логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Ликовната уметница Симонида Филипова Китановска ќе биде единствениот претставник на Македонија на Симпозиумот за акварел, што ќе се одржи во Санта Круз, Португалија, од 19 до 30 јули оваа година. Темата акварел како мотив за разговор има и своја подлабока основа.

Позната со својот експресивен гестуален ликовен јазик на многубројните масла на платно, Симонида Филипова Китановска маестрално се претстави и со техниката акварел. Нејзината самостојна изложба со наслов „Птичја градина“ до неодамна беше поставена во објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија.

„Уметноста на Симонида Филипова Китановска е уметност на бојата и на движењето. Тоновите се врели, но и меки за да се зачува таа сензибилност и спонтана искреност со кои се одликува. Да се движите низ акварелите на Симонида е како по малку да талкате низ отворените полиња на животот“, забележа Татјана Бундалевска во својот текст по повод изложбата.

Патот на Симонида Филипова Китановска до сопственото совршенство е исполнет со многу работа, сензибилност и страст во собирањето ликовно искуство. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ од 1988 година. Во периодот 1991-1997 живее и работи во Бостон, САД. Добитник е на повеќе меѓународни и домашни ликовни награди. Покрај самостојните претставувања, учествуваше и во неколку ликовни перформанси, а нејзините дела се претставени во Франција, САД, Германија, Австралија, Ерменија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, и секако, Македонија.

На изложбата „Птичја градина“ беа поставени осумдесет акварели изработени од септември минатата до мај оваа година, но имаше неколку слики што беа изработени комбинирано со индиан-инк и акварел.

 

Зошто за изложбата во Мала станица се одлучивте за техниката акварел? Што акварелот нуди во изразот на уметникот?

Акварелот е специфична и многу тешка техника за работа, бидејќи бара брзо сликање и нема поправање на насликаното. Мене тоа ми одговара и многу ми се допаѓа затоа што овозможува директна експресивност на цртежот и на бојата. Како сликарка го сакам експресионистичкиот израз и не сакам многу да ги менувам и да ги дотерувам моите дела. Со акварелот се постигнува токму тоа, го правиш потезот и тој останува на хартијата, не може дополнително да се корегира. Притоа, свое влијание во цртежот имаат квалитетот на хартијата, четките и боите, и сето тоа треба однапред да знаете како ќе реагира за да направите успешна акварелна слика.

Ако погледнеме и од другата страна на уметничкиот чин, колку начинот на сликање е рефлексија на карактерот на сликарот?

Има поврзаност, но како карактер сметам дека секогаш ми е потребен нов предизвик, нешто што ме повикува да го разоткријам. Во мојата работа, а особено во случајот со сликање со акварел, треба и многу трпение. При сликањето на делото има повеќе слоеви и кај акварелот треба да се почека вистинскиот момент. Сликарот треба да знае кога точно да го стави следниот потез, а притоа да почека доволно време за претходниот да се исуши. Мојот стил на работа е прво целата хартија ја потопувам во вода, а потоа треба многу да се внимава како се нанесуваат потезите за сликата да излезе како што треба, односно како што сум ја замислила сликата.

Таквиот стил на работа повеќе е поврзан со техниката на изработка на делата, но што ве предизвикува во тематска смисла?

Насловот на изложбата беше „Птичја градина“. Во директна смисла, тоа е мојот двор во куќата во која што пораснав и сѐ уште живеам во неа. Градината е полна со најразлични цвеќиња, грмушки, дрвја. Секојдневно се будам со песната на птиците, а има и верверички и ежиња. Иако живеам во град, опкружена сум со шумска средина, бидејќи мојата куќа се наоѓа на работ од градот. Тоа е мојата оаза која најмногу ме инспирира во творештвото. Секој акварел што сум го нацртала е некакво посебно доживување, независно дали тоа е едно цвеќенце или е звукот на песните на птиците. Најчесто работам надвор, во дворот, дури и во есенскиот и зимскиот период, и инспирацијата постојано е пред моите очи. Некои од птиците што се насликани на акварелите буквално ми дојдоа на дофатот на раката. Ми требаа неколку мигови да го доживеам моментот, а потоа многу брзо ги изработував и сликите.



Во каква релација ги поставувате делата и нивните наслови? Ако делото е резултат на надворешен импулс, колку насловот на истото го открива вашиот внатрешен свет?

Ако сликите се некакво некакво доживување, насловите се поврзани со приказна. Притоа намерата е да се долови длабочината на чувството што сум го доживеала. На тој начин и на гледачот му го доближувам моето внатрешно чувство.

Во поширока смисла, дали се раководите според некои принципи на размислување и работа?

Сето тоа зависи од дадените ситуации. Некогаш почнувам со приказна, другпат имам замисла уште пред да го почнам делото, некогаш ме повлекува колоритот, другпат откако ќе го завршам делото откривам нешто за што не сум размислувала. Секоја ситуација е посебна самата за себе.

Кога ќе го свртите погледот наназад кон вашето творештво, што досега сте успеале да направите, а што би сакале да направите?

Не би можела да знам што би правела во иднина, но секогаш наоѓам импулс што ме повлекува да направам одредена слика. Колку повеќе работиш, толку повеќе идеи се појавуваат самите од себе. Во таквите моменти најсилно се изразува мојата експресивност. Некогаш посакувам да работам од лакт, а не од зглоб. Широките потези во сликите се појавуваат самите од себе. Сум пробала да работам во различни техники, но во последниов период акварелите ми беа најголемиот предизвик. Никогаш не ме интересирало што е во тренд да се работи, туку секогаш сум ги следела сопствените чувства.

Дали со изложбата „Птичја градина“, што беше поставена во објектот Мала станица при НГМ, го затворивте циклусот со акварели, или, можеби тоа е приказна што ќе продолжи и понатаму?

Приказната сѐ уште трае, бидејќи се подготвувам да заминам на Симпозиум за акварел, односно, на ликовната колонија што ќе се одржи од 19 до 30 јули во Санта Круз, во Португалија. Тоа ќе биде можност дополнително да се нурнам во длабочината на акварелната техника.



Тони Димков

Фотографии: Роберт Атанасовски

01.07.2014 gгод.

Извор:

 http://www.mkd.mk/kultura/likovna-umetnost/simonida-filipova-kitanovska-inspiracijata-postojano-e-pred-moite-ochi

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 124
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 122
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 140
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »