логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.trubaДа живееме во  постојан страв да не се заразиме со вирусот не може да биде причина за нашето суштествување и егзистенција. Науката ни помага, но не може да нè направи среќни. Може да ми даде здравје, но не и радост. Да се зголеми животниот век, но не и да ја победи смртта. Може да ме направи здрав, но не и човек. Медицината не може да ги реши сите наши проблеми или да постави нови вредности за животот. Науката не може да стане новата религија на светот што слепо и непромислено ќе ја слушаме.


Секако, треба и мораме да сториме се што е потребно за оваа пандемија да не убие, ако е можно, ниту една личност. Но, да не заборавиме дека сме смртни. И ние не умираме затоа што се разболуваме, туку затоа што живееме.

Ние сигурно мора да го заштитиме животот и ближниот, но суштината на животот и човекот не може да се смени за да не се разболуваме.
Не треба да престанеме да живееме затоа што има болести. Здравјето не може да стане највисок критериум за живот. Постојат и други позначајни работи како што се љубовта, слободата, правдата, Бог.

Се бориме, се радуваме, очајуваме, паѓаме и стануваме, имаме благослови и искушенија, формираме односи и се поврзуваме со други, се вљубуваме, се надеваме и веруваме. Не можеме да и се покоруваме на смртта, т.е  да не живееме за да не умреме.
Без бакнеж и прегратка на моето дете, мајка ми, татко ми, мојот придружник, секако умирам.
Не можам да не го допрам, прегрнам и бакнам другиот. Без тело и допир на другиот, јас не сум човек, туку дух. Но, дури и без душа и Бог јас сум само безживотен труп.


Јас сум вечен, Христос воскресна и повеќе не живеам за смртта. Не ги прифаќам нејзините граници, верувам во дарот на животот, кој нема крај.
Не можам да не ги заштитувам вредностите и идеалите, да не ја кажувам вистината, да не се борам за правата на слабите и малите, да не се спротивставувам против омразата, нечовечноста и експлоатацијата, тоталитаризмот и фашизмот, затоа што можат “ да ме убијат”
Не можам да не се причестам со Телото и Крвта Христови, бидејќи можеби ќе се „заразам“ со нешто. Христос е живот што се познава преку подвиг на верата. Верата во Христа е уште еден начин да се познае животот и да се надмине смртта. Мојата вера открива друг свет кој е исто така реален, можеби повеќе од оној во кој јас постојам и живеам.

Само затоа што не сакам да умрам  и само преживувам не значи дека сум жив. И во пеколот луѓето ќе живеат засекогаш, но сами. Ова е пекол, вечно отсуство на Бога, на другиот, на радост, сам со вечната осаменост.
Зборовите „ Живеам за да не бидам заразен со коронавирус“ не можат да станат смислата на нашите животи. Не. Живеам за да сакам, да се вљубам, да се смеам, да играм, да се надевам, да се изразам, да творам, да верувам, да умрам и да живеам повторно. За да не умрам, не можам да заборавам што значи да се живее.

П.с. Текстот нема за цел да ги доведе во прашање потребните мерки што се преземени или ќе бидат преземени за да се заштитат граѓаните од пандемијата. Тој едноставно поставува некои размислувања за тоа што на крајот значи да се живее без другиот. Дали е важно да живеам ако не сум човек? И што на крајот ја сочинува вредноста на човекот и на животот? Дали здравјето е единствено повисоко добро? Може ли само да ми даде значење, или опстанок?


Автор: о. Харалампос Пападопулос


Извор : https://zadrugata.com

Преземено од фб профил на Simeon Stefkovski

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1121
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1241
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1120
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…