логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Со задоволство ја прифатив поканата за средба со уметникот, карикатурист и стрип-мајстор Златко Крстевски. Сакав да го видам творечкото катче на уметникот кој ја почна оваа година со големо достигнување – Музејот во јапонскиот град Саити откупи негово дело. Ќе биде овековечено во земјата на изгрејсонцето.

Работи во својот стан во центарот на Прилеп. Скромно е. И сè е во знакот на уметноста. На сите страни уметнички дела, листови карикатури, стрипови, четки, бои, каталози, признанија. Секој метар простор е раскошна уметност, а скромност на уметникот. И без да прашам знам – уметноста е сè во животот на Крстевски. Цели 35 години.



Со извинувачка насмевка вели: „Не ми е средено. Да направам место за седење“. Но, нема време за тоа ако почнете да ги разгледувате делата, признанијата, да ја впивате уметноста на Крстевски. А во меѓувреме - разговорот тече.

Почнал со сликарството, се префрлил на карикатурата и стрипот. Иако и сликарството не го напушта. Како се случи преминот од еден во друг уметнички израз? Крстески едноставно вели – го барав најдобриот израз на моите чувства.

- Сѐ почна во 1983 година кога испратив карикатура на Светската галерија на карикатури во Скопје. Oттогаш сум учествувал на многу меѓународни изложби. При срце ми е карикатурата. Низ неа ги кажувам своите пораки. На брз, лесен и едноставен начин. И тоа успева со обични кротки движења, со обичен цртеж. За разлика од тоа, сликарството е многу напорен и скап занает. Mаслото на платно, на пример, е скапа техника и денес многу неисплатлива. Сега е нов, 21 век. Во современата уметност се прелеваат изразите – од уметноста во карикатурата и обратно. А оттука и во стрипот. Нема граници помеѓу уметноста. Сега дојдовме до моментот кога се претставува уметноста преку новите технологии, разликата речиси и не постои - вели Крстевски.



Светот доволно го знае Крстевски. Импресивен е неговиот пат низ светските изложби, работилници, музеи. Го има во повеќе меѓународни антологии во Јапонија, Во 1990 година учествувал на Цетинскиот салон на современа ликовна уметност во Црна Гора, во музејот Миа во Саитама во Јапонија, а во 1995 година во галеријата „Сохо“ во Њујорк. Во 2004 година е дел од голема годишнина – 200 години од Санкт Петербург. Дело на Крстевски се најде на насловната страница на луксузниот каталог од тамошниот музеј на комуникации. Станува збор за околу 50 награди: награда за графика од 1999 година од Америка, награда од Кина во 2005 година, потоа награда од Копер во 2007 година од тамошниот фестивал за хумор, во 2008 година награда од Украина, од Музејот на историја и религии…Сите се мили и при срце, ама муабетот врти кон она последното признание во Јапонија.

- Посебно ме радува што оваа година имав откуп на дело од музеј од Јапонија. За нив сум можеби анонимец. Но откупија мое дело и за мене е посебна вредност, зашто, знаеме, колку Јапонците ја ценат уметноста. Делото беше тематско, а темата беше „Железница“. Станува збор за нивна трансферзала до Токио, а уметникот требаше да се инспирира. Интересно и импресивно е што на каталогот е потпишан градоначалникот на Саитама Сити. Свое обраќање имаше и кустосот на музејот. А ова беше посебна чест, со нескриено задоволство - раскажува Крстевски.



На шега прашувам како ќе ги троши парите, а тој сериозно вели – ги платив сметките и интернетот.

Светот го познава Крстевски, но што се случува во Македонија со уметноста, стрипот, карикатурата.

- Во 1987 година во тогашниот „Студентски збор“ имаше голем ентузијазам и сите објавувавме стрипови. Тогаш главен и одговорен уредник беше Мице Јанкуловски, кој сега е прв човек на светската галерија на карикатури и цртежи во Скопје. Имаше голем ентузијазам да се работи, да се објавува. Сега нема печатен медиум каде што може да се објави нешто. Нормално, и достојно да се валоризира - вели Крстевски.

Името на Златко Крстевски, рамо до рамо, се наоѓа со потписите на Димитар Чудо, Ане Василевски.

-  Бев член во Друштвото на карикатуристите на Македонија кога порано постоеше. За жал, сега го нема. Многу асоцијации се растурени, распрснати, раскарани поради средства, пари. Сега сум член на Друштвото на ликовните уметници на Битола. Изложувам свои платна. Кога пропадна печатениот медиум, кој одвреме-навреме живурка, карикатурата се изгуби. Веројатно, сите почнаа да преземаат туѓо од интернет. Македонија и Србија беа познати по карикатурите и стриповите. Сè до 2000 година. Доста автори заминаа во странство, на пример Канада, Австрија. Таму подобро се снаоѓаат и имаат услови за работа - раскажува малку носталгично Крстевски.



Ако стрипот имаше експанзија во 60-тите, 70-тите години, слично е и со карикатурата. Таа денес прави втора експанзија. За неа има многу инспирација.

- Сè што се случува во светот е инспирација за карикатуристите. Некои, сведоци сме, се на црната листа поради карикатурите. А карикатурата, колку и да е необично, е многу прифатена во Турција, во Иран. Еве, во Турција, прва награда за карикатура е 8.000 долари. Тоа е уметничка, а не комерцијална карикатура. Кога сме кај стрипот, и тој денес го има својот „камбек“. Во Америка се издава речиси секојдневно. Тој е како концептуална уметност за да се направи филм во Холивуд. Стриповите се сега во форма на филм. За жал, кај нас не е така. Претходно се работеа некои патриотски стрипови, веројатно тоа беше начин да се повлечат средства за да направат комерцијални и ангажирани потези - вели Крстевски.

Инспирација за карикатурата има на секој чекор: од дневните политички ситуации: од еколошките катастрофи, глобалното затоплување, општите светски катастрофи, гладот, Балканот е секогаш инспиративен.



Уметникот, карикатурист, стрип-мајстор отворено вели дека во Македонија недостига поддршка за новата, алтернативна, модерна струја, наспроти претходно поддржуваната патриотска струја.

- Треба да се поддржи уметноста, а не да се враќаме назад. Потребни се современи, напредни идеи; современа уметност и карикатура. Како уметници, треба да имаме простор за творење. Градските власти тоа го обезбедуваат за уметниците што останале во државата. Таква е ситуацијата во соседна Србија, во Панчево. Пред неколку години тоа го имаше во Битола. А треба да има во сите градови - уверен е Крстевски.

Крстевски признава – тешко е да живееш во мало место и да се занимаваш со планетарна уметност. Ама од својата уметност не се откажува, по никоја цена.


- Ако немаш современи технички средства (компјутер, интернет, што одреден период и немав), тешко ќе се снајдеш. Но, не се откажувам од уметноста, иако таа чини многу. Се снаоѓам. Учествувам на сите можни меѓународни конкурси. Испраќам по брза пошта. Тоа најмногу го сакаат светските галерии, а не електронски, по интернет. Бараат делата, сликата или цртежот да бидат рачно потпишани од уметникот. А многу малку се бара да се испратат по интернет. Тоа се сфаќа како несериозно. Сè уште се бара автентичноста - вели Крстевски и веднаш го продолжува разговорот каде на други меѓународни конкурси и изложби „ќе отпатува“. Односно – неговото ново дело.

И, иако живее во мал, скромен дом, уметникот, карикатурист и стрип-мајстор Златко Крстевски го обиколува светот, веќе 35 години.

Автор: Елизабета Митреска

Извор: МИА

https://www.fakulteti.mk/news/13022019/karikaturite-na-zlatko-krstevski-od-prilep-proshetale-niz-cel-svet

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 685
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1161
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 6544
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »