логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Петок, 26 Јули 2013 09:51


333_25__32Кинеската традиција, култура и историја беа насликани низ звуците на концертот на оркестарот на Централниот конзерваториум од Пекинг кој се одржа вчеравечер во преполната сала на Македонската опера и балет

Настапот на оркестарот на Централниот конзерваториум се совпаѓа со одбележувањето на 20-годишнината од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина и со 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

Министерката Канческа-Милевска во своето обраќање истакна дека македонскиот народ  никогаш нема да ги заборави пријателски  подадената рака и помошта од кинескиот народ при катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Концертот на оркестарот на Централниот конзерваториум, како што рече министерката за култура, го потврдува континуитетот на искреното пријателство и довербата што се негуваат меѓу нашите две држави.

222_25__32

„Голема привилегија за македонската јавност и за сите нас е што по успешното претставување на амбасадорот и чувар на македонската фолклорна традиција, ансамблот  „Танец“, во повеќе градови во Кина,  ќе се запознаеме со еден сегмент од богатата традиционална кинеска музичка култура  преку настапот на оркестарот на Централниот музички конзерваториум од Пекинг“, подвлече Канческа-Милевска.

На задоволство на присутните, на македонски јазик им се обрати и вршителот на должност амбасадор на Народна Република Кина во земјава, Чуи Чимин, кој ја истакна плодната дводецениска културна соработка меѓу двете земји, чиј резултат се и Деновите на кинеската култура во Македонија.



Обмислен во два дела, речиси двочасовниот настап на оркестарот на Централниот конзерваториум на Кина беше целосно исполнет со звуците на народните инструменти и музиката која претставува звучно обележје на кинеската култура, а  беа изведени и композиции кои го искажаа развитокот на традиционалната кинеска музика во новата ера. Под раководство на маестро Ванг Фуџијан, солистите Ју Хонгмеи, Јуан Феифан, Цао Јиацен и Цанг Кианг,  на народните инструменти гучин, суона, пипа, џенг, дизи, руан, ерху,… со беспрекорна точност, исклучителна музикалност и синхронзираност во настапот, потврдија дека не постојат технички неизводливи музички партитури. Разновидните егзотични инструменти ја претставија Кина со сите нејзини природни убавини.

Оркестарот, кој е формиран во 1960 година и во кој членуваат истакнати наставници и ученици од кинескиот музичко-инструментален оддел во Централниот конзерваториум за музика,  ќе одржи концерт и во Охрид во рамките на најзначајната културна манифестација во нашата земја, „Охридско лето“.

111_25_646

 444_25__64

Извор: Министерство за култура



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“
Септември 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин со графика која го симболизира „Алкалоид“: Ги насликав минатото и сегашноста на нашето здравје

Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди…

Беседи

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »