логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

33. издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ ќе се отвори со „Трето полувреме“, а ќе се затвори со „Балканот не е мртов“


Битола - Италијанскиот директор на фотографија Лучано Товоли е годинешниот добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 33. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Годинава фестивалот ќе се одржи од 15 до 21 септември.

Товоли во Битола ќе помине четири фестивалски дена, а наградата ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот. Годинешниот лауреат е соработник на најголемите автори на денешницата.

„Товоли влегува во клубот на великаните на фестивалот ’Браќа Манаки‘ придружувајќи им се на неговите сонародници: Тонино Дели Коли, Виторио Стораро и Данте Спиноти. Има работено со култниот Микеланџело Антониони, со Нани Морети како и со актерите Џек Николсон, Жерар Депардие, Софи Марсо“, рече Лабина Митевска, директор на ИФФ „Браќа Манаки“ на прес-конференцијата во Битола.

Првпат годинава фестивалот ќе биде отворен и затворен со македонски филмови. За свеченото отворање е предвидена премиерата на „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, додека затворањето ќе го одбележи, исто така, премиерното прикажување на „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски. И во двата филма има делови кои се снимени на локации во Битола.

„Ексклузивно, не во Скопје, туку во Битола на „Браќа Манаки“ ќе бидат прикажани двата македонски филма. Фестивалот си го добива заслуженото место меѓу филмските работници во Македонија. Со ова ја стимулираме и домашната продукција. Пред две години имав конфликт кога го побарав филмот ’Мајки‘ на Манчевски ексклузивно да биде прикажан на Манаки. Тогаш беа во шок, како јас барам ексклузивитет пред Скопје. Но, реков, ако не го давате нема да го прикажеме“, изјави Митевска, најавувајќи дека оваа година македонските филмовите ќе имаат по две проекции, со цел да се задоволи публиката во Битола.

Инаку, годинава во фокусот на „Манаки“ ќе биде шведскиот филм. Во соработка со амбасадата на Шведска во Македонија, во Битола ќе бидат прикажани четири филма, меѓу кои и „Плеј“ кој беше прикажан на Канскиот фестивал. Филмската програма за фестивалот се затвора за две недели, но Митевска вели дека и годинава во официјална конкуренција ќе бидат 10 до 12 филмови. А меѓу нив ќе бидат и двата македонски филма.

Оваа година фестивалот ќе се послужи со дигиталната опрема од Сараевскиот филмски фестивал. Директорката на фестивалот, Митевска, на речиси два месеца пред почетокот на „Манаки“ го отвори и проблемот со немање соодветена технологија за прикажување на фимовите во Битола. Таа побара помош од државата и од општината за набавка на дигитална опрема за прикажување на филмовите, бидејќи најголем дел од новите филмови се снимени на ДСП технологија.

Извор: Утрински весник

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…
Септември 18, 2023
TVIT809

ИНТЕРВЈУ Слаѓан Пенев, селектор на ИФФК „Браќа Манаки“: Ги сакам филмовите со силно авторство, храбри сижеа, многу прогресивни идеи, но и класични пристапи

Филмскиот критичар Слаѓан Пенев е селектор на главната натпреварувачка програма на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ веќе трета година. Пред годинешното 44-то издание на битолската смотра на светските мајстори на филмската камера,…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 138
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 277
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 654
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Ное 29, 2022 Ликовна уметност 876
1926.Sava.SHumanovich
Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Александар Несторовски:16-та недела  по Педесетница 24/09/2023

Александар Несторовски:16-та недела по Педесетница 24/09/2023

Преку денешнава парабола, Христос не поучува дека секој од нас е создаден од Бога со уникатна убавина, различна од другиот до нас. На секој од нас Бог ни дарил разнообразни...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

 Митрополит Струмички Наум Отсекување на главата на свети Јован Крстител (10.09.2022 15:45)

Митрополит Струмички Наум Отсекување на главата на свети Јован Крстител (10.09.2022 15:45)

Во Ирод четворовласникот го препознаваме самољубието во сите три негови пројави или потстрасти: сластољубие (желба за телесни задоволства), среброљубие (желба за пари и имот) и славољубие (желба за овоземна власт...

Порака на српскиот патријарх Порфириј до учениците на почетокот на учебната година

Порака на српскиот патријарх Порфириј до учениците на почетокот на учебната година

Да си помагаме меѓусебно за подобро да ги научиме лекциите, бидејќи сме си потребни еден на друг, сите зависиме еден од друг. Затоа треба да ги негуваме другарството и заедништвото....

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Бог го бара нашето срце и нашиот чист живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Бог го бара нашето срце и нашиот чист живот

Бог нема потреба од зејтин, лепење пари по иконите и нема потреба од ништо од нас материјално.Да одиме кај бајачи и гледачи кои ќе ни кажат да носиме зејтин, или...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Самите имаме потреба од простување

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Самите имаме потреба од простување

Секоја молитва што ќе ја изговориме е крик за простување: „Господи Исусе Христе, помилуј ме, грешниот!“ Еве што вели Бог: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

27/09/2023 - среда

Воздвижение на Чесниот Крст-Крстовден (пост)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2023

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2023

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2023

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2023

Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,о сило побрза од молњата,

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 31 август / 13 септември 2023

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 31 август / 13 септември 2023

Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето,ризата и појасот на твоето пречисто телоси ги дарила на твојот град како моќна ограда,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная