логоFacebookTwitterYouTubeeMail

avdeev_dmitrij_200_auto

Проблемот го анализира, во „Руската народна линија“, лекарот-психијатар, психотерапевт, медицински психолог, кандидат по медицински науки, директор на Институтот за проблемите на формирање христијански однос кон психичките заболувања, Дмитриј Авдеев. 

Секако, ја поддржувам иницијативата на главниот психијатар Минздрав Зураб Кекелидзе, да се воведе курс на лекции за онолозите. Тоа е добра работа, знаењето не штети. Но, зарем само медицински аспект има тој проблем? Тешката болест – секогаш е искушение за човекот. Тоа е, ако сакате, испит за цел живот. Се сеќавам на еден случај, кога Серафим Сарофски го утешил еден монах, кого го нападнало силно униние. „Ах, кога би знаел – рекол старецот – каква радост, каква наслада ја очекува душата на праведниот на небото, ти би одлучил во овој времен живот да поднесеш секакви маки, гонења и клевети со благодарење. Дури и ако оваа наша келија (притоа покажал на својата келија) би била полна со црви и тие црви би го јаделе нашето тело сиот наш живот, со сета желба би се согласил да го трпиш тоа, само да не се лишиш од таа небесна радост, кој Бог ја подготвил за оние што Го љубат“.

 

И тешката болест, и тагата, и загубата, на луѓето им помага да ги преживеат верата во Господа. Во Бога нема смрт. Во Бога сите се живи. Тие зборови јас му ги повторувам на секој човек на прием, кој го почувствувал „здивот“ на смртта. Зборувајќи за тешко болни луѓе, темата на смртта не може да нè одмине. Тешко болните секогаш ги ободруваат: „Сè ќе биде во ред“, „Сè ќе биде нормално“. Во таа лага, често и умира човекот. На лицето негово – има страв и збунетост, целиот се наоѓа во најголема тревога. Не наоѓам зборови да го опишам тој страв што ја смрзнува душата, во која ќе се најде. Дури и мислата за смртта кај атеистот раѓаат очај и униние. За православниот човек сеќавањето на смртниот час – е една од главните работи во животот. Од млади години христијанинот проси од Господа безболезен, мирен и непосрамен крај, и добар одговор на страшниот Суд. Кога читаш за крајот на праведниците и светителите, не со тага, а со умиление и радост се исполнува душата…

 

Во текот на три години, јас работев во рехабилитациониот оддел на кардиолошка клиника, и се занимавав со психолошка рехабилитација на болни после инфаркт. Луѓето кои доаѓаа на прием, а тоа главно беа мажи во работоспособна возраст, не можеа да си го најдат местото. Нивното расположение беше потиштено, на очите често им се појавуваа солзи. Други – не знаеја што им се случува, беа збунети и не веруваа во тоа што се случило со нив. А и како да не се, 50-55 години, многу планови, проекти. И наеднаш, тешка болест – инфаркт…

 

Податоците од истражувањето велат, дека дури и по 6-12 месеци после инфарктот, кај 90% од пациентите се појавува депресија. Причините за нејзината истрајност, како што покажаа набљудувањата, се поврзани со губењето на смислата на живот, со рушењето на надежите.

 

Од јасни причини, за духовноста, за Бога, за верата, во болниците или воопшто не зборуваат, или зборуваат површно. Ме радува тоа што сега почесто почнаа да се појавуваат во болниците болнични храмови, параклиси, молитвени соби. Некој, кога што ќе се најде на болнична постела, за првпат се замислува за својата душа, за вечноста, за покајанието. А други, напротив – полни се со униние, очај. „Зошто? За што?“ Тие мисли ги држат „за грло“ и не ѝ даваат покој на душата ни за миг. Најстрашната последица на депресијата е суицидот (самоубиството). За жал, анализите на причините на суицидалното поведение грешат со својата едностраност. Во позадина секогаш постои огромен и решавачки слој на причини, кои http://preminportal.com.mk/component/search/?searchword=%D0%94%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%20%D0%90%D0%B2%D0%B4%D0%B5%D0%B5%D0%B2&searchphrase=all&Itemid=278го водат човекот до самоубиство. Психијатријата и суицидологијата не зборуваат за гревот, за гревовните страсти, за разрушителниот бездуховен начин на живот на многу наши современици. Во што е причината на самоубиството? Познатиот професор – суицидолог А. Г. Амбрумова во своите истражувања покажала, дека суициодот може да се оценува како директна последица на психичката патологија, како и на депресивниот регистар. Според нејзината дефиниција: „суицидот е последица на социјално-психолошка дезадаптација на личноста во услови на доживуван и неразрешен микросоцијален конфликт“. Така, суицидот – е душевна криза. Тоа е духовен проблем.

 

Кај кинезите има хиероглив, кој истовремено значи и опасност, и можност. Така е и со тешката болест. И со онкологијата, конкретно. Многу мои колеги, православни лекари се убедени, дека растот на онколошките заболувања во наше време – се призив Божји кон покајание, кон изменување на својот живот. И ние сме сведоци на големо количество на факти, кога по милоста Божја, болеста отстапува. Да го помниме тоа.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

« »