логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според кажувањето на ктиторот на молдавскиот скит отец Нифонт, овој слуга Божји живеел во пештера недалеку од пештерата на преподобниот Петар Атонски. Колку години поминал таму и како било неговото име сѐ уште не е познато.

Неговиот живот истекувал во совршено сиромаштво; тој немал ништо ни на себе, ни во пештерата; чекорел бос, без капа и бил покриен со распарталена и безвредна облека.

Еднаш, низ тој предел поминувале двајца монаси од молдавскиот скит. Тие го промашиле својот пат и налетале на пештерата на овој пустиник. Тој во рацете држел мал псалтир што постојано го читал, дури и додека ја извршувал умната молитва. Во разговор со монасите, тој рекол дека се плаши да не биде осуден за острастеност кон поседување на твари, бидејќи сè уште не се ослободил од сè што е земно, па го има овој псалтир. Затоа ги замолил да го земат псалтирот со себе.

Предвидувајќи ја својата смрт, тој дошол кај отец Нифонт, кој тогаш живеел во близина на пештерата на преподобниот Атанасиј на Вигла, и го замолил да отслужи литургија и да го причести со Светите Тајни, при тоа велејќи: „Се приближува мојот крај!“

Отец Нифонт се согласил, па заедно отишле во црквата на Свети Јован Крстител, каде отслужил Света литургија и го причестил. Додека пустиникот ги целивал иконите пред причеста непрестајно плачел. По завршувањето на службата, отец Нифонт му предложил да ја споделат трпезата; но овој тоа го одбил, се заблагодарил за вниманието и заминал по својот пат, просејќи да биде спомнуван во светите молитви. Нестигнувајќи до својата пештера, тој починал на самиот пат. Се чини дека имал само 40 до 45 години. Ова се случило во 1855 година.

Јеромонах Антониј Светогорец

Извадок од книгата „Атонски подвижници од деветнаесеттиот век“

 

https://www.tiveriopol.mk/nepoznatiot-pustinik/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2870
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2681
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…