логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ЗНАЕТЕ ЛИ ВИЕ КОЈА Е БОЖЈАТА МАЈКА?

Таа е Царица на херувимите,
Царица на секое создание, место на воплотувањето на Бог Словото, врата на Светлината, затоа што непристапната Светлина преку Неа дошла во светот. Таа е врата на Животот.

Божјата Мајка е лествица кон небото; гулабица која го запрела потопот од гревови, како што Ноевата гулабица го потврдила крајот на потопот. Таа е Божја кадилница, бидејќи го примила Божјиот оган, и црква е на Пресветиот Дух. Божјата Мајка е Невеста на Отецот, Мајка на Словото и Црква на Светиот Дух.

Кога ќе видиш икона на Божјата Мајка со Младенецот Христос во нејзината прегратка, знаеш ли што гледаш? Небо на земјата. Небото е Христос, Наднебесниот, Создателот на небото и земјата. А Божјата Мајка ја претставува земјата, односно сите народи на земјата, зашто Таа е од нашиот род. Од царскиот и архиерејски род.

Bogorodica.Erusalimska.jpg

Рацете на Божјата Мајка се многу посилни од рамењата на херувимите и преблажените престоли. Значи, Кого Марија Дева Го држи во прегратката? Знаете ли Кого? Оној што ги создал небото и земјата и сѐ видливо и невидливо.

Знаете ли вие Која е Божјата Мајка и колку чест, колку сила и колку милост има Таа? Таа е наша Мајка, затоа што има милост и кон сираците, и кон вдовиците, кон сите христијани. Секогаш се моли на својот Син за сите нас.

Знаете ли вие колку може Божјата Мајка пред престолот на Пресвета Троица?

Имате ли вие дома икона од Божјата Мајка? А кандило пред неа, имате ли? ... Имајте Ја за заштитничка и за помошничка, Мајката на небото и земјата! Царицата на небото и земјата!

Старец Клеопа

 

 

Starec.Kleopa.zbirno1

Извор: Православие .мк

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1375
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1670
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1506
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…