логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

 Водата како принцип на животот, како символ на судот и смртта, како средство за очистување – сите овие три основни димензии на водата како религиозен символ се поврзани со три основни акценти на христијанската вера: создавањето, гревопадот, искупувањето. Целиот свет, водата како дел од него, човекот како негова „круна“, се создадени од Бога првобитно добри во својата суштина. Истата оваа материја, „добра“ во својата основа, послужила и како средство на човековиот пад, што го привело него во ропство и смрт. Но во Христа – Воплотениот Бог – и преку Неговата сила, материјата може да стане символ на Божјото присуство и Неговата слава, да стане материја на таинство, која го соединува човекот со Бога.

3.angeli.so.truba

Секој пат, кога се извршува Крштение, се случува т.н. големо осветување на вода. Тоа се извршува и воочи, како и на самиот празник на Крштението Господово – Богојавление. Чинот на осветување вода на празникот Богојавление се базира токму на водоосветувањето за Крштение, коешто претставува древно усно предание на Црквата. Молитвите што се читаат за време на тој чин претставуваат торжествени пофалби и благодаренија, обратени кон Бога од лицето на целиот свет. Би било премногу плитко да се гледа на осветувањето на водата како на „сакрализација“ на некоја количина материја. Од молитвите може да се види, дека замислата на авторот што ги напишал овие редови, уште пред многу векови, е во тоа повторно да се направи водата способна да стане јавување и присуство на силата и љубовта Божја во овој паднат, но искупен свет.

Благодарствените зборови од молитвата на големото осветување нас нè прават сведоци на создавањето, нè враќаат нас при самите почетоци на животот. Способен да благодари, човекот станува слободен како по однос на Бога, така и по однос на светот.

3.angeli.so.truba

„Покажи ја оваа вода – вода на обновување, вода на осветување, на очистување на телото и духот, за ослободување, за прошка на прегрешенијата, за просветување на душите, бања на вечен живот, обновување на духот, дар на восиновување, облека на нетление, извор на живот…“ – се моли свештеникот. Секое осветување, што Црквата го твори, никогаш не е видливо, „физичко“ чудо, своевидно претворање (transubstantio) што може да се „истражи“ и докаже. Дали е можно да се извршат некакви лабораториски анализи или истражувања што ќе „докажат“ некакви промени на материјата, или, пак, не – не треба да биде грижа за верните. Дури би можело да се каже, дека очекувањето или потрагата на вакви „промени“, честопати од Црквата се сметале за богохулство и грев. Зашто Христос не дојде за „природната материја“ да ја замени со некаква „натприродна“ или „осветена“. Синот Божји се воплоти за да ни го покаже патот до соединувањето со Бога. И Он на материјата ѝ го возвраќа нејзиното првично својство – да служи како средство на такво соединување. На тој начин, богојавленската вода – водата од големото осветување – е света, т.е. станува место на присуството на Христа и Светиот Дух.

Осветувањето на водата, како и секое друго свештенодејствие воопшто, не е нешто затворено во себе, т.е. цел по самото себе. Така, на Литургијата се осветуваат лебот и виното за тие да станат средство за вистинско соединување со Бога. И водата се осветува, не за тоа со години да се чува во шишенца (иако и при повеќегодишно чување таа, по правило, не се расипува), туку за да се употребува, та да може да го јавува простувањето на гревовите, избавувањето, спасението, осветувањето на душите и телата, за да „биде она за што била предназначена целата материја: пат кон конечната цел – обожувањето на човекот, познанието на Бога и соединувањето со Него“.


theophany_by_apostolos_t-d4mzx9n

За употребата на светата вода

Осветената вода е образ на Божјата благодат: таа ги очистува луѓето од духовните нечистотии, ги осветува и укрепува во подвигот на спасението во Бога. До неа првично се докоснуваме во Светото Крштение, кога при извршувањето на таинството, трипати биваме потопувани во купелот, наполнет со света вода.

За Богојавление, секој православен христијанин носи дома сад со света вода, ја чува грижливо како голема светиња, причестувајќи се со неа, особено во време на болести и при секоја немоќ.

Богојавленската вода, како и Светата Причест, верните ја пијат/употребуваат на гладно. „Осветената вода – како што пишувал светителот Димитриј Херсонски – има сила за осветување на душите и телата на сите што се ползуваат со неа“. Таа, примана со вера и молитва, ги лекува нашите телесни болести.

Светата вода го гаси пламенот на страстите, ги изгонува злите духови – еве зошто со света вода се попрскува секое живеалиште и секој предмет што се осветува.

Препоодобниот Серафим, после исповедта секогаш на поклониците им давал да пијат света богојавленска вода.

Преподобниот Амвросиј на еден смртно болен човек му испратил шише со света вода – и неизлечивата болест, за чудење на лекарите, ја снемало.

Старецот еросхимонах Серафим Вирицки секогаш советувал да се попрскуваат производите и самата храна со Јорданската (богојавленската) вода која, според неговите зборови, „самата осветува сè“. Кога некој тешко боледувал, старецот Серафим благословувал да се зема по една лажица осветена вода на секој час. Старецот говорел дека нема посилни лекарства од светата вода и осветеното масло.

Свети Јован Шангајски советувал: „Секој треба да има дома богојавленска вода доволна за целата година и да се ползува со неа во секоја потреба: во случај на болест, тргнување на пат, кога некој е вознемирен, учениците пред испити итн. Луѓето што пијат по малку света вода секој ден, пред јадење, прават добро. Таа ги укрепува силите на нашата душа – ако тоа се прави со молитва и набожност, без да се очекуваат механички резултати од тоа“.

18-ти јануари, лето Господово 2016

Извор: МИСТАГОГИЈА

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1372
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1660
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1502
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…