логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 TVITer21

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

 

Селекцијата за избор на победници на Конкурсите за млад и за зрел уметник, проекти во организација на Националната галерија на Северна Македонија завршија со одржаната (видео)конференција со меѓународната стручна комисија во состав: проф. Миодраг Шуваковиќ, Арта Агани Буњаку и Роман Урањек. Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од страна на комисијата, по што беа сумирани резултатите и беше дискутиран финалниот избор. Комисијата имаше мошне слични ставови во изборот. За победници на конкурсот за млад уметник беа одбрани: Викторија Поповска и Дарко Комненовиќ, додека за победник на конкурсот за зрел уметник, добитник е Роберт Јанкулоски.

На конкурсот за млад уметник свои проекти доставија 23 уметници а на конкурсот за зрел уметник со свои предлози учествуваа 10 уметници/уметнички групи. Победниците на конкурсот, еден зрел и двајца млади автори, ќе добијат простор во објектот „Мала станица“ за реализација на своите проекти, како и продукциски трошоци за изведбата на проектот и авторски хонорар. Изложбите се закажани за месеците ноември и декември 2020 година.

Согласно интересот на уметниците и квалитетот на добиените апликации, како и вклучувањето на независна меѓународна комисија при изборот на победниците, овој професионален конкурс ќе стане традиционален проект што Националната галерија ќе продолжи да го одржува и во иднина.

Во прилог ви го доставуваме интегралниот извештај за изборот на комисијата.

Со почит,

Национална галерија на Република Северна Македонија



Извештај на комисијата за резултатите од Конкурсите за зрел и млад уметник во состав:

проф. д-р Мишко Шуваковиќ, Арта Буњаку Агани и Роман Урањек

 

Добитник на конкурсот за зрел уметник: Роберт Јанкулоски

Авторот Роберт Јанкулоски е роден 1969 година и позади себе има импресивна уметничка кариера. Велиме уметничка, а не фотографска, затоа што неговите дела одговараат на начинот на гледање, што, заедно со фотографијата, е истотака, дел од современата уметност. Тука говориме за амбиентални решенија во јавен простор, фотографски акции и последно, но не и најмалку важно, поставување на изложбата како комплетно искуство, а не како серија на фотографии една по друга, што често се случува на фотоизложбите.

Сите негови фотографии се директен израз на личното искуство, а со тоа и документ за времето и просторот. Делата се аналитичко толкување на работите што се случуваат околу него. Фотографиите на кои сме сведоци не ги следат научените училишни правила, многупати и го негираат стекнатото знаење. Тие се квалитетни и сугестивни, но специфични, бидејќи секој има свој личен идентитет. Неговите дела се физичка, опиплива визуелна врска со одреден момент во историјата, а истотака, е и фотографско место за откривање на реалното. Тој е целосно свесен за симултаните настани во околината и со своето размислување е во состојба да го пренесе тоа во клучен момент во видливиот израз на медиумите што ги смета за неопходни, односно фотографиите, амбиентот или интервенциите на јавниот простор.

Неговиот предлог за изложба во „Мала станица“ се однесува на соочувањето со моментот на свесност, живеењето во историско време, време означено од вирусот ковид-19. Секој уметник во исто време е хроничар на времето во кое живее, а досега е докажано дека е можно да се реконструира историското време преку уметничките дела. Неговото истражување за Србија, Грција и Македонија преку природата е поврзано со традицијата на теми од пејзажот и, во исто време, со традицијата на грдото и автентичното во современата уметност. Предлогот покажува дека изложбата ќе биде направена во однос на специфичниот амбиент на галеријата и ќе овозможи да се ужива во спектаклот наменет за гледачот.

Сметаме дека наградите треба да го земат предвид квалитетот на работата на индивидуалниот уметник и истовремено неговиот придонес во општеството и во социјалното опкружување во кое живее уметникот. Роберт Јанкулоски го основа Македонскиот центар за фотографија во 2000 година, а тоа му даде посебно значење во очите на жирито.

 

Добитници на конкурсот за млад уметник: Дарко Комненовиќ и Викторија Поповска

Дарко Комненовиќ, роден 1990 година, е визуелен уметник кој работи во контекст на постскулпторско дело. Неговите истражувања и конструкции ги поврзуваат скулпторските, амбиенталните и технолошките влијанија. Со други зборови, тој работи со хибридизирани односи на просторот, перцепцијата, комуникацијата и когнитивното мапирање на визуелните ефекти. Предложениот проект „Капсид i20“ е одличен пример за тековниот уметнички и естетски одговор на противречностите, антагонизмите и отуѓувањата својствени на глобалната криза предизвикана од ковид-19. Уметникот луцидно го покажа потенцијалот за трансформација на модерното општество и важните односи меѓу поединци и односи меѓу поединци и колективи, поединци и институции и институции и институции. Уметникот предложил сложени човечки, политички, комуникациски и, со тоа, когнитивни процеси, ефекти и ситуации, кои се испровоцирани од човечката состојба во кризни пандемски моменти. Уметникот ги посочи односите меѓу два важни модалитети на ова дело: ликот на склопување на традиционални и модерни материјали / медиуми и ликот на временската капсула. Предвидената поврзаност на дигиталниот и конкретното материјално со формите на човечкиот живот отвора простор за тестирање на нашата сопствена индивидуална и колективна модерност. Проектот го заслужи вниманието со својата актуелност, хибриден материјал, медиумска сложеност и суштински егзистенцијален ангажман.

Викторија Поповска родена 1992 година е млада уметничка која е на долго и тешко патување кон пронаоѓање на модалитетите на изразување на своите рефлексии. За време на нејзината кариера, таа имала неколку учества и соло изложби, а првата и е „хибридна изложба каде биле прикажани уникатни кукли, инсталации и слики“. Зборот „хибрид“ е многу важен за опишување на нејзините дела и најавува подлабоко истражување во рамките на човечкиот елемент и неговото влијание врз животната средина. Во нејзините претходни дела протагонисти се луѓе/кукли поставени внимателно на платна, како гротескни обрасци во повторливо дејство што наликува на танц од секаков вид. Во некои случаи, како и во скулптурите, тие зафаќаат простор на театарски начин, злокобно предвидувајќи ја дегенерацијата и уништувањето. Нејзините модели на кукли претставуваат очајни обиди за зачувување на човековата природа, демонстрирани преку нивните мумифицирани тела.


Логички произлезено од тоа, Поповска го продолжува испитувањето на врската помеѓу она што е и што не е човечко. Предложениот проект за изложба на Конкурсот за млади автори започнува одгледна точка на репатриран уметник и се однесува на загадената околина во нејзината татковина. Како и во претходните дела, таа инсистира на зачувување - презервација. Проектот е привлечен во пристапот, каде протагонистите веќе не се играчи на улоги, туку стануваат учесници во проект што ќе резултира со инсталација направена од ѓубре собрано од нив. Во време кога иднината е непозната и кога уметноста се обидува да ги сруши подигнатите sидови, уметнички проект со фокус на заедницата може да има позитивен ефект врз бурното општество, насочувајќи го кон новата реалност која е пред нас.

 

Национална галерија на Северна Македонија

26.08.2020 г.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 106
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 105
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 123
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

Гревот, тоа духовно помрачување на човековата душа бил причинителот за болеста на фатениот, па затоа било потребно прво тој да се уништи. Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност,...

« »