логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 Прашање од: С.Н

 

Нашиот мозок го сочинуваат две хемисфери: лева и десна. Левата се центрите за анализа, калкулација, проценка, размислување, ги контролира способностите за зборување, читање.... А десната хемисфера е задолжена за креативност, уметност (музика, сликарство), емоции, релија.
Се прашувам дали може од овде да се воспостави врска дека не случајно десната хемисфера е одговорна за овие креативни способнисти и пројавувањето на интерес за духовност со оглед на тоа што знаеме дека Бог ни го дава дарот за креативност, а и десната страна е претставена како чест и вистина, па оттаму и и Христос седи од десната страна на Отецот, а и праведниците ќе бидат од десната страна на Христа.

 

Одговор:

Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста. И разумот како секундарна функција кога  умот не се храни со Бога туку со световните страсти за кои се прврзуваме и се храниме. Молитвата нѐ држи да ја реализираме неговата примарна функција, преку покајанието, а демонот се бори да ја оствариме само секундарната функција, како разум. Целта е човекот да го очисти срцето од страстите, да го просветли умот преку молитвениот литургиски живот, умот да слезе и зацари во срцето преку благодатта Божја и сиот човек да ја оствари својата цел, единство со Бога и растење во љубовта.

 

 Друго:

 +++

Послушанието е активирање на примарната функција на умот – соединување на нашата создадена енергија со несоздадената Божја енергија преку молитвата, како и пренасочување на неговата секундарна функција кон исполнување на Божјите заповеди. Послушанието е прием на вистинското Предание на Светите Отци. Послушанието е останување во рамките на соборноста на Православната Црква – без оглед на тоа кој што си мисли. Послушанието е процес на Божествено преобразување, растење и созревање до достоинството на дете Божјо. Послушанието е сѐ во Црквата Божја. Послушанието е возможно само во Црквата Божја.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, дај ни што повистинско послушание и помилуј!

Митрополит Струмички Наум

(Извадок од беседата:  „Послушанието е премин од противприроден во природен начин на живот’ (04.11.2017 )

 

 Чувај се од она што мислиш дека си
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

 +++

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

+++

 И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (30.11.2030)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.11.2030)

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската)...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.11.2020)

Светиот апостол и евангелист Матеј Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика:...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.11.2020)

          Светите маченици Гуриј, Самон и Авив Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.11.2020)

Тропар на Свети Григориј Палама Светилнику на Православието, тврдино на Црквата и учителу! Убавино на монасите, непобедлив поборнику на богословите! Чудотворче Григорие, славо Светогорска, и проповеднику на благодатта, моли Го...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.11.2020)

   Свети Јован Златоуст Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.11.2020)

Свети Јован Милостив Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.11.2020)

  Светиот великомаченик Мина По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.11.2020)

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.11.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.11.2020)

Светите маченици Онисифор и Порфириј Овие двајца прекрасни мажи беа мачени за името Христово во времето на царот Диоклецијан. Беа многу биени, а потоа горени на железна леса, па врзувани...

« »

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 265
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 257
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 790
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…