логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Фестивалскиот оган на јубилејното 40. издание го запали оперската певица Лилјана Зенделска

Катерина Богоева

Оперската певица Лилјана Зенделска вчеравечер во преполното фоаје на Македонската опера и балет го запали фестивалскиот оган на 40. „Мајски оперски вечери“, означувајќи го почетокот на јубилејното фестивалско издание по што следуваше и впечатливата изведба на претставата „Травијата“ од Џузепе Верди, во режија на Нина Најденова од Бугарија.

Годинашните „Мајски оперски вечери“ за отворени ги прогласи министерската за култура, Елизабета Канчевска-Милеска, осврнувајќи се на нивото големо значење за развојот и презентацијата на оперската уметност од земјава и од светот. Ја потенцираше наедно и големата улога што ја одигра нивниот идеен творец, режисерот Васил Ќортошев, кој заедно со поголем број македонски оперски солисти, диригенти и режисери ја креирале физиономијата и програмскиот концепт на манифестацијата. „Веројатно визионерски и далекусежно, Ќортошев вака ја замислуваше нејзината иднина“, рече министерката за култура. Директорот на МОБ, Дејан Прошев, посочи дека во изминатите четири децении се одржани над 350 претстави, на кои учествувале над 1.600 гости од Македонија и од странство, а претставите ги виделе дури 800.000 посетители. Публиката година доби можност до 31 мај да види пет опери и еден балет со ексклузивни гости од Индонезија, Бугарија, Италија, Русија, Велика Британија, Јужна Кореја, Германија, Австрија и од САД.

Директорот Прошев ја нарече операта „Травијата“ „најпопуларна и најизведувана претстава на фестивалот“, а вчерашната нејзина изведба во салата исполнета со гости од политичкиот општествениот, културниот живот на земјава навистина и го оправда тоа значење. Иако еден ден претходно беше најавена неочекувана промена, во улогата на Виолета Валери од здравствени причини не можеше да настапи оперската певица Благица Поп Томова, но впечатливата улога во комплетно новата поставка на операта успешно, на големо задоволство на публиката, ја одигра гостинката од Бугарија, сопранот Станислава Иванова. Оваа млада 28-годишна самостојна уметница од 2008 година досега настапила во 55 изведби на „Травијата“ во Бугарија, Европа и во Америка. Вчера, пред заминувањето од Скопје, Иванова изрази задоволство од комплетната изведба на претставата, од комуникацијата со партнерите, од тенорот Ѓорѓи Цуцковски, кој настапи во улогата на Алфред Жермон, и од баритонот Борис Трајанов, кого го видовме во улогата на Жорж Жермон. Таа посака соработката со Македонската опера и балет да продолжи и понатаму, а Ѓорѓи Цуцковски го нарече голем професионалец. Нивната мошне успешна комуникација на сцена публиката ја почувствува и ја наградуваше со големи аплаузи.

Ѓорѓи Цуцковски досега настапувал повеќе пати во „Травијата“ и во други режии и други поставки во Македонија и во Јапонија. И тој беше задоволен од настапот со партнерката од Софија. „Станислава ја доживеав како вистински љубовен сопатник и затоа многу тешко го поднесов чинот на умирање на сцената. Претходно имавме само две проби, но нејзиното искуство на сцена адекватно се вклопи со мојата перцепција, со мојата енергија, а тоа и се почувствува“, рече тој.

Операта „Травијата“ пленеше и со богатата сценографија, со новите костими, како и со изведбата на хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, под водство на диригентот од Индонезија, Норман Виџаја, кој по вторпат гостуваше во Македонија.
 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 167
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 196
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 716
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

« »