логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Каде се тие нешта? Каде? Другите луѓе нѐ гледаат и стекнуваат впечаток дека ние сме тие строгите што ќе ги искараат, ќе ги навредат, или, пак, може и ќе им простат, ама после тоа ќе слушнат едно огромно „но!“ Односно, ти проштевам, но од сега па натаму ќе треба да го правиш ова, и она, и она – и веднаш започнуваме со советите, забраните, епитимиите, строгостите, така што на крај другиот зачудено прашува: „А што беше таа благост, добрина и насмевка кои ми ги покажуваше на почетокот? Тие убави фрази – ела кај нас за да почувствуваш нешто убаво? Каде е тоа убавото?“ Ние сме во Црквата и многу пати сме налик на оној поголемиот син од параболата, кој што бил добриот син, но немал никаква врска со татко си, и кој иако останал дома, сепак не општел со татко си – всушност, тој бил поблудниот син отколку брат му. Тој си бил дома, но не ја чувствувал љубовта на својот татко, бил дома, но бил себичен, немал љубов, не го љубел ни татка си, ни братот свој кој што отсуствувал и никогаш не копнеел за неговото враќање, бидејќи се чувствувал разделен, а не соединет со него. Тој си се оградил себеси и рекол: „Неговиот живот не ме интересира, тој е надвор од мојот живот! Јас сум си тука, си работам и сум задоволен!“ Реално, не го љубел татка си, иако бил во неговиот дом. Другиот, пак, бил надвор од дома, но го љубел својот татко и онаа вистинска врска што постоела меѓу нив во времето додека бил со него, кога како мало дете бил дома, му се отпечатила во душата и го следела насекаде. Каде и да одел, го осенувала светлината на татковската љубов и на Божјата милост. Милоста Твоја, Господи, ќе ме придружува во сите денови на мојот живот (Псал. 22,6).

Тој си тргнал, а татко му го оставил да направи како што сака, покажал почит кон него. И тоа е она неверојатното: Божјата почит! Каква само почит има Бог кон нас?!

– Оди, дете мое.

– Но, зарем не ме љубиш?

– Те љубам толку многу!

– И сакаш да тргнам?

– Воопшто не сакам!

– Зарем не ти е тешко, не те боли?

– Ме боли.

– Тогаш зошто не направиш нешто?

– Правам.

– Што?

– Те почитувам. Да можеш во овој миг да ми погледнеш во очите, кои се полни со солзи, да можеш да ми го видиш срцето, колку те љуби, но твојата слобода ја ставам пред сето тоа, пред сите работи ја ставам твојата желба. Сакам да бидеш со мене, но не присилно! Зарем не можеш да го сфатиш тоа? Реши се, и што и да решиш, јас ќе бидам повторно со тебе!

– Ама како ќе си со мене, татко, ти ќе бидеш дома, а јас сега си заминувам? Одам во ноќен живот, ќе талкам, ќе пијам, ќе се опивам, ќе бидам со пријателки, ти што ќе правиш?

– Ќе бидам со тебе!

– Но, како ќе си со мене, кога сега ми мавташ од далеку и ми велиш: „До видување дете мое“. И јас веќе исчезнувам зад кривината и не можеш да ме видиш!

– Ќе бидам со тебе! Јас сум со тебе! Зашто те љубам! Ќе бидам тука, но ќе бидам и таму со тебе, и тоа ќе биде нежно, не принудно, ниту со чувство на вина, не сакам да те задушам во тоа чувство, ниту да те вознемирам, туку со бескрајна почит, со огромно трпение и со многу голема љубов. Ќе те оградувам и заштитувам со мојата љубов.

(Продолжува…)

Извор: Бигорски манастир

 

Друго:

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3112
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2444
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…