логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 07_Saem-320

Голема придобивка од реализацијата на проектот е што со него ќе се афирмира македонскиот јазик и неговите капацитети кој, несомнено може да ги пренесе и артикулира најсложените нијанси на мислата и значењата
Во рамките на меѓународниот саем на книгата на штандот на Министерството за култура и НУБ св.Климент Oхридски денеска беше презентиран капиталниот проект на Владата на РМ и Министерството за култура - „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психонализа“, наменет за академската јавност, студенти, но и за широк круг читатели.

Новата едиција, за која информираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе содржи 342 книги (102 од филозофија, 127 од историја и 109 од психологија и психонализа), а ќе се збогати со уште 44 наслови по препорака на експерти од овие науки од познати универзитетски центри. Изборот на делата и авторите и стручната редакција се на професори од соодветните катедри на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
05_Saem-200
Канческа-Милевска истакна дека проектот ќе има трајно интелектуално влијание во македонскиот културен и научен контекст, кој ќе го збогати терминолошкиот речник и лексикографијата на македонскиот јазик. 

Во тематска и во содржинска смисла ќе ја потврдат важноста на општествените и хуманистичките дисциплини. Тоа се и дела кои ќе изградат цврста вредносна оска, клучна за натамошниот развој на македонската култура. Едицијата е потфат од исклучително научно, културно и општествено значење. Македонските граѓани преку неа ќе добијат можност да ја користат богатата продукција на дела кои извршиле пресудно влијание врз развојот на филозофската мисла во секој од главните периоди на нејзиниот развој - античкиот, средновековниот, нововековнот и современиот период,  рече министерката за култура.

Таа подвлече дека уште една голема придобивка од реализацијата на проектот е што со него ќе се афирмира македонскиот јазик и неговите капацитети кој, како што рече, несомнено може да ги пренесе и артикулира најсложените нијанси на мислата и значењата.

А03_Saem-400кадемик Витомир Митовски посочи дека првпат на македонски јазик ќе бидат објавени стручни книги од филозофијата кои порано, а и се уште, се користат на јазиците од поранешна Југославија. Според него, радува фактот што, иако со задоцнување,  созреале условите за еманципирање на македокиот научен јазик. Рече дека и денес оваа литература е зависна од тие јазици и дека мислите на Аристотел или Спиноза често се цитираат на српски/хрватски.

- По осамостојувањето се правеа обиди, но тоа беа индивидуални потфати и изолирани случаи, што резултираше со грдо шаренило во терминологијата. Овој проект е нов пристап во решавање на проблемот, рече Митовски, додавајќи дека критички избраните капитални дела сеопфатно ќе и се приближат на јавноста и ќе се избегнат инцидентни преводи со кои се пополнувале празнините, а стручниот превод ќе биде меродавен за работата во оваа област кај нас.
09_Saem-640

Деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински ја поздрави иницијативата за овој, како што рече, грандиозен проект, и нагласи дека се почестени од вклученоста во редактирањето што потврдува дека катедрите на факултетот имаат врвни експерти.

 

Извор: Министерство за култура на РМ



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1005
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 5516
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

Сеп 24, 2021 Ставови 749
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

« »