логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Отворен Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први”


На отворањето, присутните ги поздрави и министерката за култура Ирена Стефоска, која истакна дека овој форум има бесценета задача – преку размена на академски аргументи да го покаже најдоброто од минатото и како поглед да ѝ го пренесе на иднината.


Во Музејот на македонската борба денеска беше отворен Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први”, кој се одржува веќе осма година, во организација на Институтот за национална историја, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.

На отворањето, присутните ги поздрави и министерката за култура Ирена Стефоска, која истакна дека овој форум има бесценета задача – преку размена на академски аргументи да го покаже најдоброто од минатото и како поглед да ѝ го пренесе на иднината.
Можеби ќе ве интересира



– Потврда за ова е фактот што годинава со свои реферати ќе настапат педесетина еминентни професори и научници од 17 земји. „Денови на Јустинијан Први” е и културен мост меѓу Северна Македонија и Италија, како и кон други земји од регионот и од Европа кои го споделуваат римското/византиското културно-историско наследство како заедничка европска придобивка. Во оние времиња, Јустинијан Први верувал дека е неопходно да се обединат силата на државата и духовната сила на Црквата. Ова го спомнувам зашто токму религијата е специјалната тема на годинешниот собир и морам дa додадам дека однапред се радувам на секоја ваша новосподелена научна мисла – рече министерката за култура Стефоска.

На Симпозиумот свое пленарно предавање одржа проф. Антонио Риго од Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција, кој истовремено е претседател на Италијанскиот византолошки комитет, кој ќе биде домаќин на Светскиот византолошки конгрес во 2022 година, во Венеција и во Падова. На Симпозиумот, со свои реферати (меѓу кои и некои онлајн) настапија педесетина еминентни професори и научници од: САД, Велика Британија, Австралија, Италија, Русија, Полска, Чешка, Финска, Романија, Холандија, Австрија, Унгарија, Србија, Хрватска, Албанија и Грција.

Манифестацијата „Денови на Јустинијан Први” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што ги вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан Први и има цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

 

https://plusinfo.mk/otvoren-me-unarodniot-nauchen-simpozium-denovi-na-ustini-an-prvi/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 06, 2021
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од нив допринесоа за поголеми промени, и сопствени и друштвени. „Демонот од Дебар Маало” во режија на Слободан Унковски ми ја започна кариерата. Со претставите на Нела…
Јануари 05, 2021
3.angeli.so.truba

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека осветата не спаѓа во подобри избори во вашиот живот. Не сметајте дека ако враќате со иста мера е единствено решение, кога сте донесени до работ на провалијата? Знаете ли какви…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 119
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз

Дек 10, 2020 Филм, Театар 366
Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои…

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

Окт 23, 2020 Литература 463
3.angeli.so.truba
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »