логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Цветко Иванов (1908-1984) е еден од основоположниците на македонската фотографија, чие дело дури сега поцелосно се претставува пред јавноста благодарение на неговата грижливо сочувана оставина. Таквиот однос зборува за авторска самосвест дека нешто вредно се остава за иднината. Цветко Иванов во 1939 година ја организирал својата прва самостојна изложба, која според досегашните сознанија е прва изложба на македонска фотографија кај нас. Организаторите на изложбата направиле обид аналитички главно низ формалните и тематски аспекти да го согледаат неговото дело.

Македонската фотографија не е целосно проучена област, што наметнува извесни ограничувања, меѓутоа опусот на браќата Манаки, на Благоја Дрнков, Киро Билбиловски, Лазо Величковски и други цврсти историски точки можеле да бидат повод за посеопфатна компаративно-критичка обработка на творештвото на Цветко Иванов. Покрај тоа пропуштена е можноста да се утврдат сродните тематски и стилски преокупации меѓу фотографијата и делата на основоположничката генерација македонски уметници со што би се добила поцелосна слика за културните и уметничките текови на нашиот простор.

Цветко Иванов во 30-тите години изработил серија фотографии со нагласени национални белези; тој селективно и со лирски сензибилитет ги регистрирал фактите од животот посебно појавите во природата и луѓето во неа кои се согледани во различни односи и значење во пејзажот. Своите теми ги доживувал непосредно, но секогаш се обидувал да им даде осмислен поредок и атмосферски сугестии. Тој бил привлечен од живописноста на пределите и руралните теми, извлекувајќи ги од нив елементите на едноставна и наивистичка геометриска артикулација на интимно доживување со одделни социјални моменти и симболично претставување. Употребата на филтри, како и на основните ликовни постапки како што се сечење на кадарот, распоред на светло-темните делови, определувањето на просторните планови и аголот на снимање ќе посведочи за постоење на два аспекти во неговата работа; Цветко Иванов го задржал основното уверување дека фотографијата пред се е објективен документ како и нејзините практични методи, но исто така вложувал напор и на фотографијата да и даде естетски и изразни белези што би значело излегување од рамките на занаетот.

Оттука, на Цветко Иванов не му биле туѓи искуствата на фотографскиот пикторијализам како и влијанијата на југословенската фотографија (Т. Дабац и други) негувајќи го интересот за форма и поврзување на инстинктивното и мекиот "конструктивизам" во обработката на темите, Примитивност (Долап), Билјана платно белеше, Вршење, Покрај пруга, Наводнување-чекрек, Овчарот и неговото стадо, Девојчиња играат петкаменци, Малото циганче и други од 30-тите години; Пасторала, Во пресрет на зимата од 40-тите години; Предвечер, Изработка на ќерамиди и други од 50-тите години.

По Втората светска војна Цветко Иванов одржува континуитет во својата работа ставајќи нагласка на теми кои ги одразуваат идеалите и стремежите на времето. Неговата работа и излагање се одвивале и преку фотоклубовите "Скопје" и "Вардар". Покрај старите се појавуваат нови теми: охридски рибари, снимки со графички ефекти, ликови на бригадири со ведрина и оптимизам во изразот создадени во периодот на соцреализмот, мотиви од Старата скопска чаршија, работници-ѕидари, бели едрилици на вода, ткајачки со нагласка на светло-темното, излози пред кои старото се доближува до новото, архитектурата на старо и ново Скопје, плоштадот со старите згради кои ќе исчезнат во земјотресот 1963 година. Недолго по третата самостојна изложба во 1954 година Цветко Иванов се повлекува од учество на изложби.

Во фотографиите од тој период Цветко Иванов применува долна визура и крупен план, продолжува да ги обработува и доловува закосените линии на пределот и фигурите потоа хоризонталите и суптилни вертикали. Таквите белези веројатно ги навело организаторите, не толку уверливо да заклучат дека станува збор за "прв носител на модерниот сензибилитет и современ израз во македонската фотографија".

Во каталогот за изложбата се укажува дека Цветко Иванов никогаш не се занимавал професионално со фотографскиот медиум, како и на фактот дека во средината на 50-тите години се здобил со звањето кандидат мајстор од фотосојузот на Југославија, како и со меѓународно звање "уметник" на ФИАП.

Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ

Извор: Вечер



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »