логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Скопје, 18 април 2011 (МИА) - „Науката за македонскиот јазик - состојби и перспеткиви“ е прва од серијата планирани научни конференции за македонскиот јазик што ќе ги организира Истражувачкиот центар за ареална лингвистика од Македонската академија на науките и уметностите. На првата дводневна конференција за македонскиот јазик што се одржува денеска дискутираат лингвисти, а конференциите во иднина ќе бидат, исто така, тематски и јазикот ќе се разгледува од други релевантни аспекти. 

Зборувајќи за идејата да се организира конференција, академик Зузана Тополињска од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика во воведната реч истакна дека во услови на  процеси кои ја менуваат сликата на словенските јазици, неопходно е  науката да се приспособи и да ги следи нив. Посочи и дека афирмацијата на јазикот зависи од обученоста.

- Кога следна генерација лингвисти пристапува кон истражувачка работа  веќе е, барем делумно, дезавуирано она што го учеле за време на студиите. Потребно е постојано менување и ажурирање на научните помагала и, што е често најтешко, ажурирање на состојбите во мозоците на самите истражувачи... Во земјата треба да се подигне и да се осовремени обуката по македонски јазик, и како мајчин и како немајчин, и тоа по цела вертикала - од градинка до високото образование. Тоа мора да почне од врвот на вертикалата, прво да се подготви обемна, конкретна, кохерентна академска граматика на македонскиот јазик и дури тогаш може да се пристапи кон разни форми на популаризација..., рече Тополињска.

Претседателот на МАНУ Георги Старделов посочи дека науката за јазикот останала на нивото на епохалниот труд на повоената генерација лингвисти предводена од Блаже Конески. Тоа, како што рече, е добро зашто го потврдува успехот на нивното дело, но, од друга страна, јазикот е бескракјно творештво и не смее да има празни одови и периоди во неговиот развој. Токму тоа, обврската кон јазикот, е и целта на конференцијата, додаде Старделов.

Констатирајќи дека е често присутен јазичен пуризам, претседателот на МАНУ смета дека е тоа антиисториски и антиприроден процес. - Тој страв од новите зборови што влегуваат во него, јас лично, не го признавам, зашто сметам дека јазикот не може да се затвори во некој ковчег и да се изолира од духот на времето...Јазикот не е само нешто еднаш создадено, туку нешто што постојано се создава. Тој е постојано нов како што се нови темпоралните околности што непосредно влијаат врз него, рече Старделов.

Во својот говор насловен „Јазикот наш насушен“ тој, барајќи како што рече, сеопфатна метафора, го спореди јазикот со лебот зашто и од него, исто така, зависи опстанокот. - Кога кон нашиот јазик ќе се  однесуваме токму како кон лебот насушен, дури тогаш ќе почувствуваме внатрешна сила, длабок порив и голема моќ да го чуваме и одгледуваме својот јазик,  зашто без него ни нема опстој, како што ни нема опстој без лебот и за со тоа никогаш да не изумиме дека не само во древноста, туку и во сегашноста некои народи исчезнувале дури откако исчезнале нивните јазици, рече академик Старедлов.

Конференцијата продолжи со стручни дискусии за различни јазични теми, меѓу кои „Современата дескриптивна граматика на македонскиот јазик“, „Речник на македонскиот стандарден јазик“, „Речник на лингвистички термини“, „Етимолошки речник на македонскиот јазик“, „Дијалектен речник на македонскиот јазик“, „Регионални речници“...Ќе заврши утре кога учесниците ќе дискутираат  уште на четири теми. хс/дма/11:42



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 31, 2023

Промоција на Речник на медиумска писменост

Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата. Целта за неговото…
Март 09, 2023
Jovana.matevska

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел еден животен век без да ја раздвижат душата и да ја пуштат низ ребрата, кои таму се поставени само физички да ја додржуваат, но не и духовно да ја ограничат. Затоа што…

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Ное 29, 2022 Ликовна уметност 579
1926.Sava.SHumanovich
Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот…

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

Сеп 26, 2022 Ликовна уметност 901
TViTer448
„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји.…

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 1344
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »