логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Katica.Kulavkova.jpg

Акад. Владо Камбовски
МАНУ, 3 мај 2012 година

     Поздравна реч на Промоцијата на две книги од акад.Ацо Шопов,
                             објавени во Аргентина и во Луксембург

Оваа година се навршуваат триесет години од смртта на акад.Ацо Шопов, еден од нашите најистакнати поети од првата повоена и пострациновска поетска генерација.  Догодина ќе ја одбележиме деведесетгодишнината од неговото раѓање и уште еднаш ќе се потсетиме на трајната вредност на неговото големо дело, сочувано во светската културна ризница. Тоа е, меѓу останатите, една од важните задачи на Македонската академија на науките и уметностите: не само да создава највисоки културни и уметнички вредности, туку и да ги заштитува во колективната меморија, во случајот на акад. Шопов како неизбришлив запис за еден силен поетски извор, кој секогаш ќе ги напојува со најлечебни чувства и најкротки мисли жедните за човечко разбирање и љубов.

Повод за нашето денешно собирање се две негови книги објавени во Аргентина и во Луксембург. И во двете - првата во превод на шпански, втората во француски и германски превод, се поместени песни од неговиот циклус посветен на “црното сонце” и “небиднината”. Со нив се проширува библиографијата на неговите објавени поетски книги или песни застапени во светски антологии на дваесетина странски јазици. Светот допрвин ја открива поезијата на Ацо Шопов и ќе ја открива уште повеќе, во мера во која ќе му недостигаат автентични интерпретатори на човековата интима. Сосема ненасилно се наметнува прашањето: од што извира нејзината сила, зошто таа, условно земено, не застарува ни во стилска ниту во тематска смисла, туку напротив, е секогаш  неповторливо жива и инспиративна?

Толкувачите на неговата поезија бездруго имаат издржано објаснување, но еве и јас, обичниот поклоник на неговото дело, ќе се обидам да нафрлам едно небаре лаичко гледиште: затоа што секој обичен читател, макар и површно запознат со поетските правци и стилови, во поезијата на Ацо Шопов ќе препознае нешта својствени за највисоките поетски дострели -  искреност и автентичност. Искреноста на неговата поезија има магнетна сила, зашто директно ја погаѓа сечија внатрешна смртна болка на биднината и небиднината, со пораки отаде смислата на зборовите и нивната гласовна трансформација. Кога се чита неговата поезија, се потонува во свој интимен свет и дури отпосле, според тајниот клуч на препознавањето, се констатира дека е тоа истиот оној свет на авторот, во кој тој ни остапил дел од својот интимен простор.

Автентичноста и, со тоа, оригиналноста на поезијата на Шопов несомнено извира од неговата закрепостеност во просторот, народот и времето во кои се родил. Тие ја обликувале не само неговата животна и поетска судбина, туку и неговиот мироглед, фокусиран врз човекот, неговото свесно и несвесно интимно разбирање на самиот себеси и доживување на светот што го опкружува.

Изборот на поезијата претставена во двеве книги што денеска се промовираат пред нашата јавност опфаќа песни од највисокиот и најзрелиот стадиум на неговото творештво, со кои рефлексивно-филозофскиот третман на есенцијалните прашања на битието и небиднината е трансформиран во лирски теми на истрајна потрага по зборот и песната, по смислата на љубовта, по светскиот трагизам и тишината. Тие не се напишани едноставно и се користат со рафинирани изрази и симболи: огнот, каменот, времето, зборот, љубовта, жената, сонцето, пепелта, тие упорно настојуваат да ги помират спротивностите -  срцето и разумот, зборот и тишината, постоењето и небиднината. Но тие, сепак, се восприемаат лесно, ставајќи го меѓу свесното и несвесното, реалното и мистичното - зборот како носител на отворени и скриени универзални пораки. Појавата на овие книги е доказ дека поезијата на Ацо Шопов не престанува да зрачи низ таквите пораки со сета своја моќ  во бесконечниот простор на поезијата, негирајќи го законот на заборавот како конечна небиднина.

Добро би било, и треба да сториме сè, таква афирмација и присутност во светскиот поетски атлас да доживее и трајно да опстојува делото и на другите наши големи имиња од поетската генерација на акад.Ацо Шопов.

 Katica.Kulavkova.jpg

 

Друго:

 Во МАНУ претставени книги од Шопов обЈавени во Аргентина и во Луксембург

КАТИЦА ЌУЛАВКОВА -Ритуалноста на поезијата на македонскиот класик Ацо Шопов

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 716
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1215
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 6829
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Преображение Господово (18.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Преображение Господово (18.08.2022)

Кога би ги прашале луѓето во црква, кои го празнуваат денешниот празник, зошто сме собрани овде, тие веднаш би одговориле дека денес е Преображение Господово. Не велам дека одговорот не...

Свети Григориј Палама: Беседа на Преображението

Свети Григориј Палама: Беседа на Преображението

На Гората имало осум, но се гледале само шестмина: тројца – Петар, Јаков и Јован, кои се искачиле заедно со Исус, ги виделе како со Него стојат и разговараат Мојсеј...

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

« »