логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 


Петок, 12 Декември 2014 14:55

prevodi_porta_makedonija__03_640x400
Проектот „135 тома македонска книжевност“, кој интегрално беше преведен на англиски јазик, сублимирано ќе биде достапен на уште шест јазици, во антологиски избори, во издание на НУБ „Св. Климент Охридски“ …

Едицијата ќе има вкупно 48 книги­-антологии (за македонската поезија, расказ и драма, избор од македонската литература за деца и од македонската критика и есеистика и двотомен преглед на македонскиот роман) на француски, германски, шпански, руски, кинески и на арапски јазик.

Министерството за култура денеска ги промовираше првите десет изданија (антологии) од проектот кој е именуван „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“: избор од македонската поезија преведена на руски јазик; современа драма на руски, шпански и на француски јазик; македонскиот расказ во превод на кинески и на руски јазик; македонскиот есеј на шпански и на кинески јазик и антологијата на македонскиот роман, том 1, на руски и на германски јазик.

prevodi_porta_makedonija_09a_640

На промоцијата на првите преведени избори премиерот Никола Груевски истакна дека со новите преводи ќе им биде доближена нашата култура и богатото литературно творештво на голем број љубители на литературата надвор од Република Македонија.

- Еден цел серијал од жанрови и дела од сите генерации македонски творци преку овој проект ќе станат достапни за граѓаните на многу држави и од повеќе јазични подрачја. Со тоа, уште еднаш ја покажуваме нашата посветеност за валоризација на нашата литературна мисла и нејзината афирмација на светската литературна сцена. Убеден сум дека овие антологии ќе најдат место во многу национални библиотеки, читални, научнообразовни институции и приватни домови, со што на целата светска јавност ќе и биде достапен еден добро одбран и репрезентативен избор на најдоброто од македонската книжевност - рече Груевски.

Тој ги спомна и другите капитални литературни и образовни проекти што ги спроведува Владата во изминатите години. Покрај 130-­те тома македонска книжевност, објавени се и дела во едициите „Нобеловци“ и „Ѕвезди на светската книжевност“, изданијата од проектот „Превод на 1000 стручни книги“, како и проектите „Македонски искушенија“, „Македонски дејци“ и „Pro Macedonia“.

prevodi_porta_makedonija__04_aa640

Министерката за култура Елизабета Канческа­-Милевска соопшти дека по завршувањето на новиот проект, антологиите ќе бидат дистрибуирани во национални библиотеки и научнообразовни центри во земји во кои се говорат јазиците. Новата едиција ќе му ги соопшти на светот пораките од пишаните мозаици на македонското литературно творештво, од сите жанрови и од сите генерации македонски творци кои сведочат за развојните процеси на македонската литературна, културна и национална мисла. Уверена сум дека ќе биде убава можност, богатството на македонската примарна книжевна продукција да прозвучи на останати јазици кои ќе ја доловат суптилноста на македонската творечка мисла - истакна Канческа­-Милевска.

prevodi_porta_makedonija_08

Извор:

 http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/novosti/1814-antologiski-izbori-od-makedonskata-literature-prevedeni-na-sest-jazici



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 685
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1161
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 6544
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »