логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 ИНТЕРВЈУ: ДЕЈВИД МИЧИНСОН, KУРАТОР

Од Хенри Мур се учеше и уметност и трговија

Скулпторот секогаш сакаше моментни резултати и заради тоа секоја задача ја завршуваше под мотото „направи го сега“ и тоа го очекуваше од целиот тим, вели Мичинсон

Македонската публика третпат ќе може да види оригинални дела од големиот скулптор на 20 век, Англичанецот Хенри Мур (1898-1986). Изложбата на која ќе бидат поставени 80 графики (бакрописи и литографии) и шест скулптури-минијатури ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје. Експонатите се дел од уметничката збирка на Британскиот совет, кои уметникот лично им ги донирал на институцијата по повод 50-годишниот јубилеј.

Во Скопје ќе дојде и кураторот Дејвид Мичинсон, поранешен раководител на Фондацијата „Хенри Мур“, близок соработник и врвен познавач на животот и делото на уметникот. Во ексклузивното интервју за „Дневник“ тој зборува за животните и професионалните искуства со големиот автор, за своите лични достигнувања.

Kога зборуваме за уметноста на Хенри Мур, еден од најголемите скулптори и уметници на 20 век, не верувам дека е лесна задача да се направи концепт за која било изложба, да се селектираат делата.

- Историјата на оваа изложба се враќа речиси 30 години назад, до 50-годишнината на Британскиот совет во 1984 година. За да го одбележи настанот значајно, Хенри Мур реши да му подари свои дела на Советот, првенствено на Одделот за визуелни уметности. За да ја охрабри нивната изложбена програма, тој донира збирка од свои графики и литографии и ме замоли да ја направам селекцијата. Во тоа време направив колку што можев поразновиден избор од тоа што беше достапно и делата беа подарени. Подоцна, веројатно по смртта на Мур во 1986 година, една моја пријателка, Ен Елиот, во тоа време раководителка на изложбите во Советот со која работев меморијална изложба во 1987 во Националната галерија на модерната уметност во Њу Делхи, предложи да ја разгледаме колекцијата на графики и да ги поделиме. Така направиме неколку помали, мобилни изложби, кои Советот ќе може да ги користи за турнеи, кога нивните дела од Мур требаше да се изложат на друго место. Заклучивме дека има доволно материјал да се направат три изложби со пристоен обем. Со мали измени низ годините, се покажа дека овие изложби станаа многу популарни низ целиот свет. Со задоволство гледам дека за поставката во Скопје се додадени и неколку скулптури. Со оглед на тоа што Мур е најмногу познат по својата троидимензионална работа, ми се допаѓа што се вклучени и скулптури.

Војната - пресврт во кариерата

Бевте близок соработник на Хенри Мур многу години. Kако куратор, Вие сте меѓу неколкутемина со најголемо знаење за неговиот живот и дело. Можете ли да ни кажете кој беше „клучниот момент“ поради кој неговиот стил стана меѓу најважните и најпрепознатливите во тоа време?

- Kако и за многу милиони луѓе, Втората светска војна, особено 1940 година, беше клучна во животот на Мур и во неговиот развој како уметник. Дотогаш тој беше добро познат и почитуван меѓу мала група интелектуалци од Лондон, кои беа свесни за него како учител и виделе, можеби и купиле негови дела во галериите на продавачите. Но, остана непознат за широката јавност. Загубата на неговото студио во Лондон за време на бомбардирањето и неговиот преселување во околината на Хертфортшир значеа и едногодишна пауза од скулптурата. Тоа е единствениот прекин во седумдецениската кариера. Тогаш се концентрирал на воени цртежи, прво за засолништа во лондонското метро потоа и во рудниците за јаглен во Јоркшир. Изложбите на делата од воениот период, на тие силни, фигуративни цртежи, му донесоа признание од многу поширока публика. Некои од мотивите на овие цртежи, фигури на мажи, драперии, потпрени фигури потоа беа употребени во неговите поствоени бронзени скулптури, кои беа поголеми и подостапни за поширока публика.

Никогаш не беше здодевен

Цели триесет години бевте водечка личност во Фондацијата „Хенри Мур“. Kуриравте многу изложби во повеќе од 40 земји низ светот. Kој беше ефектот од нив и дали сте задоволен со тоа што го постигнавте?

- Имав среќа како млад човек да го придружувам Мур кога с` уште беше во состојба да патува. Дури и кога ги селектираше и поставуваше сопствените изложби, правев многу нешта. Тоа што бев со него, на пример, во Форте ди Белведере во Фиренца во 1972 година или во Уметничката галерија на Онтарио во Торонто две години подоцна ми овозможи да гледам и да прибележувам. Помагајќи зад сцените со разновидни задачи - од подготвување информации за каталози и слики, контактите со новинарите и сортирање на буџетот, регистрирање, организирање транспорт, врамување на делата од хартија, се покажа неверојатно корисно за с` што следуваше. Kога беше формирана Фондацијата „Хенри Мур“ во 1977 година, авторот му ги предаде организациските аспекти за изложбите и поголемиот дел од кураторството на мал тим и н` остави ние да ја продолжиме работата. Kако минуваше времето, изложбите станаа пообемни, исто како творештвото на Мур. За мене, кога ја презедов целата кураторска програма, најуспешни испаднаа изложбите со големите дела поставени под ведро небо, во атрактивен природен или урбан пејзаж, а можеше да ги видат многу луѓе. Можноста да се изложат неговите дела надвор овозможи да се пронајде свежа публика, како што беше случајот со Париз (1992), Пекинг (2000), Бразилија (2005) или во поново време на турнејата на екстериерна скулптура, која почна во 2007 година во Kралската ботаничка градина во Лондон и продолжи во градините во Њујорк, Атланта и во Денвер меѓу 2008 и 2010 година.

Негово мото беше „направи го сега“

Лично го познававте големиот уметник. Kаков човек беше?

- Работев со Мур од 1968 година, за време на последните 18 години од неговиот живот. Првите девет години во мала канцеларија, сместена среде неговиот дом во Хогландс, а другите девет, во блиската канцеларија на Фондацијата „Хенри Мур“. Никогаш не беше здодевен. Постојано креативен и целосно самостоен, не сакаше предолго да биде далеку од своето студио. Тоа што беше светска ѕвезда значеше дека сите доаѓаа да го посетат. Тој го делеше своето време демократски - исто време им посветуваше и на групите студенти и на потенцијалниот клиент. Беше природно и добар учител и добар трговец. Никој не си заминуваше со чувство дека е запоставен. Немаше многу трпение и лесно се фрустрираше кога некое дело не се развиваше како што тој очекуваше и лесно се заморуваше ако некој гостин останеше предолго. Секогаш сакаше моментни резултати и затоа секоја задача ја завршуваше под мотото „направи го сега“ и тоа го очекуваше од целиот тим. Еднаш, на шега, овие три збора со дебел фломастер ги напишав на голем хамер во боја и го закачив на ѕидот во канцеларијата, надевајќи се дека ќе го забележи. Го забележа, но ништо не искоментира, очигледно верувајќи дека го закачив како потсетник за себе!

Весна И. Илиевска- Дневник


18.04.2013 год.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=86E84FFB9B0D7C4EA1BBD0AC230698EC



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 124
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 122
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 140
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »