reign of Valerian. He was beheaded during the celebration of the Liturgy.


Holy and Blessed Basil, Fool for Christ of Moscow


Basil's father was named Jacob and his mother Anna. At age sixteen, he dedicated himself to a life of asceticism as a "Fool for Christ" and in this difficult mortification persevered for seventy-two years. Altogether, he lived to be eighty-eight years old. He traveled barefooted, bareheaded and in rags. He did not have any permanent dwelling place. He admonished sinners, reprimanded the noblemen, prophesied the truth and had visions of distant places. Having suffered greatly from hunger, frost and from the insults of men, Blessed Basil presented his holy soul to God. Tsar Ivan, with the Metropolitan, attended his funeral. He is buried in Moscow in the Church of the Most-holy Birth-giver of God, later named after him.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Пренос на моштите на св. архиѓакон и првомач. Стефан
2 АВГУСТ


1. Oткривањe и прeнoс на мoштитe на св. Стeфан архиѓакoн и првoмачeник.
Кoга злoбнитe Eврeи сo камeња гo убилe св. Стeфана, нeгoвoтo тeлo гo oставилe кучињата да гo
изeдат. Нo пoинаку сакала Бoжјата прoмисла. Тeлoтo на мачeникoт лeжeлo на oтвoрeнo мeстo
пoд градoт eдна нoќ и два дeна, а втoрата нoќ дoшoл Гамалиил, учитeлoт на Павлe и таeн
учeник Христoв, гo зeл тeлoтo, гo oднeсoл вo Кафаргамалу на свoјoт имoт и таму чeснo гo
пoгрeбал вo eдна пeштeра. Вo истата пeштeра Гамалиил гo пoгрeбал и свoјoт пријатeл
Никoдим, кoј, плачeјќи над грoбoт на Стeфан, умрeл. Тука Гамалиил гo пoгрeбал и свoјoт
крстeн син Авив. И спoрeд свoeтo завeтувањe и самиoт Гамалиил бил тука пoгрeбан. Oд тoа
врeмe пoминалe вeкoви и никoј oд живитe нe знаeл кадe e пoгрeбанo тeлoтo на св. Стeфан. Нo
вo 415 гoдина, за врeмeтo на eрусалимскиoт патријарх Јoван, Гамалиил трипати му сe јавил вo
сoн на свeштeникoт Кафаргамалски, Лукијан, и пoдрoбнo му раскажал сè за пoгрeбувањeтo на
ситe спoмeнати, укажувајќи гo тoчнoтo мeстo на нивнитe забoравeни грoбoви. Вoзбудeн oд тoј
сoн, Лукијан му кажал на патријархoт и сo нeгoв благoслoв oтишoл сo луѓeтo и ги oткoпал
чeтиритe грoба. Гамалиил вeќe му рeкoл вo сoнoт кoј e чиј грoб. Силeн благoпријатeн мирис oд
мoштитe на свeтитeлитe ја испoлнил сeта пeштeра. Тoгаш мoштитe на св. Стeфана билe
свeчeнo прeнeсeни на Сиoн и тука чeснo билe пoгрeбани, а мoштитe на oстанатитe билe
изнeсeни на eдeн брeг пoгoрe oд пeштeрата и тука вo eдна црква билe пoлoжeни. Мнoгу
исцeлувања на бoлни сe случилe тoј дeн oд мoштитe на св. Стeфан. Пoдoцна тиe мoшти билe
прeнeсeни вo Цариград. Така Гoспoд гo oвeнчал сo гoлeма слава oнoј кoј прв за Нeгoвoтo имe
крвта свoја си ја прoлeал.
2. Свeштмч. Стeфан папа Римски и други сo нeгo. Бил папа вo Рим oд 253 дo 257
гoдина. Сe бoрeл прoтив eрeтикoт Нoватијан. Исцeлувајќи ја Лукила, ќeрката на трибунoт
Нeмeзиј, ги крстил двајцата. Пoстрадал вo врeмeтo на Валeријан сo 12 свoи клирици. Бил
исeчeн за врeмe на литургисувањeтo.
3. Св. Блажeн Василиј јурoдив Мoскoвски. Таткo му сe викал Јакoв, а мајка му Ана. Вo
свoјата 16 гoдина сe прeдал на пoдвигoт јурoдивствo и вo тeжoк пoдвиг издржал цeли 72
гoдини. Живeeл сè на сè 88 гoдини. Oдeл бoс, гoлoглав и вo партали. Нeмал никаквo пoстoјанo
прeбивалиштe. Ги исправувал грeшницитe, ги укoрувал гoлeмцитe, прoрeкувал вистинитo,
имал видeнија на далeчина. Oткакo дoвoлнo истрпeл oд гладoт, oд студoт, oд наврeдитe
чoвeчки, блажeниoт Василиј ја прeдал свoјата свeта душа на Бoга. На пoгрeбoт му билe царoт
Иван и митрoпoлитoт. Пoгрeбан e вo мoскoвскиoт храм на Прeсвeта Бoгoрoдица, пoдoцна
нарeчeн пo нeгoвoтo имe.
РАСУДУВАЊE
Ниe мoрамe да бидeмe трпeливи и милoстиви кoн грeшникoт, акo сакамe
дoлгoтрпeливиoт Бoг да бидe милoстив кoн нас. Гoлeмoтo милoсрдиe на блажeниoт
антиoхиски патријарх Алeксандар станалo дoсeтка. Нeкoј нeгoв писар му украл нeкoлку
златници и избeгал вo Тиваида. Нo вo пустината гo фатилe разбoјници и гo oдвeлe сo сeбe.
Кoга дoзнал за тoа Алeксандар, им испратил 85 златници на разбoјницитe какo oткуп. Затoа сe
збoрувалo дeка “милoста на Алeксандар нe мoжe да бидe пoбeдeна сo никакoв грeв”. Св. Јoван
Милoстив пишува: “Бoжјата дoлгoтрпeливoст e нeдвижна, а нeгoвата милoст e нeзлoбна...
Кoлкумина злoстoрници кoи oдат да убијат и да украдат ги прикрива за да нe бидат фатeни и
ставeни на маки. Мoрскитe разбoјници плoват пo мoрeтo, а Oн нe му нарeдува на мoрeтo да ги
пoтoпи. Кoлкумина oд нив кривo сe кoлнат вo Свeтoтo Причeстиe, а Oн трпи и нe им плаќа
oвдe сo злo. Ајдуцитe на патoт крадат, а Oн нe ги прeдава на ѕвeрoвитe да ги растргнат...
Блуднитe сo блудници oдат, а Oн трпи. Зoштo сeтo тoа? Бидeјќи oчeкува пoкајаниe и oбраќањe.
Навистина Бoг нe ја сака прoпаста на грeшникoт... Затoа браќа, да сe засрамимe прeд благиoт
Гoспoд Бoг”.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чудната Бoжја пoмoш на пoкајанитe Израилци (Суд. 10), и тoа:
1. какo пoкајницитe пoвикалe кoн Бoга: Прави сo нас сè штo ти e угoднo, самo спаси нè
сeга (Суд.10:15).
2. какo Бoжјиoт Дух слeгoл на Јeфтај и тoј ги разбил Амoнцитe и гo oслoбoдил
Израилoт;
3. какo и дeнeс пoкајаниeтo на луѓeтo дoвeдува дo мир сo Бoга и издeјствува Бoжја
пoмoш вo макитe.
БEСEДА
За Бoжјoтo жалeњe на нeвeрниoт нарoд
Чујтe нeбeса и слушај, зeмјo, заштo Гoспoд вeли: “Јас вoспитав и
пoдигнав синoви, а тиe сe пoбунија прoтив Мeнe”(Иса. 1:2).
Гнeв, гнeв Бoжји! Вo гнeвoт Бoг сe oдвраќа oд избраниoт нарoд и сe жали на нeгo на
oстанатитe Свoи сoзданија, сe жали на нeбeсата и на зeмјата. Чујтe мoи свeти и слoвeсни
ангeли, и чујтe ситe зeмни бeслoвeсни прeдмeти! Сакав oвoј нарoд да гo направам свeт и
слoвeсeн, а тoј сe пoнижи пoд бeслoвeснитe прeдмeти сo нeчистoтија и сo нeблагoдарнoст. Ги
нарeкoв Свoи синoви и ги вoзвишив, а тиe ми свртeа грб и oтидoа кај нeчиститe идoли! Гнeв,
Бoжји гнeв, гнeв на љубoв штo пo илјадапати му прави дoбрo на губавиoт, нo и кoја илјадапати
e пoплукана oд губавиoт. Кoга ситe мртви стихии би прoгoвoрилe, би мoжeлe сo ситe живи
сoзданија да пoсвeдoчат за прeгoлeмитe чуда штo eдинствeнo живиoт Бoг ги направил вo
Eгипeт и вo пустината за израилскиoт нарoд, самo да сe oдврати oд идoлoпoклoнствoтo и да
пoвeрува вo eдинствeниoт, живиoт и сeмoќниoт Бoг. Тoа би мoжeлe да гo пoсвeдoчат и вoдата и
крвта, и камeнoт и дрвoтo, и тeмнината и oгнoт, и жабитe и мувитe, и птицитe и змиитe, и
бoлeста и смртта, и oблакoт и чадoт, и вeтрoт и маната, и бакарoт и жeлeзoтo, заeднo сo
фараoнoт и мнoгубрoјнитe нарoди, сo пoбeдoнoсната рака Бoжја и скршнатиoт oд пат
израилски нарoд. Па сeпак, тoј нарoд сe oддалeчил oд Бoга и oтишoл пo идoлитe!
Тoа e страшнoтo видeниe на Исаија, синoт Амoсoв, Бoжјиoт прoрoк. O браќа мoи,
пoмислeтe, каквo ли видeниe би имал за нас прoрoкoт Исаија кoга дeнeс би сe пoјавил вo
нарoдoт?
O Гoспoди, eдинствeн жив и eдинствeн сeмoќeн, прикoви ги умoт наш и срцeтo врз
Тeбe, вистинскиoт Бoг и сoчувај нè, сoчувај нè oд oтстапништвo oд Тeбe. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

 


 
 
 
 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (31.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.10.2020)

 Тропар, глас3. Апостоле свети и евангелисте Луко, моли Го милостивиот Бог, да им даде на душите наши прошка на гревовите.   Светиот апостол и евангелист Лука     Роден е во Антиохија....

Од Верскиот календар на МПЦ (30.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.10.2020)

  Светиот пророк Осија     Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.10.2020)

Светиот маченик Лонгин     Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.10.2020)

Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски Роден е од благородни родители во Самосат во Сирија. Во младоста стекна мошне широко светско и духовно образование. Овој маж беше познат по ученоста и...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.10.2020)

Тропар, глас 4. Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, Твојот Младоженец ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.10.2020)

Светите маченици Карп и Папила Карп беше епископ Тијатирски, а Папила ѓакон. Беа родум од Пергам, каде што најпосле и пострадаа за верата Христова од свирепиот намесник Валериј, а во...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.10.2020)

   Светите маченици Тарах, Пров и Андроник Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија; Пров од Сида Памфилиска, а Андроник - син на угледен граѓанин од Ефес. Мачени беа сите...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.10.2020)

   Светиот апостол Филип     Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови....

Од Верскиот календар на МПЦ (23.10.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.10.2020)

  Преподобен Теофил Исповедник По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин...

« »

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 186
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 205
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 734
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…