Премин Портал

Кожувчанка


Во исто време со најновите барања од Грција и јазикот, како и идентитетот, да станат северномакедонски, на Интернет ќе се појави тонски запис од текот на целокупната 7. конференција помакедонистика одржана, наспроти протестите на грчкото лоби, минатата недела во Јута, САД   
    
  
Тонски запис од текот на 7. конференција по македонистика, која минатата недела се одржа на Универзитетот во Јута, САД, ќе биде објавен деновиве на Интернет. Тоа е, заедно со можноста за претставување пред пошироката северноамериканска публика, една од најголемите придобивки на конференцијата организирана како дел од меѓународната соработка на Универзитетот,,Св.Кирил и Методиј“ од Скопје и повеќе северноамерикански универзитети.

Објавувањето ќе биде извршено преку чикашкиот факултет со посредство на професорот Виктор Фридман, славист и долгогодишен проучувач на македонскиот јазик, кој беше главен координатор на штотуку завршената конференција по македонистика оквалификувана од грчката дијаспора во САД како сталинистички историски реваншизам и антигрчка пропаганда.

- На конференцијата учествуваа и млади американски лингвисти и антрополози, кои веќе престојувале на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура - вели Емилија Црвенковска, координатор на конференцијата од македонска страна.

- Македонистиката има перспективи на северноамериканскиот континент, а најзаслужни за тоа се професорите Виктор Фридман и Кристина Крамер, обајцата надворешни членови на МАНУ. Овие конференции се можност да се проговори за македонскиот јазик, за историјата и културата и можност за поголем број слависти и балканисти во САД да се запознаат со оваа проблематика - вели Црвенковска.

Конференциите се одржуваат на три години наизменично во Македонија и во САД и од сите досега се издадени зборници.

- Во Јута го промовиравме зборникот од претходната 6-та конференција што се одржа во Охрид во 2006 година. Рефератите од оваа конференција ќе бидат објавени на некој од универзитетите во САД. Професорот Фридман веќе дваесетина години ја координира оваа активност од американска страна и не попушта на никакви притисоци за нејзино спречување - вели Црвенковска.

Сепак, конференцијата се соочи со жестока антимакедонска кампања што ја организираше грчкото лоби.

- Па, тоа не го наруши многу текот на конференцијата. Ставот на универзитетот беше дека мора да се одржи сé што е во рамки на академската дискусија. Освен вториот ден, кога антропологот Лорин Данфорд отвори теми што го допираат егејското прашање. Имаше забелешки дека треба да се слушне и грчката страна, на што Данфорд одговори: „Организирајте грчко-американска конференција, со задоволство ќе ја слушнам и грчката страна“ - вели проф. Црвенковска.

Универзитетот објави и изјава на својата интернет-страница во која се објаснува дека „Јута“ обезбедува академска слобода, ги промовира еднаквите можности и ги почитува индивидуалните верувања. Во изјавата уште се вели дека Универзитетот е силен поддржувач на академското истражување, како и дека конференцијата за македонистика им дава можност на професорите од целиот свет да истражуваат културни, литературни и лингвистички теми.

- Тоа е и најголемата вредност на конференцијата, во нејзината поширока достапност, зашто македонистиката се популаризира во поширок круг публика од северноамериканскиот континент, каде што имаше и канадски слушатели - вели Црвенковска.

„Протестот на грчко-американската заедница треба да се земе во контекст на нерешеното прашање за името меѓу Македонија и Грција. Како коспонзор на конференцијата, ОМД сака да напомене дека конференцијата се одржува без никакви инциденти уште од 1991 година“, пишува Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора во писмото до Универзитетот во Јута. Во писмото уште се вели дека во време кога има многу емоции од Македонија и Грција поврзани со историјата на Балканот, размената на мислење со поддршка на Универзитетот во Јута ќе го унапреди отворениот дијалог.

Во најновите фази од апсурдниот грчко-македонски дијалог викендов побарано е грчките топоними да не се менуваат со словенски имиња, а јазикот, согласно со предложеното име Република Северна Македонија, да се вика северномакедонски.   
   
Автор: Ј.Ф.    Нова Македонија

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1819
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2132
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3741
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3985
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври  2026

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври 2026

  На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го...

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная