Бескрајна е радоста во срцето на верникот кога во животот ќе му биде понудена можноста да дарува за изградбата или за фрескописот на нова црква. Таа радост ја расплатува во неговото срце благодатта на Светиот Дух, без која никој нема да почувствува силна желба да дарува за црквата. Нему му станува јасно дека кога дарува во слава на Бога и од љубов и благодарност кон Светителите, всушност, тој е оној што е бескрајно даруван. | |||
|
|||
|
|
||
Бескрајна е радоста во срцето на верникот кога во животот ќе му биде понудена можноста да дарува за изградбата или за фрескописот на нова црква. Таа радост ја распламтува во неговото срце благодатта на Светиот Дух, без која никој нема да почувствува силна желба да дарува за црквата.
Нему му станува јасно дека кога дарува во слава на Бога и од љубов и благодарност кон Светителите, всушност, тој е оној што е бескрајно даруван.
Даровите се знаци на нашата љубов за Бога и за Светителите. Во тој миг, кога ќе се отвори нашето срце и ние ќе посакаме да даруваме за фрескописот во црквите, небото се приближува до нас. Кога срцето ни се отвора со желбата да даруваме, небото се вселува во него и ние со зачудувачка радост се прашуваме, нема ли да ни се распукне срцето од таа небеска радост. Со векови нашиот народ дарувал за изградбата и живописувањето на православните храмови. За тоа сведочат чудесните цркви во Македонија. Да му благодариме на Бога што Тој и нам денес ни дава можност да учествуваме во таа радост на дарителите на Црквата.
Денес не повикува да даруваме за довршувањето на фрескописот на црквата Св. Никола во Љубанци. Оти не сме ние оние што даруваме. Што е наше, што е од нас, а да не е од Него, за да можеме да речеме дека даруваме од Своето?
Од Божјиот непрекинат милостив Дар за нас даруваме. Оти секој ден, секој час, секое успешно дело на рацете наши е дар од Него. Во Слава на Бога и од љубов кон Светителите, кои не прекинуваат да се молат за нас, да бидеме широкогради во дарувањето на црквите, знаејќи дека и најголемиот дар е само капка со која се благодариме на Бога за она море од Љубов, со кое Тој не преплавува во секој миг од нашиот живот. |
|||
Кица. Б. Колбе
|
|||
|
|||
Св. Антониј Велики |
|
||
|
Св. Серафим Саровски |
||
Св. Силуан Атонски |
Св.Јоаникиј Ракотински |
||
Св. Зосим |
Св. Марија Египетска |
||
Св. Анастасија Римјанка |
Св. Екатерина |
||
|
Св. Геновева |
||
Св. Алексиј човек Божји |
Св. Јован Лествичник |
||
Св. Харалампие |
Св. Спиридон |
||
Св. Фануриј |
Св.Ефтимиј |
||
Св. Сисоје |
Св. Мојсеј Мурин |
||
Св. Злата Мегленска |
Св. Перпетуа |
||
Св. Синклитикија |
Св. Сара |
||
Св. Макрина
Премин Портал