логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Скопје, 13 јануари (МИА) - Оркестарот на театарот Бољшој од Москва во комплетен состав  на 18 мај ќе гостува во Метрополис арена во Скопје, во рамки на својата голема европска турнеја. Солист на концертот на светски познатиот ансамбл ќе биде пијанистот Симон Трпчески, соопштија на прес-конференција Министерството за култура и здружението КултурОп.

Оркестарот со околу сто члена ќе го води диригентот  Александар Ведерников, главниот уметнички директор на театарот Бољшој. Скопје ќе биде последната дестинација на турнејата, а оркестарот претходно ќе настапи и во Швајцарија, Италија и Бугарија. Се договораат и нови места за настапи, на кои реномираниот ансамбл  ќе изведува дела претежно од руски автори.

Македонскиот пијано виртуоз рече дека настанот има историско значење, зашто со многу упорност, желба и ентузијазам се остварила една идеја што на почетокот изгледала како „невозможна мисија“.

- Пред два дена бев во Москва и пред Бољшој театарот, кој го немав видено можеби 18 години. Ми изгледаше како сон да си помислам дека токму со оркестарот на тој театар ќе настапам и тоа, ни помалку ни повеќе туку во својот роден град, истакна Трпчески.

Со диригентот Ведерников тој се запознал во 2000 година на финалето на натпреварот во Лондон, а професионалната соработка ја обновиле минатата година во Џенова. Трпчески откри дека на концертот со Бољшој ќе  изведе дела од Сергеј Рахмањинов.

Оваа година тој има повеќе концерти со оркестри од Русија. На 6 јануари Трпчески настапи во Санкт Петербург со Санктпетербуршката филхармонија. Наскоро го очекува деби во Виена како солист со  Рускиот национален оркестар, со кој ќе настапи и во  Утрехт, Амстердам и Брисел.

- За мене е огромна чест зашто се знае што значи Русија како држава, култура, како традиција и историја. Одговорноста е уште поголема зашто на концертите свирам руски репертоар со руски оркестар. И самиот на одреден начин сум руска пијанистичка школа и среќен сум поради  можноста да настапувам со оркестри од земјата  од каде што се моите професори по пијано, Романови, рече Трпчески.

- Овој настан уште повеќе ќе го поткрене нивото на македонската музичка култура, со кој на светот ќе му ги покажеме цврстите корени на оваа земја и дека имаме осет за тоа како треба да се прават нештата и да ги освоиме симпатиите на поголемите од нас кои, можеби, докрај не не познаваат, додаде најпознатиот македонски пијанист, чии активности „Дејли телеграф“ ги вброи меѓу најзначајните во 2008 година.

Организатор на настапот на Трпчески со оркестарот на Бољшој во мај е здружението КултурОп. - Пред нас е голема одговорност. Очекуваме дека настанот ќе ја одбележи музичката 2009-та, истакна Тони Цифровски од КултурОп.

Концертот е поддржан од Владата и од Министерството за култура. - Сугурна сум дека настанот ќе биде уште еден триумф на музиката и уметникот кој од жолта дамка едноставно прави сонце. Нашата национална гордост, маестро Трпчески, со својот уметнички талент  е дел од Пантеонот на светската пијанистичка интерпретација, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. 

Својата богата историја театарот Бољшој ја почнал во 1776 година, етаблирајќи се во светски центар на музичката култура. Потврда за неговото културно и музичко наследство е тековната  232 сезона и илјадниците туристи што го посетуваат. хс/паг/9:27



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 122
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 121
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 138
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

« »