логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 14 јануари 2013 (МИА) - „Мисија“ на Миле Костов ја доби наградата за најдобар роман на конкурсот кој издавачката куќа „Ѓурѓа“ го распиша минатата година по повод 25 години од своето постоење.  Пристигнале 21 роман во ракопис од кои наградениот го избра академик Катица Ќулавкова.

На прес-конференција денеска таа рече дека романот на Костов бил наратолошки најдооформен, стилски прецизен, економичен во исказот и доволно алузивен за да го задржи вниманието на читателот од почетокот до крајот. Посочи и дека е кинематографски структуриран, со елементи на сценарио и дека отвора нова страница во македонската книжевност од жанрот на научната фантастика и негативната утопија.

- Го препорачувам овој роман и заради фактот што на еден модерен, интермедијално интониран начин е испреплетена судбината на Македонија, визијата за Македонија како „папокот на светот“, од една страна, и судбината на светот, во голема мера предодредена од историјата, но и од влијателните центри на моќ, рече Ќулавкова. Додаде дека романот во Македонија е во подем и оти сите пристигнати ракописи биле впечатливи.

Во потесен избор биле и ракописите на Данаил Данаиловски, Маја Гоческа,Саше Паневски и Владимир Попов.

„Мисија“ е прв роман на Миле Костов, кој работи како вински брокер. За медиумите тој изјави дека литературата отсекогаш го интересирала и оти наградата многу му значи.

- Запознав многу луѓе, припадници на тајни организации и сето тоа го преточив во роман кој е актуелен зашто дејството се случува во денешно време и најголем дел во Македонија. Се работи за Македонци кои работат во интернационални услови и немаат никаков комплекс на инфериорност. Има интересни ликови - двајца писатели и главна женска улога..., откри авторот на наградениот роман.

Основачот на „Ѓурѓа“ Никола Костески рече дека  средствата за четвртвековниот јубилеј одлучиле да ги наменат за конкурсот за необјавен роман. Наградата се состои од Златен медал и 100.000 денари авторски хонорар, а  печатеното издание ќе биде промовирано на годинашниот Саем на книгата.

„Ѓурѓа“ е прва независна издавачка куќа во Македонија. Првата книга ја  објави во 1987 (стихозбирката  „Римјани“ од Паско Кузман) и оттогаш има издадено околу илјада наслови. Годишно продуцира шеесетина изданија од разни области, распоредени во повеќе едиции. За годишнината лани востанови три нови едиции „Амор магна“, „Магна идеја“ и „Белата гулабица“ во кои досега објави 70 книги. Изданијата на „Ѓурѓа“ се продаваат во околу 60 големи маркети низ Македонија.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1005
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 5516
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

Сеп 24, 2021 Ставови 749
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

« »