логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Се чествува денот на свети Климент

Токму дејноста на св. Климент и историската улога на Охридската книжевна школа се втемелени во континуитетот на македонскиот културноисториски идентитет и ја насочуваат изворноста на современата македонска духовна и писмена традиција

Светиклиментовото дело како основоположник на македонската просветителска и духовна дејност е една од најзначајните цивилизациски придобивки на денешниот македонски народ, кој го живее благодатот да биде негов наследник. Неоспорните факти дека словенската писменост, богословската возвишеност, но и научната основа на балканските народи потекнуваат од Охрид, го прават денешниот Македонец да биде горд на тој образовен процес. Но колку денес Македонците се свесни за големината на подвигот на свети Климент како духовник, за големината на свети Климент да ја постави основата на научната мисла што подоцна се рашири низ целиот Балкан, па и во Европа?

И годинава ќе се одбележи 8 декември како Ден на свети Климент, но многу малку ќе се каже дека од неговата школа во Охрид излегле и првите лекари и првите писатели, првите филозофи, но и првите големи духовници.
Велат дека само македонската генерација по секои 100 наредни години од големи јубилеи ќе ја има истата привилегија, да се чувствува славно во светоста на св. Климент Охридски-Македонски, но на таа вистина треба секоја година да ѝ се додава нова вредност.

Професорот Илија Велев од Институтот за македонска литература пред две години, по повод 110 години од смртта на свети Климент Охридски, напиша книга посветена на овој просветител, од која извадоци беа објавувани во „Нова Македонија“. Во неа напишал дека зацврстувањето на словенската цивилизациска свест на општествената, духовната и културната сцена во Македонија при дејноста на свети Климент и Наум во Охридската книжевна школа го продлабочило чувството за издвојување од феноменот на византискиот христијански свет и за спуштање на историската завеса пред меморијата за домицилното класичномакедонско (или античко) културноисториско искуство.

– Веќе воспоставената Светиклиментова традиција во Македонија почнала да манифестира сопствено словенско себепрепознавање и себеидентификување. Тоа значи дека токму дејноста на св. Климент и Наум Охридски и историската улога на Охридската книжевна школа се втемелени во континуитетот на македонскиот културноисториски идентитет и ја насочуваат изворноста на современата (словенска) македонска духовна и писмена традиција. Оттука, и во нашата современа цивилизациска свест длабоко е наталожено чувството дека како Македонци сме словенски народ, со словенска писмена и културна традиција – објаснува професорот Велев.

Основач на Охридската духовна и книжевна школа

Професорот Велев објаснува дека свети Климент Охридски е најистакнатиот Кирилометодиев ученик и следбеник, а заедно со свети Наум Охридски бил продолжувач на сесловенската богослужба, писменост и просветителство, но и останал во културноисториската меморија како основач на Охридската духовна и книжевна школа.
– Ако кирилометодиевското рамноапостолско и сесловенско дело ја афирмирало третата христијанска цивилизација и култура во Европа – словенската, тогаш продолжувањето на нивните изворни идеи од страна на св. Климент и Наум Охридски назад кон изворите, во Македонија, го означило историското проникнување на словенската цивилизациска свест во македонската современа духовна и културна традиција. Следствено, без улогите на св. Климент и на формираната Охридска духовна и книжевна школа, последователниот цивилизациски тек ќе бил принуден да се одложи и да почека нови историски околности во некои идни времиња за афирмација на словенската цивилизација и култура – додава професорот.

Најголем дел од моштите на свети Климент Охридски се чува во манастирот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. Остатоците од черепот се чуваат во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер, денешна Верија, Грција. Во Софија, пак, има парче од моштите со големина на нокт

Според Велев, нужно е да се истакне дека втемелувањето на историската улога на Охридската духовна и книжевна школа се случило уште во првите седум години од враќањето на св. Климент од Моравија во Македонија (885/886 – 893).
– Неговата просветителска активност во Кутмичевица резултирала со подготвување за свештеничка, учителска или за книжевна дејност на околу 3.500 ученици. Во која и да е мерка бројчано надраснат ваквиот податок од легендарно-култните извори, сепак на овој начин се засведочува активната просветителска дејност на св. Климент при воспоставувањето на темелите на Охридската книжевна школа. Натаму, со доаѓањето и на св. Наум во Кутмичевица и во Охрид, кај својот соученик и духовен собрат во 893 година, заедно ја воспоставиле традицијата на оваа духовна и книжевна школа, која во палеославистиката се смета како своевиден Светиклиментов универзитет. Се создале поволни услови да се организира црковниот живот, да се градат нови христијански храмови, да се омасовува монашкиот живот, да израснуваат книжевни и скрипторски центри – истакна професорот.

Татко на нашата просвета

Професорот Ратомир Грозданоски од Богословскиот факултет во Скопје го нарекува свети Климент татко на македонската просвета. Во голем број од неговите книги посветени на овој светител може да се прочита дека јазикот, писмото, просветата и просветеноста на еден народ се основа за секаков напредок и културен развој и дека тоа многу добро го знаел свети Климент и токму затоа му дал посебен акцент на пишаниот збор.

– За него просветата значеше, преку мајчин јазик и писменост, народот да се стекне со знаење на божјиот закон и морал. Оттаму, народната просвета е во нераскинлива врска со црквата. За таа цел, под раководство на свети Климент, а подоцна и свети Наум, во Охрид започна со работа Охридскиот црковнокнижевен центар. Таа школа претставува словенско огниште на просветителска и културна дејност. Во овој центар, поточно во делото на свети Климент и Наум, се основите не само на македонската туку и на сесловенската просвета и книжевност. Со нивната дејност насекаде по манастирите, црквите и училиштата, грчкиот и латинскиот јазик беа заменети со мајчиниот старомакедонски словенски јазик. Словото божјо на народот му се проповедаше на својот јазик: на јазикот на овчарите, орачите, копачите, жетварите, на јазикот на нашите мајки и татковци. Затоа се прифаќаше неговата проповед со срце и со душа. Луѓето станаа вистински христијани, а новата православна вера од корен го измени нивниот живот. Така започнаа нашата писменост и духовност и нашето културно, народно и црковно растење и развивање, продолжувајќи до нашиве дни, кога имаме своја Македонска црква и држава. Набргу нашите прадедовци почнаа духовно да се просветуваат и економски да напредуваат. Заплисна нов духовен бран, кој им го облагороди и подобри нивниот живот-објаснува теологот Грозданоски.

Плаошник го чува свети Климент

Најголемиот дел од моштите на свети Климент Охридски се чуваат во манастирот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид. Остатоците од черепот се чуваат во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер, денешна Верија, Грција. Во Софија, пак, има парче од моштите со големина на нокт. Пред неколку години владиката Тимотеј ѝ подарил мала честица од моштите на свети Климент на пловдивската митрополија, каде што била изградена црква што го носи името на светителот. Од Македонската православна црква-Охридска архиепископија велат дека тоа што моштите на свети Климент се наоѓаат во Охрид е заштитно обележје за темелите на Охридската архиепископија.
Со одлука на Владата, од 24 јануари 1991 година црквата „Перивлепта“ повторно ѝ е вратена на МПЦ, а по повод тој настан МПЦ, на 10.9.1991 година, донела одлука моштите повторно да се вратат на старото место, односно на празникот Сите македонски светители да се вратат во Охрид и свечено да бидат внесени и положени во црквата „Свети Климент“, кога ќе биде и преосветен овој храм. Тогаш архиепископ на МПЦ бил г.г. Гаврил.

Но со обновувањето на Климентовиот храм на Плаошник во 2002 година, со архијерејска одлука на Синодот на МПЦ, решено е со свечена литија моштите повторно да се преместат и постават на историското место на првиот Климентов храм посветен на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, каде што се наоѓа и гробот на свети Климент. Моштите и денес се таму, а на Климентовите празници, кои кај народот се познати како летен и зимски свети Климент, се отворени и поставени за поклонение и молитва во централниот дел на храмот.
Единаесет години државен празник

Од 2007 година Денот на свети Климент Охридски се празнува како државен празник. Тоа значи дека веќе единаесет години се чествува споменот за овој просветител. По тој повод, вечерта на 7 декември годинава (петок), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба.
На 8 декември 2018 година (сабота) во истиот манастир ќе се одржи богослужба. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
Литургии по повод празникот ќе се одржуваат во сите храмови низ земјата.

 

 

Новинар: 

Радмила Заревска

Извор: https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb-%d0%b8-%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%be/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 174
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 200
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 720
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

Беседи

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

 Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »