логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

Битката во семејството

Верата е свет на парадокси. Секој обид да се погледне на вистинскиот духовен живот низ призмата на логиката не само што е погрешен, туку  e и апсурден. Затоа што верата е инспирација, пробив, откровение. Човек верува „и покрај сè“, преку некои чудни и необјасниви аргументи и за другите и за себе. Новиот верник е како погоден од гром, заразен со посебна лудост, разгорен од „небесниот оган“, кој го озарува неговото кратко земно постоење.


    Но, од моментот на неговото свесно свртување кон Спасителот Христос и превземање на цврста решеност да го следи тесниот пат кон Неговот непобедливо царство, како целиот свет да му објавува војна. Сè што претходно се чинело безбедно, стабилно и на некој начин безусловно и неотповикливо, почнува да исчезнува и да изгледа лажно и смешно. Верникот се наоѓа во борбена состојба и се чувствува како воин во некаква флексибилна кружна одбрана. Сепак, оваа нова војна е различна од сите мали и големи војни што тој ги водел во неговиот живот.Таа носи знаци на друг, „прекумерен“ судир и татнеж на драматичен конфликт што не може да се објасни со јазикот на видливиот свет.


    Ова е особено  изразено во посланијата на „апостолот на народите“, Светиот Апостол Павле, преку неговиот извонреден увид: „ Зошто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата (Ефес. 6, 12). Оваа борба е страшна и разорна, таа се води за секој нов верник кој го прифатил „откровението одозгора“ и ги раскинал оковите на светот.
Таа е особено силна и болна кога доаѓа од страна на домашните. Тие стануваат марионетки, кукли на конци и извршители на непрестајните предлози на слугите на сатаната - демоните. И сосема е логично и природно што тие самите и не се сомневаат кој стои зад нивното насилно однесување кон новите верници. Сето ова е изразено во откровението и мудроста преку зборовите на Спасителот: „ И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни “ (Мат. 10:36). Господ го забележува овој неизбежен принцип, кој не е и не може да биде исклучок.


Еден од отците на светото православие од поново време, Свети Тихон Задонски, го кажа тоа преку призмата на неговото свето подвижништво, изговарајќи тажна, но опитна мудрост: „Непријателот секогаш се стреми  да ги вооружи против човекот неговите домашни! Ние мора да бидеме подготвени за ова и да запомниме дека сè е според Божјата волја и за чистење на нашите гревови! “
Тоа е дел од личниот подвиг и нераскинлив дел од крстот што го носи секој што сака да се спаси. Затоа роптањето и незадоволството не само што се бесмислени, туку се и недостојни. Тие се манифестација на неверување и незнаење за принципите на вистинскиот духовен живот. Затоа, во оваа посебна и необјаснива ситуација за неверниците, ова не треба да се сфаќа длабоко лично или насочено кон дадената личност. Оној што одбрал да се бори нема право да бара ниту извинување ниту изговор за огнената  стихија на непрестајната битка. Тој мора да се држи до оружјето и да се бори до последниот здив. Ова е ехо на неговата лична „метаноја“ и венец пред Победникот на адот - Христос.


    Житијата на светиите изобилуваат со примери во овој поглед. Тие ја одразуваат личната драма на оние христијани кои се светилник за нас на патот кон Царството Божјо. Особено трогателен е примерот за животот на светата маченичка Марина, чиј спомен се слави на 17 јули според православниот календар. Нејзиниот татко, пагански свештеник во Антиохија, станал вистинскиот гласноговорник на ѓаволот и станал првиот поттикнувач и извршител на злосторствата врз неговата ќерка која растела. Во односот кон неа, под влијание на непријателот, тој употребил необјаснива тортура. Девојчето било убиено од гувернерот на источните земји со потопување во када со врела вода, така што било извршено крштевањето со вода и крв на Божјата избраничка.
Во своите спомени, еден од големите руски старци, Свети Игнатиј Брјанчанинов, ја опишал очигледната разлика во односот на неговите роднини кон себе по свесниот избор да ја напушти својата служба ( офицер ) и да го следи патот на монаштвото. Тој потекнувал од старо благородничко семејство, и неколку пати се враќал на својот имот наидувајќи  на ладен и отворено непријателски однос кон себе. Со горчина опишал како го навредувале и исмејувале без да даде повод  со своето однесување. Тој  го припишал сево ова на духовната битка и намерата на демоните. Со квалитетите на прецизен демонолог тој  ја опишал  промената на тонот, интонацијата и разговорите кои ги имале со него и сите нијанси во овие деликатни духовни состојби.

3.angeli.so.truba


    Секој христијанин, без оглед на деноминацијата во која се наоѓа, има свое горко и неизбежно искуство во овој поглед. Особено груби и остри се нападите врз семејствата на свештенството и мешањето во нивните односи со нивните жени и деца, кои тие ги трпат како зло за нивниот успех во духовниот живот. Но, сето тоа е по Божја волја и дозвола, и никој од нас не треба да паѓа. Напротив, знаејќи ги правилата на „невидливиот бран“, да бидеме цврсти во молитвата и постојани во сите наши напори, да се движиме енергично напред кон заветната цел, Божјото царство. Следејќи го патот на сите познати и непознати приврзаници на благочестието, без сенка на жалење и роптање, да бидеме исполнети со благодарност, бидејќи овие страдања се сведоштво за вистинските избраници.

3.angeli.so.truba

Автор: отец  Јасен Шинев  парохиски свештеник во црквата „Успение на Пресвета Богородица“и црквата „Св. Атанасиј “- Варна


Превод Симеон Стефковски

 

8ми декември 2020 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1375
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1670
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1506
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…