логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 

На 11/24 октомври Светата Црква го прославува споменот на Светите Отци од Седмиот Вселенски собор.

Постојат 7 Вселенски Собори кои што се одржувале во периодот од 4 до 8 век и тоа: 1 во Никеја 325 година; 2 во Цариград (Константинопол) 381 година; 3 во Ефес 431 год.; 4 во Халкидон 451 год.; 5 во Цариград 553 год.; 6 во Цариград 680 год.; и  последен Вселенски Собор што го има одржано Светата црква Христова е Седмиот Вселенски собор во Цариград (Константинопол).

Тој бил одржан по повод иконите. Икономахијата или борбата против иконите избувнала во првата половина на 8-от век во Византиското Царство. Негирањето на иконите постоело и во минатото, па и до ден денес. Во рано христијанскиот период, катакомбниот период, не можело, а да не се појави промислена, таинствена символика. Во склуптурата и во живописот се прикажувало четворокракен крст, понекогаш како буквата X, потоа се изобразувало гулаб, риба, брод т.е сите симболи кои христијаните ги разбирале.

Со појавата на исламот во 7-от век и со неговиот непомирлив став кон било какво живописање и склуптурно изобразување на човечки и натчовечки ликови, повторно ја оживеале онаа сомнеж во законитоста на иконите. Во една таква атмосфера, императорите кои трпеле вековни притисоци од страна на фанатичниот ислам, не можеле, а да не паднат во искушение. Прв од тие цареви бил моќниот и необразован војник Леон (Лав) 3 Исавријски (717-741).

Леон (ЛАВ) 3 Исавријски (717-741)

Лав по раѓање бил Исавриец, а по семејство-Сириец. По функција бил „ источен главен командант “. Тој пораснал и се навикнал на општоприфатените иконоборечки поими, како помеѓу павликијанците, така и кај монтанистите и новатијанците.

Лав со узурпаторски манири ја презел власта од нејакиот Теодосиј 3. Меѓутоа, Лав веднаш се оправдал, со тоа што го спасил Константинопол од страшните опсади од страна на Арабјаните. Ако Лав не ги победил Сарацените, Константинопол би бил  уште 717 година под арапска муслиманска власт.

Иконоборечкото движење кое настанало помеѓу ерархијата , нашло на добар отсјај во срцето на Лав 3. Во 726 год. дошло до вулканска ерупција на морското дно, северозападно од Крит и помеѓу Кикладските острови се појавило нов остров. Во ова императорот видел знак на Божјиот гнев. Заради што? Заради  „идолопоклонство“. Така се протолкувал овој знак во дворските кругови, па повикал Таен совет таканаречен Silentium, да би го изложел своето негативно мислење за иконите. Но, патријархот Герман (715-730) мислел дека такво прашање не е можно да се решава без вселенски собор. Истата година, царот со својот прост војнички ум почнал борба против иконите, со наредба да се тргнат од црките и верниците да не ги целиваат и да не им укажуваат почит. На ова патријархот Герман и римскиот папа Гргур 2 (715-731) залудно се труделе да го одвратат царот од тоа, докажувајќи му, дека таквата наредба, колку и да е оправдана наредба, на спаѓа во делувањето на царот, туку на ерархијата или синодот. Но, царот не попуштал и се наслонувал на тогашното раширено мислење дека и царевите се еден вид првосвештеници, велејќи: „Јас сум цар и воедно свештеник (Βασιλεός είμι καί ιερεὐσ)“. На тоа патријархот Герман се бунел, па во 730 год. на патријаршискиот престол бил ставен сингелот Анастасиј (730-754) со која помош и со другите епископи ја отпочнал борбата против иконите, со насилно разбивање или спалување.

Против оваа борба застанал Јован, учен Грк и Свети Јован Дамаскин, кои што како Јован, така и семејството на св.Јован Дамаскин ги сметале за пријатели на калифите и уживале во неговото поверение, без обзир на житијата. Но, со смртта на царот Лав, не престанува борбата против иконите. Таа борба ја продолжил неговиот наследник и син, Константин 5 Копроним(741-775).

КОНСТАНТИН 5 КОПРОНИМ (741-775)

Константин е човек кој што некои историчари го вознесуваат до небото поради неговите победи и процветот на економската состојба на државата. Меѓутоа, никој не може да ја порекне неговата варварска опакост и садизам во прогонството на верниците, како ни неговата лична развратност. Неговото име Копроним (Κοπρόνυμος- оно на кого името е ѓубре) било знак дека ќе ги гони православните. Тој не бил само против христијанството, туку и против секкоја религија.

Уште од почетокот на неговото владеење доживеал искушение, кое што покажало дека неговата политика е несигурна база на неговото владеење. Имено, неговиот зет, Ерменецот Артавазд, главен командир на територијата на Ерменија, го искористил отсуството на Константин на источниот фронт, го прогласил за мртов, а самиот за нов император. Неговата власт ја признал патријархот Анастасиј, иконите и јавно објавува дека Константин е еретик. Ова траело една година, па кога дошол Констатин во Константинопол со своите трупи, го трга од власта Артавазд, го ослепува него и неговиот син, а, патријархот Анастасиј бил исмејуван (јавно бил воден на магаре), но сепак не бил сменат и повторно да служи за иконоборство. Овој инцидент претставувал привремено предупредување и во текот на 11 години, ништо не се променило во однос на иконите. Па така, во 754 година се одржал познатиот иконоборечки собор.

Соборот се одржувал во Ерија, на спротивната страна од Босфор, помеѓу Хрисопол и Халкидон. Овој собор бил замислен како „вселенски“, но, ни Рим, ни Александрија, ни Антиохија, ни Ерусалим не пуштиле свои претставници. За време на отворањето на соборот, Анастасиј починал, а на негово место бил избран монахот Константин, епископот Силејски од страна на Константин Копроним. Соборот траел од 10 февруари до 8 август. На 27 август, на хиподромот, била фрлена анатема врз бранителите на иконите: Герман Константинополски, св. Јован Дамаскин и Георгиј Кипарски, а оците на соборот го величале Константин 5 Копроним како 13 апостол и свечено го прогласиле: „Спасението на светот е денес, затоа што ти, цар, не искупи од идолите“.

На овој „собор“ било одлучено: „Под образот на христијанството, ѓаволот вовел идолопоклонство, убедувајќи ги христијаните со своето лажно мудрување да не се одвојуваат од тварите, туку, да и се поклонат, да ја почитуваат и уважуваат тварта како Бога“. Но, и покрај забраната за иконите, никој не смеел да стави рака на нештата кои се посветени на Бога (одежди, завеси). Започнало „чистење“ на црквите од икони. Било наредено ѕидовите од црквите да бидат премачкани со малтар и да се цртаат растенија и птици, па така црквите почнале да личат на „зелени полјанки“ и „продавници за птици“. Биле уништувани и книги на кои имало мали икони. Посебно против императорите-иконоборци биле монасите. Па, поради тоа, Константин ги навредувал со секакви погрдни зборови,

луѓето фрлале со камења по нив и имало и маченици: монах Адријан Калиит, игуменот Јован, св.Стефан Нов и неговите ученици.

ЛАВ 4 ХАЗАР (775-780)

Кога Константин 5 Копроним умрел (775), престолот го наследил неговиот син Лав (Леон) 4 Хазар (775-780), наречен така затоа што мајка му била хазарска принцеза. Кога дошол на власт, мислел дека немало повеќе почитувачи на иконите. Но, по 5 години од неговото владеење, нашол под перницата на неговата жена Ирина религиозна слика- икона. Царот почнал со казни и кон својата жена, но уште повеќе кон своите дворјани, но наскоро умрел, можеби и од отров.

КОНСТАНТИН 6 ПОРФИРОГЕНИТ

Него го наследил неговиот син, Константин 6 Порфирогенит (Πορφυρογεννητος-780-797), а Ирина добила регентство во име на нејзиниот малолетен син. Иконопочитувачите сé уште не можеле да се изјаснат, иако царицата била наклонета кон иконите. Тие се плашеле од војската, која се состоела скоро од самите иконоборци. Но, со текот на времето, иконоборството се стишувало, цариградскиот патријарх Павле во 784 година влегол во манастир и се каел што молчел како нем. Потоа, на местото од патријархот Павле, по дозвола од царицата бил поставен Тарасиј (784-806), нејзиниот секретар, кој што бил од лаичкиот ред, под завет дека ќе се одржи собор. Тоа било прифатено и Тарасиј веднаш започнал со припрема за собор, а биле повикани источните патријарси, римскиот папа Адријан 1 (772-795) и епископите од Византиското Царство. Соборот требало да сеодржи на 7 август 786 година, меѓутоа, војниците кои што нашле едномисленици меѓу епископите правеле завера да не се одржи Соборот.

На 6 август, вечерта , закажале протест во предворјето на храмот св. Софија, секој викал на својата страна, но се сложиле за едно, а тоа е да не се дозволи да се одржи овој собор. Императорката Ирина одлучила да отпочне со работа Соборот наредниот ден. Кога се дошло до разгледување на работата од соборот во 754 година, се појавиле мноштво војници, како што биле договорени со некои епископи, кои му се заканувале на патријархот и на останатите епископи. Иконоборечките епископи викале: „Победивме!“ и „Да живее 7 Вселенски Собор“- соборот од 754. Но, Ирина, користејќи ја нејзината вештина и снаодливост, се оддалечила од престолнината, под изговор дека се води борба со Арапите, без да пролее крв, таа ги разоружала бунтовниците и на нивно место биле поставени нови, млади војници. Така, конечно, можело да се одржи 7 Вселенски Собор . За град бил избран Никеја, мал, но, познат бидејќи во него се орджал 1 Вселенски Собор. Имало 8 заседанија на соборот и тоа: 1 во Никеја, на 24 септември, во храмот Св. Софија и последниот во Константинопол, во присуство на Ирина и Константин, на 23 октомври. Овој Собор траел кратко; по обичај во средината на храмот, помеѓу редовите за седење, било поставено Евангелие, а на предлог на римските делегати, на 5 заседание била донесена одлука, следниот пат да се донесе икона и да `и се поклонат.

Овој собор го отворил Тарасиј со краток говор и ги поикал останатите кратко да настапат. На Соборот присуствувале 300 епископи и на монасите им е дадено пристап и советувачки глас во синодот поради нивните заслуги во работите за иконите, што се случило прв пат. Но, одлучувачкиот глас го имале епископите. Оние епископи кои учествувале на соборот 754 година, кои ја признале својата заблуда и молеле за опростување, им било опростено.

На првото заседание биле воведени 3 епископи: Василиј Анкирски, Теодор Мирликијски и Теодосиј Аморијски. Од нив можело да се слуша само λίβελλοι, т.е. покајнички изјави. Тие веднаш биле примени во својот чин и сместени на своите катедри на самиот Собор.

Православното учење било дефинирано вака:„ Не само да е дозволено, туку и корисно и на Бога угодно да се ставаат религиозни слики и да им се укажува чест; но тоа почитување е само укажување на чест (προσκύνισις), а не нивно служење (λατρεία), затоа што служењето му прилега само на Бога; тоа почитување е само релативно (σχετική), затоа што се укажува на сликата само поради лицето, кое што е на неа претставено.“

На 7 Вселенски Собор биле донесени и 22 канони, од кои поважни се: 3, забранува избор на државни службеници во свештенички чин; 4 и 5 се забранува симонија; 6 го повторува барањето за собор на епископи, најмалку еднаш годишно и им забранува на митрополитите да бараат од епископите кои доаѓаат на соборот да им дадат што било; 10 ја повторува забраната клириците да ја остават својата парохија и да се завземат за светски должности; 11 го повторува барањето да во секоја црква и манастир да постои економ; 12 заповеда на епископите и игумените да се грижат за сиот црковен имот и со него да располагаат, но ништо не смеат за себе да присвојуваат, под закана на прогон; 15,16,18 и 22 на свештенослужителите и монасите им забранува користољубие, раскош и близок однос со лица од женскиот пол; 20 забранува созадавање  „двојни манастири“ во кои жените би живееле заедно со мажите, како и близок однос на монах и монахиња; 21 им забранува на монах и монахиња да го остават својот манастир и да заминат во друг, без дозвола на игуменот.

Со повикувањето на Вселенските Собори, биле решавани суштествени прашања кои ја засегале целата Црква Христова. Сѐ до повикувањето на Седмиот Вселенски Собор, иконопочитувачите биле гонети од страна на власта, се додека не дошол на престолот Константин 6 Порфирогенит, кој заедно со мајка му, Ирина, го повикале овој Собор.

Седмиот Вселенски Собор го решил прашањето за иконите и  е формулирано дека иконите не се идоли и не им служиме, туку им оддаваме чест на ликот кој што изобрзауван на иконата. Во денешно време, нас, православните христијани, муслиманите и протестантите нé обвинуваат за идолопоклонство, но тоа не е така бидејќи, проблемот за иконите е решен на 7 Вселенски собор, со тоа што ние не ги обожуваме иконите и не им служиме, туку, им оддаваме чест. Но, одлуките од овој Собор не ги прифатиле сите, па и подоцна ќе бидат одржувани и други иконоборечки собори, на кои ќе биде решено иконите да се исфрлат од употреба.



Подготви: Маргулевски Александар, дипломиран теолог

 

http://www.pppe.mk/2018/spomen-na-svetite-ottsi-od-sedmiot-vselenski-sobor/

 

Друго:

Спомен на Седмиот Вселенски Собор

 
Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ? се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека н ? помилува и спаси. Амин.

Тропар
Препрославен си, Христе Боже наш, Кој на земјата за светила си ни ги дал Отците наши, и преку нив си н? упатил сите во вистинската вера; Многумилостиве, слава Ти.

Кондак
Синот, Кој засветли од Отецот неискажливо, се роди од жена во две природи; а ние, гледајќи Го Него, не се одрекуваме од ликот на Неговите црти, туку чесно сликајќи Го, верно Го почитуваме. Поради тоа Црквата, пазејќи ја вистинската вера, ја целива иконата на Христовото вочовечување. (МПЦ-ОА)

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

« »