логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Нови 60 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Недела, 26 Јануари 2014 15:45


Првпат на македонски се преведени дела од старата египетска литература, митологии, писмата од Ван Гог, романи од Солженицин, Шо, Грас, Музил, Борхес, Едгар Алан По, Пруст, Зола, Томас Ман... До крајот на оваа или почетокот на 2015 се планира заокружување на целиот проект кој почна пред две години.

01_zvezdi_-_januari_2014_-_640

- Пред две години го лансиравме овој проект со едноставна идеја да го збогатиме книжевниот опус на македонски јазик и да му овозможиме на македонскиот читател олеснет пристап до врвна светска литература. Она што проектот „Ѕвезди на светската книжевнопст“ го издвојува од сличните вакви едиции е неговиот обем и жанровска сеопфатност. Антологијата опфаѓа 560 дела не само од областа на светската белетристика, туку и впечатлив број на есеи, патописи, мемоари, како и класици на филозофијата, епистоларната литература и естетиката. Благодарение на овој проект македонската публика ќе може на мајчин јазик да ги чита Блејк, Песоа, Музил, Борхес и Мопасан на својот мајчин јазик, рече на промоцијата премиерот Никола Груевски.

011aa_zvezdi_-_januari_2014-640

Од денеска промовираните книги, тој ги издвои „Книга за Јов“, „Псалмите Давидови“, хомеровата „Одисеја“, „Дон Кихот“ од Сервантес и „Црно Јагне и Сив сокол“ од Ребека Вест.

07_zvezdi_-_januari_2014-320- Ова дело на Ребека Вест целосно се однесува на Македонија. Сосема е ретко некое врвно дело на светска култура да има таков увид во нашата култура и нашиот живот. Во неа се нашите стари проклетства, симболизирани во вечните жртви кои се судбински не само за нас, туку и за целата западна цивилизација, рече премиерот Груевски.

Овие неколку наслови, додаде, се само дел од „Ѕвездите на светската книжевност“ бидејќи тука се уште многу книги кои се богатство на современиот свет и чекаат да бидат откриени.

05_zvezdi_-_januari_2014-640

Објавувањето на овие преводи на дела од светската литература според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска претставува континуитет во заложбите да го збогатиме македонскиот книжевен корпус и да им се овозможи на македонските граѓани да ги надградат и прошират своите сознанија во духот со најдобрите традиции на светската и европската цивилизација.

- Република Македонија е една од ретките земји во светот која со исклучително внимание ја поддржува издавачката и литературната дејност. Македонскиот читател ја заслужува светската литературна широчина. Затоа во иднина ќе продолжиме да ги градиме нашите книжевни и литературни релации со светот, ќе бидеме во чекор со светските култури и ќе ги стимулираме сегашните и идните генерации да создаваат вредности по кои ќе бидеме претпознатливи во европскиот и светскиот културен простор, рече Канческа-Милевска.

03_zvezdi_-_januari_2014_640

Главниот редактор на едицијата Митко Маџунков се осврна на значењето на оваа едиција за македонскиот кнжевен јазик кој, како што рече, досега не бил докрај кодифициран  во јазичната практика.09_zvezdi_-_januari_2014_aa_450

Нагласи дека проектот е исклучително важен за културата и досега најважен за афирмација на нашиот јазик и додаде оти успехот се должи на однапред договорена процедура-задолжителена рецензија и јазични упатства,  единственост во преведувањето на имиња и поими од кои е направена и база на податоци што може да послужат за идни преводи и за толковни речници.

 

 

 

 

 

Извор: Министерсво за култура на Р. Македонија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1005
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 5517
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

Сеп 24, 2021 Ставови 749
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

« »