логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 2 март (МИА) -  Македонскиот бас оперски пејач Александар Стефаноски е прв Македонец кој настапил на Миланската скала. Тој завчера во славниот театар ја играше улогата на Свештеникот во премиерата на операта „Од куќата на мртвите“ на чешкиот композитор  Леош Јанацек, под диригентската палка на Еса-Пека Салонен.

- Кога првпат седев како посетител, си ветив мора да бидам горе, таму е моето место. Кога првпат ја видов, си помислив какво ли е чувството да се настапи на сцената на оваа куќа. Не беше сон, беше реалност, ми се случи. Настапив на сцената на големата Миланска скала. Овде каде што пееле најголемите оперски имиња, Калас, Бастианини, Дел Монако, Корели, Тебалди, Доминго, Карерас, Павароти..., изјави Стефаноски за „Баги комуникации“.

- Возбуденост и позитивна трема имав пред самиот настап. Вонвременска енергија проструи низ моето тело. Ја почувствував магијата, совршенството, волшебноста кои ги има во себе оваа куќа. Се восхитував од почитта меѓу колегите, врвниот професионализам и фантастичната изведба на оркестарот и хорот под диригентската палка на маестро Еса Пека Салонен. Настапив на сцената на Миланска скала со врвните светски оперски имиња кои со оваа опера пред три месеци се претставија во Метрополитен опера во Њујорк. Вистината дека сум првиот Македонец што настапил на сцената на Миланската скала уште повеќе ја зголемува мојата радост и надеж дека ќе има уште вакви настапи, не само од мене, додава Стефаноски.

Операта „Од куќата на мртвите“ е во копродукција со Wiener Festwochen, Holand Festival, Festival d'Alx en Provence и Метрополитен опера.

Стефаноски првпат настапи во 2000 година во МНТ во  операта   „Дон Карлос“. Пред еден месец тој  играше во театарот Филармонико (Арена ди Верона) во претставата „Боеми“, каде што ја имаше главната басовска улога - Колин.  Неа тој ја доби како прва награда на големиот светски натпревар за млади оперски пејачи во Верона.

Миланската скала е меѓу најголемите светски театри, кој датира од 1778 и каде свои премиери имале најреномираните композитори на 19 век. хс/10:38



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »