логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Преосвештен Константин (Горјанов)
епископ Тихвински,

викар на Санктпетербуршката епархија,
ректор на Санктпетербуршката Духовна академија и Семинарија,
магистер по медицински науки

                     
crkvata.medicinata.jpgМЕДИЦИНАТА ВО БИБЛИЈАТА


1. Вовед: религиозното значење на болеста
               
             
Мошне е сложено да се сопоставуваат медицината на нашево време и современата меѓународна класификација на болестите со библиските времиња. Во Библијата отсуствува класификација на внатрешните болести, а медицинските набљудувања се мошне сумарни; тие се сведуваат на она што е видливо: кожните болести, раните, преломите и треската што ги придружува инфективните заболувања. Постојат исто така општи поими за слабост и немоќ, возбуда и несвест. Но, без оглед на ова, погледот на Библијата врз медицината е мошне важен за нас, зашто претставува ориентир за верникот.


Во библиските времиња природните причини за болеста дури и не се бараат освен оние што се очигледни: рани, паѓања, изнемоштеност и старско слепило, како, на пример, во Книга Битие: “Кога Исак остаре и му ослабе видот на очите, та не гледаше, го повика постариот син свој Исава” (1.Мој. 27:1). Главната причина за ваквиот приод се состои во тоа што болеста обично се сметала за казна поради гревовите. Така, кога виделе некој слеп од раѓање, учениците го прашале Христос: “Рави, кој згрешил? - тој или родителите негови, та се родил слеп?” (Јован 9:2). Болеста можел да ја прати Бог непосредно, како на пример пред маките египетски: “Господ му рече на Мојсеја: “Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не Јас ли, Господ Бог?” (2 Мој. 4:11).


Болеста можела да се јави кај човекот со Божја дозвола преку посредство на нечиста сила, како кај Јов, кога “си отиде сатаната од лицето Господово и го порази Јова со лута рана - од стапалките на нозете негови до самото теме негово” (Јов 2:7). Причина за болест исто така можела да биде и човечката завист. Така, кај истиот Јов ќе сретнеме: “Гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот” (Јов 5:2); а од друга страна “кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските” (Изрек. 14:30).


Стариот Завет укажува и на прејадувањето како причина за болест. Така, Книгата Мудрост Сирахова нî повикува од длабочината на вековите: “Синко, во животот твој испитувај ја и набљудувај ја твојата душа; види што е за неа штетно, и не давај í го... Не прејадувај се со секакви сладости и не лакоми на јадења. Од многу јадења доаѓа болест; прејадувањето го расипува стомакот; од прејадување многумина умреле; кој се воздржува - животот свој го продолжува” (Мудр.Сир. 37:30-34). Меѓутоа, во секој случај се смета дека во крајна линија болеста ја праќа Бог поради гревовите.
За религиозната свест најважното се состои во религиозната етика: што значи болеста за оној што е болен? Зашто болеста, погодувајќи го телото, на еден или на друг начин ја засегнува и душата на човекот, во која треба да се види и ликот Божји. И денес, иако многу болести се исчезнати, се појавија други. Затоа и покрај сите колосални постигнувања на медицината, зборовите на псалмопевецот и пророкот Давид се точни до денес: “Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеќе време од нив се во труд и болести, бидејќи брзо минуваат и ние летаме со нив” (Псалм. 89:10). А ова е веќе религија.


За правилно да се разбере овој проблем, т.е. заемниот однос меѓу религијата и медицината, невозможно е да се заобиколи самата основа, а тоа е токму библиската антропологија.

        2. Библиската антропологија: тело, душа, дух

Библијата не се занимава со анатомија и физиологија, туку непосредно и точно укажува на земното (во тесната, а и во планетарната смисла на овој збор) потекло на човекот: “А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа” (1.Мој. 2:7).
Познато е дека пропорцијата на хемиските елементи на човечкото тело и на земјата е приближно една и иста. Човекот не е инопланетарец, не е дојденец од другите светови: тој е земја и во земјата си оди. Затоа Еклизијаст и си рекол “во срцето свое и за синовите човечки - дека Бог ќе ги испита, и ќе им покаже оти тие сами по себе се животни, зашто сî што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто - сî е суета! Сî оди на едно место: сî произлегува од земја, и сî ќе се врати во земјата” (Проп. 3:18-20).


Меѓутоа, иако го дише истиот воздух како и свињата и песот скитник презрени во Библијата, и повеќе од пет минути не може да преживее без овој воздух, зашто “едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот”, тој бил поставен над светот. Создавајќи ја човечката природа, Бог дејствува на особен начин; она што во богословијата се нарекува предвечен Совет на Троица како да се сосредоточува пред да ја создаде човечката природа: “Потоа рече Бог: “Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме ние... И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог, и им рече: “Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата” (1.Мој. 1:26-28).


Затоа човекот е способен и повикан да биде не само во светот, туку и над светот, зашто самиот Бог “му дувна во лицето дух животен”. И така ова живо суштество, надарено со образот Божји, почнало да се нарекува човек.


Според тоа, човекот го сочинуваат два основни елемента: материјално тело и духовна бесмртна душа.
Во Стариот Завет телото и плотта се означени со еден збор - “басар”, а во грчкиот текст на Новиот Завет, пак,  за овие поими има два збора: тело - σμα (лат. цорпус) и плот - σάρξ, т.е. приближно она што денес во хистологијата се нарекува “ткиво” и претставува подреден поим - структурна организација на телото. Телото е севкупност од органи што дејствуваат усогласено и се состојат од σάρξ - ткиво.


Во Библијата плотта никогаш не се разгледува како нешто лошо по својата суштина (за “плотскиот човек” на апостол Павле ќе кажеме подолу). Јов Многустрадалниот кукајќи, го потсетува Бога: “Сети се дека како глина си ме замешал, та пак ли во прав ќе ме претвориш?.. Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна” (Јов 10:9,11). Плотта настанала од рацете Божји како од раце на ткајач, и Псалмопевецот го слави Бога: “Ти си ја создал мојата внатрешност и ме прифати од мајчината ми утроба. Те прославувам затоа што сум чудесно создаден” (Псал. 138:13-14). Со самото тоа плотта е достојна и за нашиот восхит зашто била примена од Синот Божји: “И Словото стана плот” (Јован 1:14). Плотта е способна да се преобразува со Духот Божји. Дури и апостол Павле, кој во терминот “плот” внесува некаква семантичка двојственост, вели: “Никој никогаш не ја намразил плотта своја, туку ја храни и ја стоплува, како и Господ црквата, бидејќи ние сме членови на Неговото тело - од Неговата плот и коските Негови” (Ефес. 5:29-30).


Во Посланието до Евреите (2:14) апостол Павле уште повеќе го потврдува достоинството на плотта: “А бидејќи децата се учесници во плотта и крвта, тоа и Он (Исус - еп. К) зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот”. Затоа и во молитвите поврзани со Причестувањето (пред и по него) не се среќава само изразот “тело Христово”, туку и”плот”. На пример, во молитвата пред Светото Причестување светителот Василиј Велики му се обраќа на Исус Христос: “На беспочетниот Отец соприсушниот Син и собеспочетен, заради преголемата своја милост во последните денови се облече во плот...” Или, пак, во благодарствената молитва на Свети Симеон Метафраст се вели: “Кој ми дава храна за плотта по Твојата волја... та да влезе во моите членови, во сиот мој состав, во утробата, во срцето... утврди ја содржината во коските мои. Просвети ги чувствата со простотата на палката.”


Плотта претставува составен дел од телесното суштество кога е човек здрав. За ова се говори во контекстот на библиските изрази како “плот и крв”, “коски и плот”, “срце и плот”. А кога станува збор за болен човек, зборот “плот” може да се однесува на целото тело, како на пример кај цар Давид: “Бедрата ми се само гнојни рани и нема здраво место во плотта моја” (Пс. 37:8), или кај апостол Павле, кога жалејќи се поради “пакосникот на плотта”, им пишува на Галатјаните: “Кога ви проповедав, за првпат бев плотно немоќен, и при сето тоа, вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се погнусивте од него, туку ме примивте...” (Гал. 4:14). А кога во Посланието до Коринтјаните на духовниот човек му го противставува човекот плотски, овде дуализмот не е антрополошки, туку морален. Да се каже дека човекот е плотски значи да се окарактеризира од онаа страна на неговиот земски, телесен, надворешен аспект која му дава можност да се изрази само (или претежно) со посредство на плотта.


Нашето тело, според Библијата, не е проста севкупност од плот и коски, плот и крв, која човекот ја поседува за време на своето земско суштествување. Телото не само што ги обединува сите членови што го сочинуваат, туку ја изразува личноста во нејзините главни состојби. Суштествувањето на душата по смртта дури и во Царството Божје не е полновредна состојба на личноста. Затоа телото треба да воскресне, како Самиот Господ, бидејќи, според зборовите на Апостолот, “телата ваши се членови Христови” и “храм на Светиот Дух, Кој живее во вас” (1.Кор. 6:15,19).


Во старозаветното поимање телото е достојно за истото почитување како и плотта, затоа што и едното и другото го изразуваат човекот во сета негова севкупност. Новиот Завет уште повеќе го потцртува достоинството на телото. Тогаш кога плотта се враќа во земјата, - телото му се посветува на Господа. Достоинството на телото не го достигнува на земјата својот највисок степен: “Исус Христос ќе го преобрази нашето понизено тело така, што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело” (Филип. 3:21), ќе стане “тело духовно” според ликот на небесниот Адам (1.Кор. 15:44,49).


Поимот “душа” во библиската смисла на овој збор се разликува од нашето вообичаено поимање. Нашата свест најчесто го претставува човекот како составен од тело и душа, како сад со несмешливи течности (да речеме, со вода и масло). Во Библијата душата има многу повеќе значења и сî зависи од контекстот.


И воопшто, душата го означува целиот човек доколку е оживеан со духот животен, но душата не е “делот” кој во обединетост со телото го образува човечкото суштество. Поточно, душата не обитава во телото, ами се изразува со телото, кое, од своја страна, како и плотта, го означува целиот жив човек. Затоа поимите “живот” и “душа” често се еднозначни. Душата како субјект се совпаѓа со нашето “јас” исто како и библиските “срце” или “плот”, но со поголема нијанса на внатрешна задлабоченост и на животна сила. Ова “јас” се изразува во различни видови дејности, кои дури и не се секогаш духовни.


Така, на пример, во една од евангелските приказни, богаташот вели: “И ќе í речам на душата своја: 'душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!' Но Бог му рече: 'Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја” (Лука 12:19-20).


Душата е симбол на животот, но не е нејзиниот извор. Изворот на животот е Бог, кој дејствува преку својот Дух. “И му дувна (Бог - еп.К.) во лицето дух животен; и човекот стана жива душа” (1.Мој. 2:7).


Човекот се разликува од другите твари по тоа што тој органски соединува во себе два света - материјалниот и духовниот. Затоа процесот на нивното разделување или смртта е толку страшен и мачен за човекот, зашто тој престанува да биде човек. Несомнено е дека на душата ñ е нужно телото, а на телото - душата. Душата не е совршена без телото, а телото не е совршено без душата.


Исто така, суштествува тесна врска меѓу духот и мозочната активност. Секоја духовна активност е поврзана со мозочната, а секоја мозочна активност има духовен аспект. Ако е мозокот зафатен од болест или е во алкохолизирана состојба, човечката душа нема да може да расудува здраво. Исто како што ни најголемиот музичар не би можел да изведе ремек-дело на скршено пијано. Душата нема да биде слободна во својот избор ако ја парализира лоша работа на организмот.


Органската врска меѓу душата и телото се кине само со смртта. Преку болеста веќе почнува да се пројавува власта на смртта над човекот и затоа Библијата го засегнува, главно, религиозното значење на болеста.
                                         
3. Болеста и гревот
           
crkvata.medicinata2.jpgИспитот на болеста треба да ја разбуди кај човекот свеста за гревот. Во молбените псалми ова и се одбележува: молбата за исцелување секогаш е придружена со признавање на гревовите: “За телото мое нема лек од Твојот гнев; во коските мои нема мир од гревовите мои; зашто беззаконијата мои ја надвишија главата моја... Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое” (Псал. 37:3-5). Меѓутоа, се поставува прашањето: дали е секоја болест последица на личните гревови на болниот? Одговорот на ова прашање не е секогаш јасен.


Медицината кај библиските народи била во надлежност на жреците и во извесна мера таа ја чувала врската со магијата. Библијата на својот народ му забранува применување магија која е поврзана со идолопоклонството. Но во Стариот Завет врската на свештеникот со исцелителот била мошне тесна. При религиозниот поглед на болеста исцелението се разбирало како знак за тоа дека човекот е простен од Бога, “Зашто Јас сум Господ, Бог твој целител” (2.Мој. 15:26). Во целост, медицинските знаења биле крајно површни: не се најдени никакви траги на суштествување медицинско образование во библиска Палестина. Во Библијата пред епохата на Царствата нема никаков спомен за лекари. Како и во древен Египет, од каде што излегле Евреите, лекарските обврски во годините на исходот често ги извршувале свештениците. Тие го прегледувале болниот во случај на лепра, го одвојувале во карантин, внимавале на санитарната состојба во населбата и на одржувањето лична хигиена. Сета 13-та глава од Книгата Левит ñ е посветена на диференцијалната дијагностика на кожните заболувања, 14-тата глава - на дијагнозата и лекувањето на лепрата, а 15-тата содржи препораки за чистотата на телото на мажот и жената.


Од Втората Книга Паралипоменон (16:12) е познато дека Аса, царот јудејски, “во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари”. Летописецот го прекорува Аса затоа што не му се обратил на Господа, туку само на лекарите за да се исцели од болеста која била казна Божја.


38-та глава од Книгата Мудрост Сирахова од своја страна содржи вистинска химна на медицината: “Почитувај лекар со чест поради неговата служба, зашто Господ го создал. Лекувањето од Севишниот доаѓа, како дар што се добива од цар. Знаењето лекарот го прославува; и меѓу големци ќе биде на чест. Господ од земјата создал лекарства; човек разумен не ги отфрла...  Затоа Он (Бог - еп. К.) на луѓето им дал знаење, за да го прослават во Неговите чудесни дела; со нив Он човекот го лекува и болестите негови ги отклонува; оној што готви лекови, од нив прави смеса; на делата негови нема крај, а преку нив добро станува по лицето на целата земја. Синко, во болеста твоја не биди немарен; моли Му се на Господа, Он ќе те излекува. Остави го грешниот живот, крени ги рацете и очисти го срцето од секаков грев. Принеси жртва добро мирисна и спомен - жртва, принеси и принос мрсен, како да си веќе на умирање. А и на лекарот дај му место. И него Господ го создал; од тебе не оддалечувај го, зашто и тој ти е потребен. Понекогаш и во рацете на лекарите има спас; и тие на Бога Му се молат, за да им помогне на болниот олеснување да му дадат и исцеление за продолжување на животот” (Мудр.Сир. 38:1-14). А веќе следниот 15. стих гласи: “Оној, кој греши пред Господа, нека падне во рацете на лекарот!” - што значи, просто, да се разболи. Во секој случај, во еврејскиот текст може да се прочита: “Кој греши против Создателот свој, ќе биде надмен и кон лекарот.”
Во Новиот Завет апостол Павле го нарекува Лука “возљубениот лекар” (Кол. 4:14).

4. Видови болести и лекарства

Медицинските знаења на свештениците, во чии раце долго време се наоѓала лекарската работа, биле традиционални и емпириски. Обредот на жртвопринесувањето им давал некакви претстави за анатомијата на животните; анатомијата, пак, на човекот одвај да постоела како наука ако ги земеме предвид старозаветните обредни забрани за доближување до мртовецот, а за обдукција не станува ни збор. Во Библијата има мошне малку повикувања на анатомските и физиолошките факти.


Специфични називи на заболувањата исто така има мошне малку. Главно, се употребуваат зборовите: болест, слабост, немоќ. Конкретно се зборува за лепра, краста, лишај и шуга. Помор, чир или чума често се споменуваат во Стариот Завет. Бубонската чума (воспалението на лимфните јазли) го покосувала населението во библиските земји.


Излачувањата или изливите од половите органи биле причина за ритуална нечистотија (3.Мој. 15:2). Некои од нив биле природни, а некои последица на гонореја, и затоа заразни. Бидејќи немало никакви начини тие да се разликуваат, најбезбедно било човек да се чува од нив. Не е познато што знаеле Евреите за венеричните заболувања.


Слепилото било широко распространето во Палестина и во соседните земји. Може да се изделат две главни болести: трахома - вирусен конјунктивит кој и до денес е причина за слепило на Блискиот и на Средниот Исток, и атрофија на видот, која се среќава кај старите лица, како, на пример, кај Исак (1.Мој. 27:1), кај свештеникот Илиј (1.Цар. 3:2) и кај други. Слепилото го лишувало човекот од правото на свештенство, но сочувството кон слепите било обврска (3.Мој. 19:14), а оној што ќе го навредел слепиот, бил проколнуван (5.Мој. 27:18). “Трнот во плотта” (2.Кор. 12:7), кој го споменува апостол Павле, се идентификува со очната болест.

5. Лекарот во Библијата

Во однос на методите на лекување, Библијата дава крајно скудни факти. Може  да прочитаме за миења, помазанија со масло, за ставање масти за смирување на раните пред да се преврзат (Иса. 1:6), за преврска од изгмечени суви смокви која се става на гноен чир (Иса. 38:21), за измивање на раните со вино и масло од страна на милосрдниот самарјанин (Лука 10:34), за стоплување на телото со друго тело, како што Ависага го топлела остарениот Давид (3.Цар.). Во Библијата се споменуваат многу малку лекарства што се примаат орално. Виното со смирна, кое му било принесено на Исус на Крстот, било предназначено за олеснување на болките. Смирната или темјанот е лесен хипнотик. Апостол Павле му советувал на Тимотеј да употребува малку вино за да си ја ублажи болката во желудникот (1.Тим. 5:23). За мандрагората се сметало дека го поттикнува зачнувањето. Повеќето средства, пак, како во еврејската така и во египетската фармакопеја биле диететски, на пример, брашно, млеко, оцет, вино, вода, бадеми, смокви, суво грозје, портокали, мед. За аптекарското искуство се зборува само во смисла на подготвување пријатни мириси.


За најважна хируршка операција треба да се смета обрезанието, кое во почетокот се вршело со кремен нож. На евнусите или кастрираните, по правило, не им било дозволено служење на Бога. Во епохата на Царствата евнусите играле значајна улога на дворот, како и воопшто на источните дворови сî до поново време. За шилото за продупчување на увото се зборува во Книга Исход (2.Мој. 21:6): “Господарот... нека го постави (робот - еп. К.) пред вратата или на прагот и таму господарот негов да му го продупчи увото со шило, та да му остане вечен роб”. Во ова се состои и сета хирургија.


Исцелителното служење на Исус Христос било прифатено од неговите апостоли во наследство заедно со Неговото учење. Исцелувањето на болните се сметало за првенствен долг кон Црквата во почетната епоха на христијанството. Како харизма апостол Павле исто така го спомнува “дарот за лекување” (1.Кор. 12:9). По примерот на апостолите, и презвитерите на Црквата им го предаваат, во име на Господа, миропомазанието со елеј на болните, “и молитвата со вера ќе го исцели болниот” (Јак. 5:15). Но овде станува збор за благодатното влијание на Таинството, а тоа не е тема на мојов труд.


Ќе кажам само уште дека од времето на Исус Христос значењето на болеста не се гледа во тоа дека таа треба да исчезне од лицето на земјата, ами во тоа дека Божествената сила, која на крајот на краиштата ќе ја победи, веќе дејствува на земјата. Зашто болеста, макар што има некаква смисла, сепак претставува зло. Во есхатолошките откровенија нема да ја има, и лисјата на дрвото на животот ќе ги исцелуваат народите (Откр. 22:2).

     
Превод од руски Ирена Кепеска

crkvata.medicinata3.jpg

Издавач:  “Рубљов” од Струга

 {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1246
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1571
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная