логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Науката и верата: Роберт Џестроу


✤✣✤

БОГ И АСТРОНОМИТЕ

✤✣✤

Роберт Џестроу (7 септември 1925 – 8 февруари 2008) бил астроном, физичар и космолог, кој живеел и работел во САД. Бил главен научник во НАСА, популистички автор и футурист.

Докторирал на теоретска физика на универзитетот Колумбија во 1948 година, на само дваесет и три години. Подоцна се приклучил во НАСА, кога истата била основана во 1958 година. Бил првиот претседател на Комитетот за истражување на Месечината, а истовремено бил и директор на Теоретскиот оддел во НАСА (1958 – 1961). Бил еден од основачите на институтот „Годард“ за истражувања на вселената во 1961 година, каде што работел сѐ до неговото пензионирање во 1981 година.

Добитник е на повеќе медали: НАСА медал за извонредни научни достигнувања, медал на извонредност од универзитетот Колумбија, почесен доктор на науки од колеџот Менхетен и др. Неговите гледишта за создавањето биле дека иако е „агностик , а не верник“, според него, „завесата над мистеријата на создавањето никогаш нема да биде подигната со човечки напори, барем не во блиска иднина“. Автор е на повеќе книги: „Црвени џинови и бели џуџиња“ (1961), „Астрономија: основи и граници“ (1972), „Додека Сонцето не умре“ (1977), „Бог и астрономите“ (1978), „Волшебниот разбој: умот во вселената“ (1981), „Патување до ѕвездите: денес и потоа“ (1990).

Религијата на науката

Сега е јасно дека астрономските докази го поддржуваат гледиштето на Светото Писмо
за настанувањето на светот. Деталите се разликуваат, но суштинските елементи
и во астрономското образложение и во она на Светото Писмо, во книгата Битие, се исти:
синџирот настани што води кон човекот започнал нагло и наеднаш,
во точно одреден момент од времето, во блесок на светлина и енергија.
– Роберт Џестроу


Значи, три линии на очигледност – движењата на галаксиите, законите на термодинамиката и животната приказна на sвездите – водат кон еден заклучок: сите покажуваат дека вселената имала почеток. Неколку научници се осмелиле да прашаат: „Што имало пред почетокот?“ Едмунд Витакер, британски физичар, напишал книга за верата и новата астрономија, наречена „Почетокот и крајот на светот“, во која вели: „Нема основа да се претпоставува дека материјата и енергијата постоеле порано и дека одеднаш биле галванизирани на дело. Бидејќи што би можело да го издели тој момент од сите други моменти во вечноста?“, заклучува Витакер. „Поедноставно е да се претпостави создавање ex nihilo – Божја волја што ја создава природата од ни од што претходно постоечко“. Некои биле уште похрабри и прашале: „Кој бил Главниот Двигател?“ Британскиот теорист Едвард Милне напишал математички трактат за релативноста, завршувајќи го со изреката: „А за прапричината на вселената, во контекст на експанзијата, тоа му се препушта на читателот да го додаде, но нашата слика не е целосна без Него“.

Всушност, некои истакнати научници почнале да ја чувствуваат истата раздразнетост за ширењето на вселената што Ајнштајн претходно ја објавил. Во 1931 година, Едингтон напишал: „Немам некое мислење на оваа тема“, но „помислата за почеток ми е одбивна. (...) Едноставно, не верувам дека сегашниот поредок на нештата започнал со Големата експлозија...  Да се шири вселената, тоа е апсурдно... невозможно... и воопшто не ме привлекува“. Германскиот хемичар Волтер Нернст напишал: „Да се негира бескрајното траење на времето, би значело да се негира самата основа на науката“. Во поскоро време, Филип Морисон од универзитетот МИТ изјавил во еден филм за космологијата на Би-Би-Си: „Тешко ми е да ја прифатам теоријата на Големата експлозија; попрво би ја негирал“. А Алан Сендиџ од опсерваторијата „Паломар“, кој ја востановил непроменливоста на ширењето на вселената на речиси десет милијарди светлосни години, рекол: „Тоа е толку чуден заклучок... што во стварноста е невозможно да биде вистинит“.

Постои еден чуден круг на чувства и емоции во овие реакции. Тие доаѓаат од срцето, а се очекува заклучоците да доаѓаат од мозокот. Зошто?

Мислам дека еден дел од одговорот е тоа дека научниците не можат да поднесат дека постои природен феномен што не може да се објасни, дури и со неограничено време и пари. Има еден вид вера во науката; тоа е верата на човек што верува дека има ред и хармонија во вселената, и дека секој настан разумски може да се објасни како производ на некој претходен настан; секое дејство мора да има своја причина; не постои Прапричина. Ајнштајн напишал: „Научникот е опседнат со чувството за универзална причина“. Оваа религиозна вера на научникот е нарушена со откритието дека светот имал почеток, во услови во кои познатите закони на физиката не важат и како резултат на сили или околности што не можеме да ги откриеме. Кога ова ќе се случи, научникот ја губи контролата. Ако навистина ги истражил последиците, тој ќе биде трауматизиран. Како што обично се случува кога ќе се соочи со траума, мозокот реагира со игнорирање на последиците – во науката ова е познато како „одбивање да се шпекулира“ – односно маргинализирање на почетокот на светот нарекувајќи го Големата експлозија, како вселената да е некоја петарда.

Размислете за огромните размери на проблемот. Науката докажа дека вселената екплодирала во постоење во одреден момент. Се поставува прашањето: која причина го предизвикала ова дејство? Кој или што ја ставил материјата и енергијата во вселената? Дали вселената била создадена од ни од што претходно постоечко, или била составена од претходно постоечки материјали? Науката не може да даде одговор на овие прашања бидејќи, според астрономите, во првите моменти на своето постоење вселената имала неверојатна густина и била опфатена од топлина на незамислив оган. Ударот од тој момент мора да уништил секаков и најмал доказ кој би довел до причината на таа голема експлозија. Можеби постоел цел еден свет, богат со структура и историја, пред да се појави нашата вселена; но ако постоел, науката не може да каже каков вид свет бил тој. Може да постои разумно објаснување за експлозивното раѓање на вселената; но ако постои, науката не може да го открие тоа објаснување. Потрагата по минатото на научниците завршува со моментот на создавањето.

Ова е еден извонредно чуден развој, неочекуван за сите освен за богословите. Тие отсекогаш го прифаќале словото на Светото Писмо: „На почетокот Бог ги создаде небото и земјата“. На тоа блажен Августин додал: „Кој може да го разбере ова таинство или некому да му го објасни?“ Ова е неочекувано, бидејќи науката имала неверојатен успех во откривањето на синџирот на причина и последица назад во времето. Можевме да го поврземе изгледот на човекот на оваа планета со преминувањето на прагот на животот, настанувањето на хемиските состојки на животот во sвезди што одамна исчезнале, обликувањето на тие sвезди од почетни магли, како и ширењето и ладењето на планетарниот облак со гасови надвор од космичката огнена топка.

Сега би сакале да го продолжиме ова истражување уште порано во времето, но бариерата на понатамошен напредок изгледа несовладлива. Не е во прашање уште една година, уште една деценија работа, уште едно мерење или уште една теорија; во овој момент се чини дека науката никогаш нема да може да ја крене завесата на мистеријата на создавањето. За научникот кој живеел според верувањето во моќта на разумот, приказната завршува како лош сон. Тој ги искачувал планините на незнаењето, веќе е на прагот да го освои највисокиот врв, и како што ја искачува последната карпа, го поздравуваат група богослови кои стоеле таму со векови.

превод од англиски: Ирена Маџаровска
извор: Robert Jastrow, The Enchanted Loom: Mind in the Universe (1981)

Извор: Бигорски манастир

21.01.2016 год.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 258
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 252
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 785
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »