логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 



 26.12.2013 год.
На меѓународниот натпревар за пијано - четири раце кој се одржа неодамна во монденскиот град  Монте Карло, пијанистките Јована Трајчева и Инес Неделковска од класата на доц. Нина Костова освоија II награда. Првата награда воопшто не беше доделена, со што нашите млади пијанистки се здибија со највисоката награда и признание на натпреварот.

илустрација


Од вкупно 7 категории, тие се натпреваруваа во Супериор категоријата каде што Инес, најмладиот учесник со само 10 години, се натпреваруваше на исто ниво со останатите пијанисти, кои беа над 20 години.

На овој реномиран меѓународен натпревар учество земаа над 100 учесници од многу земји ширум светот како Франција, Италија, Русија, Јапонија, Република Чешка, Романија итн. Интернационалното жири беше составено од 7 члена.

- Во првите 5 категории се свиреше по една зададена композиција, а само во "Супериор " (во која ние учестувавме) и највисоката категорија „Мастер“ (каде што настапија професионални пијанисти) покрај зададената композиција се изведуваше програма во траење до 15, односно 20 минути. Ние ги изведовме делата од В.А.Моцарт, Г. Гершвин и  С.Прокофиев. Уживав во соработката со Инес и ме инспирираше нејзината желба за музицирање. Со оглед на нејзината возраст нејзиниот пристап и свирење беа навистина професионални- изјавува Јована

- Јас бев многу возбудена за овој натпревар затоа што за прв пат свирам пијано - четири раце, но и затоа што свирев со Јована која е многу поискусна пијанистка од мене, со многу успеси зад себе. Чувствував огромна одговорност заради довербата што ми беше дадена од страна на моите професори, доц. Нина Костова и проф. Романова, па затоа работев напорно и секојдневно вежбав по неколку часа. Бев најмладиот учесник во таа категорија, и бев многу среќна заради пофалбите од членовите на жирито и од публиката. Но во исто време бев потполно свесна дека после овој успех ми престои уште повеќе вежбање и поголема посветеност. Едвај чекам да ги добијам новите композиции што треба да ги свирам- вели 10 годишната Инес.

Јована Трајчева е студент - 3та год. на факултетот за Музичка Уметност во Скопје и е добитник на повеќе награди на  државни  и меѓународни натпревари и има реализирано бројни  солистички концерти.
Инес Неделковска е 5 то одделение во ОУ "Лазо Ангеловски"  и  ДМБУЦ  "Илија Николовски - Луј ". Оваа година  Инес два пати настапи како солист со оркестарот на Македонската Филхармонија и има освоено повеќе први награди на домашни и меѓународни натпревари.  Двете млади пијанистки се во класата на  Нина Костова - Јаневска - доцент на ФМУ  Скопје  а под менторство на истакнатиот педагог проф. Људмила Романова.

 


Извор: Факултети.мк



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“
Септември 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид“: Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје

Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди…

Беседи

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО

Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој  би бил  достоен...

« »