логоFacebookTwitterYouTubeeMail

kirilica


Подготвил: Тамара Гроздановски


Новиот закон предвидува кирилиско писмо да има апсолутна предност над латиничното. Ова писмо ќе мора да го користат државните органи, медиумите, фирмите и образовните и научните институции.

Владата на Србија ќе формира Совет за српски јазик чија работа ќе биде да се грижи за почитување на службената и јавната употреба на српскиот јазик и кирилиско писмо. Советот ќе има девет члена кои, паралелно со Одборот за стандардизација на српскиот јазик, ќе се грижи за номинирање, негување, унапредување и заштита на официјалниот јазик и писмото.

Ова се дел од новостите што Министерството за култура ѝ ги предложи на Владата на Србија, а кои би требало да се применат со измена и дополнувањее на Законот за службена употреба на јазикот и писмото.

Членовите на Советот за српски јазик ќе бидат именувани од Владата на Србија, а извештајот за работа ќе го доставен до Собранието најмалку еднаш годишно.

-Советот анализира и дава мислење за статусот на службениот јазик и писмото во Република Србија и на српско јазично подрачје, дава сугестии во креирањето и спроведувањето н јазичната политика, дава предлози за развој и унапредување на статусот на официјален јазик и писмо - пишува во документот.

Должностите на Советот ќе бидат да дава сугестии и предлози за регулирање на други прашања во областа на службениот јазик. Пропишано е Советот да биде формиран шест месеци после усвојување на изменетиот закон.

На српски јазик, кирилица, како што е предвидено, задолжителна е комуникацијата во правната насока, посебно за наведување на имиња, седишта и активности на компании, име на стоки, упатства за употреба на производи, декларација на производите, гаранции, фактури, сметки...

Целокупната комуникација на државните и локалните власти ќе треба да биде на српски јазик, кирилица. Истото важи и за образовните и научните установи и медиумите чиј основач е државата и кои имаат мнозински државен капитал, како и за електронските медиуми со национални, регионални и локални фреквенции. Кирилицата ќе биде задолжителна и за сите јавни претпријатија и установи и претпријатија со државен капитал, како и професионални и трговски здруженија што ја претставуваат својата област на национално и меѓународно ниво.

Со предложениот закон се дефинира латиницата како помошно писмо, и ако нешто се пишува на двете писма, кирилицата мора да има предност. Доколку институциите кои имаат обврска да ја користат кирилицата, ја прекршат оваа одредба, одговорното лице ќе биде казнето од 5.000 до 100.000 динари. Казната за компанијата која со латиница ќе ги напише услугите и производите, упатствата за употреба, декларацијата или гарантниот лист, ќе биде казнет од 500.000 до 1 милион динари, а одговорното лице во организацијата што ја игнорира кирилицата ќе биде казнето до 70.000 динари.

Постојат и исклучоци од службената употреба на јазикот и писмото, и тоа кога станува збор за приватна комуникација, пишување и употреба на личните имиња, двојазични изданија и компјутерски програми, прифатена научна и техничка терминологија, научни и уметнички дела, како и научни и образовни активности на училиштата за странски јазици. Исклучоци се и брендовите на произведувачите и робата и ознаките на потекло на стоките и услугите.

Малцински права

Дефинирана е и службената употреба на јазиците на малцинствата. Пропишано е дека малцинските заедници имаат целосно право да го користат мајчиниот јазик, во согласност со Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Извор: https://www.fakulteti.mk/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »