логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


На Утрената по Шестопсалмието, пееме: Бог Господ: глас 2, и тропар на св. Теодор (2-пати):
Колку се совршени делата на верата! Светиот маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како сладок леб на Света Троица ѝ се принесе. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши.
Слава, и сега: богородичен еднаш: Сите твои тајни, Богородице, надумни се и преславни! Иако со чистота запечатена, и со девство запазено, си станала вистинска мајка, кога Го роди вистинскиот Бог, Него моли Го да ги спаси душите наши.
И обично стихословие. По прво стихословие, пееме седални маченични од Осмогласник на редовниот глас, со богородичните. По второ стихословие, ги пееме овие седални на свети Теодор. Глас 3.
Изобилувајќи со православна вера, ја изгаси измамата на заблудата и го уништи идолското безбожие: и, откако и самиот стана жртва Божја, со чуда ги оросуваш краиштата на земјата, преславен маченику! Христа Бога моли Го, да ни дарува милост голема.
Друг седален на светиот, подобен:
Господ, Кој те поткрепи во страдањата, те даде како божествен дар за спасение на целата вселена, душевните наши болки исцелувајќи ги, и телесните страсти победувајќи ги мачениче Теодоре! Христа Бога моли Го, да ни дарува милост голема.
Богродичен, подобен: Дево Пречиста, која во својата утроба Го носеше Бога несместливиот, Кој пред векоите од Отецот нетлено засветли, Слово ипостасно и Синот Едносуштен, Него моли Го, со пророците и мачениците, преподобните, испосниците и праведниците, да ни дарува прошка на гревовите.
 По ова го читаме мачеништвото на светиот (житието), и потоа псалм 50. И канонот на светиот кому е посветена обителта, со ирмоси на 6. И на св. Теодор на 8.
Канон, творба на Јован, митрополит Евхаитски, глас 4.
Песна 1
Ирмос: Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе ѝ кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжествувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса.
Тебе, која Го роди на чудесен начин, Превишниот Бог те постави над сите Свои избрани. Затоа денес почнуваме со тебе, Дево сепеана, восевајќи го овој овенчан маченик.
Великиот меѓу мачениците, пресветлиот страдалник, знаменитиот и преславниот во чудесата, славен од еден до друг крај на земјата, со песни ќе го воспеам Теодора.
Во маката изгреа ден на радоста и жалоста нивна ја разведри, како далечен вовед претпразничен, кој со благодатта на божествениот маченик засветли.
Жртвата на светиот маченик со својата крв ја очистува Црквата, а ја прими Оној што и Самиот беше жртвуван, и како жртва примен Оној што страдаше заради Неговата божествена слава.
Богородичен: Иако се чини дека не е време, добро е да се празнува овој ден, бидејќи Владичица Дева, која го краси целиот свет, се придружува кон прославувањето на споменот на оној што за неа ги понуди својата крв и животот.
Друг канон, од истиот Јован Евхаитски, глас 6.
Песна 1
Ирмос: Кога Израил помина пеш низ дното (морско) како по суво, гледајќи го Фараонот гонител како се потопува, викаше: на Бога да Му пееме песна побеничка.
Боже, Кој си навистина чудесен во светите, покажи ја на мене милоста Твоја, Христе, дарувајќи ми слово, за да ги восфалам чудесата на Твојот маченик
Цврстина во страдањата, и трпеливост во болките си покажал, страдалнику Христов! Покажи ја и врз нас твојата брза помош, Теодоре.
Слава: Откако злобниот мачител од својата душа ја отфрли благочестивата вера на Отците, донесе нечестива одлука секогаш против Бога да оди.
Богородичен: На тебе, Мајко Дево, јасно се исполнија претскажувањата на древните пророци, зашто натприродно и на чудесен начин Го роди вистинскиот Богочовек.
Катавасија: Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе ѝ кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжествувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса.
Песна 3
Ирмос: Твоите песнословци, Богородице – жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојата божествена слава, со венците на славата удостој ги.
Луѓето што се именуваат христијани, сакајќи да го видат денот на Твојот Син, Владичице, слават претпразненство во твоја чест и во чест на твојот славен страдалник.
Добрите дела секогаш носат победа, бидејќи големиот меѓу страдалците, привремената жалост во радост ја претвори и строгоста на светиот пост ја замени со олеснување.
Страдалнику Теодоре, твојот дар ти прилега тебе, зашто е дел од твоите особини, а нас што нè направи учесници во твоето наследство, радосно ти принесуваме дарови на похвала.
Со твоите извонредни својства, подвижнику, си го положил најдобриот темел, бидејќи со чудесната храброст, ѕверот насилник кој дишеше со оган и убиства, го победи како немоќен.
Новиот луд отпадник (Јулијан), по злото рамен на стариот (ѓаволот), храната ја изгнаси со жртвена крв како со отров, но лажниот клетник беше надмудрен од маченикот.
Богородичен: Сета земја, Дево, се исполни со познанието на Господа, Кој на светот му се јави од тебе. Но голема благодарност им прилега на божествените маченици, кои ја утврдија верата вистинска.
Друг канон. Ирмос: Никој не е свет како Тебе, Господи Боже мој, Кој го издигна достоинството на Твоите верни, Благи, и Кој нè утврди врз каменот на Твоето исповедање.
Оној што отпрвин на Ева ѝ шепна лага, и со неа го прелажа и Адама, тој и сега својот отров на злоба го излева.
Тој лукавството го имаше врз себе и својот бес го сврте против правоверните: првиот злосторник бараше погодно време својата омраза да ја оствари.
Славаː Започнаа деновите на светите пости; во нив секој христијанин, со многу воздржување и лишување, од сè се очистува.
Богородиченː Дево Сесвета, моќна надеж на светот, покрове и застапништво, не презирај ги, Блага, молењата на слугите, кои од љубов секогаш те именуваат блажена.
Катавасијаː Твоите песнословци, Богородице – жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојата божествена слава, со венците на славата удостој ги.
Седален, глас 8.
Откако божественото сеоружје го прими и лагата идолска ја победи, си ги поттикнал ангелите да ги фалат твоите подвизи. Откако со божествена љубов умот свој го разгоре, во огнот смртта храбро ја презре. Затоа, согласно со твоето име, на оние што просат дарувај им ги божествените дарови и исцеление, страдалнику Теодореː моли се на Христа Бога да им дарува прошка на гревовите на оние што со љубов го празнуваат твојот свет спомен.
Славаː подобенː Кога ласкањата Максимијанови не те поколебаа, а со Христовите зборови се охрабри, идолските храмови со оган ги спепели и, откако маченички го победи непријателот, пророчки го мина огнот како во вода. Затоа, како достојна награда за твоите подвизи, даруваш исцеленија, страдалнику Теодоре! Моли се на Христа Бога да им дарува прошка на гревовите на оние што со љубов го празнуваат твојот свет спомен.
И сегаː богородиченː
Како сенепорочна Невеста на Творецот, како неискусомажна Мајка на Избавителот, како живеалиште на Севишниот, Сепеана, мене, кој сум живеалиште на скверни беззаконија, и со умот играчка на демоните, побрзај да ме избавиш и од овие злодејства, ти која со добродетелта го стекна Светлото живеалиште, нетлена носителко на Светлината! Растерај го облакот на страстите, и за горната Светлост, и за невечерната Светлина удостој ме, по твоите молитви.
Песна 4.
Ирмос: Оној што седи во славата, на престолот од Божеството – најбожествениот Исус, дојде на лесен облак и со нетлената рака ги спаси тие што викаат: Слава ѝ, Христе, на силата Твоја.
Какво чудо и новост од ова мешање и единство! – Родениот Богочовек ги соедини девството и раѓањето, како што во честа на Својот маченик ги соедини деновите на жалост со радоста празнична!
Види, како Христовиот воин Го љубеше Христа, зашто со својата ревност и оган ги победи своите непријатели и, најпосле, самиот себе доброволно како добра и блгопријатна жртва Му се принесе.
Победник во страдањата, доблесниот воин, со храброста на својот говор и со презирот на маките, ги восхити гледачите и за сета твар нов предмет на восхит покажа.
О долго трпение! Коска не се скрши на мојот Бог и Владика, Кој и по умртвувањето страдаше, како што и огнот којшто го прими, и тркалото, се посрамија да го допрат телото на умрениот воин.
Богородичен: Служителите на Животот, кои умираат за Господа и со него воскреснуваат, сега вечно живеат во Него и заедно ја слават Мајката на Синот, благословувајќи Го Отецот и Синот и Светиот Дух.
Друг канон. Ирмос: Христос е моја сила, Бог и Господ, богодолично пее чесната Црква, и со чисто срце Го празнува Господа.
Нечестивиоот крои лоша намера и погледнете колку е таа страшна: Лукавиот решил луѓето Христови со нечиста храна да ги оскверни.
Својата лоша намера во дело ја приведе: забрани да се јаде чиста храна, а нареди да се јаде од онаа – со крв осквернета.
Слава: За ова беззаконие им беше јавено и разгласено на сите христијани. Затоа, кога дознаа, сите се собраа во светиот храм на Господа.
Богородичен: Тебе, која Го роди вечно Родениот од Оца, ние верните за молитвеница те предлагаме. Услиши ги, Христе, нејзините молитви и биди милостив кон Твоите слуги.
Катавасија: Оној што седи во славата, на престолот од Божеството – најбожествениот Исус, дојде на лесен облак и со нетлената рака ги спаси тие што викаат: Слава ѝ, Христе, на силата Твоја.
Песна 5
Ирмос: Целиот свет ѝ се чудеше на твојата божествена слава, зашто ти – неискусобрачна Дево, си Го имала во утробата Оној Кој е Бог над сите и си Го родила вечниот Син, Кој им дава мир на сите оние што тебе те воспеваат.
Денес се отвораат преддверијата на благодатта, и упокојувањето сега го предобразува самото воскресение, и на овој начин ѝ оддаваме почит на Светлата Владичица и на славниот маченик.
Бог им го дарува Теодора, како што вели и самото негово име (Божидар), на оние што ја сакаат појавата на Оној што стана предмет на љубов, Творец на преславни дела и Создател на силите божествени.
Ништо не можат да му сторат на маченикот лакот и стрелите твои, непријателу на човековото спасение, бидејќи тој и по смртта живее и бдее, и им се противи на твоите злодела, за да го спаси секого што православно верува.
Богородичен: Необично беше отпрвин чудото на Богородица, но сведоштвото на мачениците не дозволува повеќе во тоа да се сомневаме. Она што е постојано предмет на вера останува чудо и достојно верно да му се поклонуваме.
Друг канон. Ирмос: Со Твојата божествена светлина, Благи, душите на оние што порануваат кон Тебе со љубов, се молам, озари ги, за да Те познаат Тебе, Слово Божјо, вистинскиот Бог, Кој од мракот гревовен нè повикува.
Тогашниот архиереј беше сиот згрозен, кога дозна за намерата на нечестивиот. Со песни сеноќни Бога Го молеше да не го презре докрај народот што му беше доверен.
Но Оној што е навистина брз помошник на оние што вистински и топло Го призиваат, не ги презре нивните молитви, туку набргу ги ослободи од сплетките одвратни.
Слава: Од висините, на земјата е испратен брз помошник, страдалникот Теодор, кој му се јави на пастироначалникот, како да го разреши планот на непријателот.
Богородичен: Никој од оние што го бараат твоето топло застапништво, Владичице, никогаш нема да се посрами: штом ќе побара милост, набргу добива награда за полезното барање.
Катавасија: Целиот свет ѝ се чудеше на твојата божествена слава, зашто ти – неискусобрачна Дево, си Го имала во утробата Оној Кој е Бог над сите и си Го родила вечниот Син, Кој им дава мир на сите оние што тебе те воспеваат.
Песна 6
Ирмос: Славејќи го овој божествен и сечесен празник на Божјата Мајка, дојдете, богомудри, со рацете да заплескаме и родениот од неа Бог да Го славиме.
Не можат да постат, Спасителу, пријателите и синовите на Твојата свадбена палата, бидејќи тие Те примаат и Ти служат како на Младоженец, во присуство на Твојата Мајка и на Твојот пријател.
Проколнатиот отстапи од Бога Кој спасува, отстапи и од разумот, поради горделивоста се крена и против верата, но на Негово место го најде маченикот со големо име.
Тој мудро им се спротивстави на страстите и се покажа доблесен и полн со ревност; во борбата против мачителот, ни во смртта не ја загуби храброста.
Богородичен: Од смртната опасност денес избавени, со чудото на Твојот свет маченик, според твојата божествена промисла, Владичице, и на обајцата благодарност ви оддаваме.
Друг канон. Ирмос: Гледајќи го морето на животот, бранувано од бурата на искушенијата, кон Твоето тивко пристаниште трчам и Ти викам: изведи го од гибел мојот живот, Многумилостиве.
Вчудовиден од необичното видение, архиерејот праша: Кој си ти, Господи, што ми зборуваш? Вразуми ме и научи ме како д ја најдам помошта најбрза? Теодор рече: Јас сум победоносниот маченик, и слушај: Свари пченица и раздај на луѓето, и така ќе се спасат од храната осквернета на отпадникот.
Слава: Колку е големо твоето чудо, и преславно твоето застапништво, Теодоре!? Затоа сите смело и чисто кон тебе приоѓаме и се молиме: Спаси ги слугите твои!
Богородичен: Си била живеалиште на Светлината, и прибежиште чисто на Словото, со благоволението на Отецот и со посетата на Светиот Дух: затоа и мене просветли ме.
Катавасија: Славејќи го овој божествен и сечесен празник на Божјата Мајка, дојдете, богомудри, со рацете да заплескаме и родениот од неа Бог да Го славиме.Кондак, глас 8: Откако верата Христова ја прими како штит во срцето свое, си ги победил непријателските сили, многустрадалнику, и како непобедлив, со венци вечно си се овенчал, Теодоре.
Икос: Носен на престолот на светлината, благодрствено со вера те воспеваме, зашто си дарувал божествени дарови, со страдањата на храбриот Теодор, најблажениот во животот, како вистински поборник за вистината, кој со благочестиви помисли Го задоби Христа, и стана моќен победител над лукавиот, како непобедлив.


Синаксар
Стихови:
Свети Теодор го храни градот со коливо,
Правејќи ја осквернетата храна неупотреблива.
Во овој ден, првата сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна гонење на христијаните, јавно или прикриено. Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги искушува вака: Тој ги срамотеше и онеправдуваше и, за да не се множи нивниот број, мислеше како потајно да ги оскверни. Затоа, знаејќи дека нашиот народ христијански најмногу се очистува во првата седмица од Постот и се труди да Му угоди на Бога, царот Јулијан го повика управникот на градот и му заповеди да ја отстрани храната што обично се продава на пазарите, и да ја замени со храна, односно со лебови и пијалаци, осквернети со крв од идолски жртви, та оние што се очистуваат со постот, кушувајќи и јадејќи од оваа храна, да се осквернат. Управникот на градот (епархот) веднаш ја изврши наредбата и по сите пазари изнесе за продавање храна која претходно била осквернета со жртвена крв. Но, окото Божјо кое гледа сè и злонамерните ги препнува со нивното лукавство, а кое секогаш промислува за нас – неговите слуги, оваа подмолна намера на Отстапникот му ја осуети; му ја откри на великиот маченик Теодор, наречен Тирон, и го испрати при градскиот архиереј Евдоксиј кој не бил баш многу прав и православен, да го извести за намерата на царот. Свети Теодор, не на сон ами на јаве, отиде при архиерејот и му рече: „Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар“: Овој, пак, чудејќи се, го прашал: „Што ќе прават оние што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?“ Св. Теодор му рече: „Нека јадат коливо.“ Бидејќи овој не разбираше што е тоа коливо, Великиот Теодор му рече: „Тоа е варена пченица; така ние обично во Евхаит го именуваме.“ Патријархот го прашал: „А кој си ти што се грижиш за христијанскиот народ?“ Светителот му одговори: „Јас сум Теодор, Христов маченик, Кој ме испрати да ви помогнам.“ Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение и, откако постапи така, Христовото стадо го запази неоштетено од подмолната завера на Отстапникот. Кога тој виде дека неговата измама е откриена и дека со тоа ништо не направил, нареди на пазарите повторно да се изнесе вообичаената храна. А Христовиот народ, кога заврши седмицата, му оддаде благодарност на добротворот и маченикот, и со радост, поради коливото, оваа сабота ја определи да се слави во негов спомен. Оттогаш, ние верните, спомнувајќи си за чудото и за да не биде заборавено делото на маченикот, му оддаваме почит на свети Теодор со коливо.
Овој голем маченик Теодор е оној што злочестивиот Вринга го стави во затвор, за време на царот Максимилијан. Најнапред бил мачен; потоа тој го запалил храмот на нивната божица, а богатството од храмот го разделил на домородните жители. Неколкумина дошле при него за да го разубедат да се откаже од Христа, но по разговорот тој го отфрлил нивниот предлог. Потоа го подложиле на многу страдања; на крајот, откако разгореле силен оган во печка, го фриле во неа, но тоа не му наштетило. Најпосле, својот дух тој Му го предал на Бога.
По неговите молитви, Христе Боже, помилуј нè и нас и спаси нè. Амин.
Песна 7
Ирмос: Богомудрите момчиња не им послужија на тварите, наместо на Создателот, но, откако храбро ја победија огнената закана, се радуваа пеејќи: Највоспеаниот Господ и Бог на татковците, благословен си.
Владико праведен, Ти си рекол дека законот не ги обврзува Твоите праведници: затоа Твојата Мајка, и овој Твој многучуден слуга, со светлината на нивниот спомен, денес го нарушуваат законот за постот.
Колку е слатко, и големо, и радосно сегашново торжество, што со едно чудо ни го приреди еден од најхрабрите и најголеми маченици, сакајќи чистите луѓе Христови да ги заштити од нечистотија.
Оној што ѝ се спротивстави на опасната змија и го победи душеубиецот кој сакаше да ги оскверни и телата, ние ќе го овенчаме со песни победни и со венци похвални.
Богородичен: Нашиот родоначалник не се одврати од храната кога дозна дека од неа душата умира, а твојот верен народ, научен од твојот маченик, кога ја одбегна кобната храна, со него, Владичице, ти принесува жртва спасителна.
Друг канон, ирмос: За преподобните момчиња ангелот направи печката да испушта роса, но таа ги гореше Халдеите по заповед Божја, а мачителот го натера да пее: Боже на татковците наши, благословен си!
Преславен (маченику), се јави како росоносен облак и од печката на мачителот ги спаси сите верни кои пеат: Благословен си, Боже на нашите татковци.
Засрами се, цару отпадник, и нека се затворат, и нека замолкнат усните што се отвораат против нас, за да изговорат противзаконска наредба, зашто Царот над царевите, Кој е Господ на сите, твојата моќ ја разурна.
Слава: Јулијане безумен, твоето срце цело со злоба се исполни, и својот отров го истура против премудроста на нашиот Бог и лажно се излева против нас кои Му викаме: Смилувај се на нас, Господи.
Богородичен: Твоето зачнување беше неискажливо и твоето раѓање – надумно, Сенепорочна, зашто си Го родила Бога по тело, Кој ги спаси сите од распаѓање, Благословена. Затоа сега те славиме, Богородице.
Катавасија: Богомудрите момчиња не им послужија на тварите, наместо на Создателот, но, откако храбро ја победија огнената закана, се радуваа пеејќи: Највоспеаниот Господ и Бог на татковците, благословен си.
Песна 8
Ирмос: Избавителу на сите, Сесилен, кога слезе среде пламенот ги ороси набожните (момчиња) и ги научи да пеат: Сите дела, благословете Го Господа и пејте Му.
Онаа што со раѓањето ги исполни со радост небесата и земјата, за привремената негова тага, на овенчаниот му дава благодат благовремена, својот празник славејќи го со празникот на маченикот.
Да ја празнуваме, луѓе, оваа сабота, одморајќи се од вчерашните работи, во чест на Оној што го благослови денешниов ден со Својот почин, и сега со празникот на маченикот.
Навистина е оваа првата сабота, и би можело да се нарече сабота над саботите, исполнета со маченичка благодат и со сила божествена, сеќавање на големото спасение.
Со чистата храна на Царот Божествен, чистиот ја победи нечистотијата на царството беззаконско и, со едно преславно чудо, ја освети светата седмица.
Богородичен: Доброволната смрт на мачениците ја утврдува, Богородице, твојата тајна, зашто тие веруваа во Бога што Го роди Ти, и покрај страдањето што доброволно го претрпе, самите себе храбро се жртвуваа.
Друг канон. Ирмос: На преподобните, од пламенот роса си им пуштил, и жртвата на праведниот со вода си ја запалил; бидејќи Ти, Христе, сè правиш како што сакаш, ние Те славиме во сите векови.
Како што од пламенот си се избавил со божествената сила, мачениче Теодоре, така сега и нас си нè спасил со твоето божествено застапништво, од злобното лукавство на отпадникот.
Вечерта се всели плач кај твоите слуги, од лукавата замка на нашиот непријател, но утрото радост засветли, бестрашен маченику, со топлата помош твоја
Слава: Откако те најдовме како избавител од неволјите во кои паднавме, и избавител од замките непријателски, маченику Христов, страдалецу Теодоре, те прославуваме во сите векови.
Богородичен: Умот човечки не може да ја разбере, ниту да ја изрази тајната на твоето раѓање, Пречиста, и затоа со вера, благочестиво, како Богородица те почитуваме и те прославуваме во сите векови.
Катавасија: Избавителу на сите, Сесилен, кога слезе среде пламенот ги ороси набожните (момчиња) и ги научи да пеат: Сите дела, благословете Го Господа и пејте Му.
Песна 9
Ирмос: Твоето рождество се покажа нетлено: Бог помина низ твојата утроба, како носител на тело се јави на земјата и со луѓето поживеа. Затоа, Богородице, сите ние те величаме.
Од сите страни мноштво се собира, кон шаторот (скинијата) на сведоштвото, и живата благодат на оној што засветли во славата на сите маченици, со Владетелката на сите, ја величаме.
Биди храбра, Цркво Христова, и владеј со сите што попусто се борат, зашто пријателите Христови, присутни и отсутни, се грижат за тебе како доблесни, Кому ти Му принесуваш благодарствени молитви.
Оние што некогаш се мислеше дека се умрени, всушност се покажува дека живеат и по смртта, и пак ревносно се застапуваат за верата, со која богатејќи се, добротворот го величаме.
Богородичен: Како печат божествен, те славам на крајот од секоја песна, Дево, тебе – запечатената Книга од Бога, и ги собирам своите похвали кон тебе, славејќи го на тој начин твојот маченик.
Друг канон. Ирмос: За луѓето не е можно да Го видат Бога, Кого не смеат ни ангелските чинови да Го погледнат: но, преку тебе Сечиста, на луѓето им се јави Словото воплотено, Кого величајќи Го, со небеските војски и тебе те прославуваме.
Преславен (маченику), ти се покажа како добар поборник и моќен заштитник на нас, кои сега го почитуваме твојот чесен и вечен спомен, и твоите стрдалнички подвизи, кои ни го приредија твоето божествено застапништво.
Твоето совршено чудо што го направи ти, себлжен Теодоре, кога падна дожд од небото, целиот свет го слави. Затоа, секоја година собирајќи се, слава Му оддаваме на Христа, Кој те прослави.
Слава: Гледајќи ја љубовта на оние што те слават, мачениче Христов, дарувај им поголема благодат; и ти, преславен, кој знаеш колкава е нашата вера, не престанувај да ни се јавуваш, најтопли маченику, и пред нашиот Бог – посреднику.
Богородичен: Не престануваме да те воспеваме тебе – Дево, помошничке, покрове, брза застапнице, и непрестајно спасувајќи ги од секава злоба, и од секаква замка на лукавиот ослободувајќи ги.
Катавасија: Твоето рождество се покажа нетлено: Бог помина низ твојата утроба, како носител на тело се јави на земјата и со луѓето поживеа. Затоа, Богородице, сите ние те величаме.
Егзапостилар.
Ноителу на свет венец, кој со ангелите сега стоиш пред Христовиот престол и оттаму се исполнуваш со светлина, страстоносецу, кој непрестајно посредуваш за мир во светот и за спасение на нас, кои благочестиво го славиме твојот светлоносен спомен, Теодоре себогати, преукрасен маченику.
Богородичен: Во твојата утроба, Богородице, се всели Господ, Кој посака да го повика од распаѓање светот што гинеше, како што знаеше. А сите ние кои спасението го најдовме, како ангелот викаме: Радувај се, највоспеана, меѓу сите жени благословена, зашто си ја родила Радоста на сета вселена.
Хвалитни стихири 4, глас 1.
Верни, еднодушно собрани, со песни таинствени да го восфалиме одличниот херој на војските небески, како трпелив бранител на верата наша, велејќи: Мачениче Исусов, достоен за чудење, за оние што те почитуваат, моли се.
Со името твое што со право го носиш, вистински дару Божји, на сите што се во невола, себе си се дарувал, Теодоре преблажени, оти секој оној што се приближува вистински кон храмот твој, примајќи ги со радост даровите на твоите чуда, Христа Го почитува.
Откако со твоите страдалнички подвизи од себе направи ризница, исполнета со богатството на верата и на светлината, сета твоја крепост како дар пријатен на Бога Му ја принесе, со ревност исполнувајќи го во подвизи твоето од Бога дарувано призвание.
Сите да се нахраниме со најсветлото торжество на божествениот маченик и верно да се развеселиме, празникољупци, почитувајќи го светлото празнување на неговиот крај, со песни воспевајќи Го Исуса, Кој неговиот спомен го прослави.
Слава: глас 6: Како дар свештен и богатство од живот божествен, си му се покажал на светот, Теодоре, зашто Христос твојот спомен мудро го прослави, а ние верните, согласно радувајќи се, подвизите на твоите маки ги воспеваме.
И сега: богродичен, глас исти: Богородице, ти си лоза вистинска, која Плодот на животот ни го израсна. Тебе ти се молиме: Моли се, Владичице, да бидат помилувани душите наши.
На стиховни, стихири на светиот, глас 4. Самогласни:
Соборите на мачениците сега радосно ликуваат во храмот твој, страдалнику Теодоре, и ангелските чинови го слават трпението на твоите подвизи. Присутен е и самиот Христос, Кој венецот ти го даде, давајќи им со Својата десница богати дарови на оние што со песни те слават; Кого, откако Го пожела, Го побара и, откако Го најде, со Него беседеше. Него моли Го, да ги спаси и просветли душите наши.
Стих: Праведникот како феникс ќе процвета:
Чистиот и непорочен пост кој сега ни дојде, совршенството на чудесата маченички ни го доведе. Затоа со пост душевните скверни да ги очистиме, и со маченички знаци и со страдања, доблесно за страдања да се охрабриме. Оттука и со свештеното воздржување, со благодат просветлувајќи се, и со чудата на Теодора маченикот, во Христа со вера се утврдуваме, молејќи Го да им подари спасение на душите наши.
Стих: Насадени во домот Господов, во дворовите на Бога нашиот:
Со смелоста на твоето сведочење пред Бога, Теодоре, ти ја осуети замката на отпадникот против верата Христова, и стана бранител на луѓето благочестиви и ги заштити од нечистата храна на жртвите идолски. Затоа, како истребител на идолите, и како спасител и чувар на стадото Христово, и наш добар застапник, оддавајќи ти почит со песни, те молиме: Да ни се дарува преку тебе очистување и просветлување на душите наши.
Слава: глас 8: Вооружен благочестиво со храброст маченичка, страдалнику Христов, со Неговата сила ти ја зашити духовната служба и покажа дека е немоќно идолското нечестие и заканата на мачителите, презирајќи ги маките и привремениот оган. Но, о Теодоре, дару Божји по име и дело, со твојата молитва спасувај ги оние што го слават твојот спомен.
И сега: богородичен: Владичице, прими ги молитвите на рабите твои и избави нè од секаква опасност и тага.

Извор: ПОСЕН ТРИОД

Подготви: Т.С.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6411
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5606
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная