логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Приказната во филмот „До балчак“ е метафора за супстратот на македонското битие, рече Столе Попов, уверен дека ќе направи добар филм

Сунчица Уневска

Демир Хисар - Легендарниот симплон „Ориент експрес“ вчера пристигна во село „Света“ во Демир Хисар, означувајќи го почетокот на снимањето на новиот филм на Столе Попов насловен „До балчак - Приказна од Дивиот Исток“. Времето беше вратено во 1906 година, насекаде турскиот аскер, но на турскиот пункт покрај пругата имаше и малубројни селани, имаше некаков импровизиран кафез од дрво во кој беа двајца заробени, имаше многу кочии со коњи наоколу и еден господин и госпоѓа кои го чекаа возот, што доаѓа од Лондон, преку Париз, Букурешт, па оди кон Константинопол или кон Солун. Сетот изгледаше навистина фантастично, како своевиден времеплов, направено се' многу точно и импресивно, пренесувајќи ве многу автентично во времето на владеењето на Отоманската империја. Врв на сето тоа, секако, е возот, кој има ресторан и пет вагони и внатре е уреден фантастично, со целосно стилизиран мебел и со атмосфера која едноставно понесува. На станицата во село Света пристигнаа Филип (Мартин Јорданоски) и Тереза (Инти Шрај) и со таа почетна сцена во филмот стартува и самото снимање, кое треба да трае десет недели.

„Поминаа цели 25 години откако Горан Стефановски и јас почнавме со работа на ова сценарио. Но, и покрај тоа што од тогаш поминаа девет влади и ниту една немаше храброст да го поддржи овој филм, никогаш не го ставив ад акта“, изјави режисерот Столе Попов, кој беше видно возбуден, задоволен, но и самоуверен дека и, покрај се', ќе направи добар и актуелен филм. „Оваа приказна е метафора за самиот супстрат на македонското битие“, додаде Попов, објаснувајќи дека е ослободен од идеологии и дека зборува низ призмата на обичниот човек, низ судбините на маргинализираните луѓе осврнувајќи се на коренот на македонската кауза. Поточно, на она исконско чувство за слобода, за зачувување на својот идентитет, за начинот како да се одбрани своето име и да се носи со гордост.

На сетот вчера се чини дека пристигнаа сите. Тука беше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, тука беа директорите на Филмскиот фонд и на Кинотека на Македонија, Дарко Башевски и Мими Ѓорѓоска-Илиевска, градоначалникот на Битола Владимир Талевски, копродуцентите „Сектор филм“ и студиото ФХ3Х, и голем дел од огромната екипа, која брои 180 луѓе. А освен Инти Шрај, која е од Словенија, во филмот ќе се појават и српските актери Мики Манојловиќ, Никола Којо и како специјален гостин, Бата Живоиновиќ. Сите други се македонски актери, меѓу кои се и: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Јовица Михајкловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Владо Јовановски, Никола Ристановски и други.

Министерката Канческа-Милевска беше одушевена од тоа што го виде, изјавувајќи дека ова е ремек-дело и дека првпат присуствува на нешто вака импресивно. Таа зборуваше дека ова е проект кој е историски и културно исклучително значаен и верува дека со него ќе се гордееме. Поддршката за филмот и интересирањето се навистина огромни, а сето тоа влијае и на одличната атмосфера и доверба која владее на сетот.

Прекрасната Инти Шрај зборуваше за својата улога со голема одушевеност, велејќи дека ликот на Тереза е симбол на слобода, дека таа во филмот е како свеж ветар. Тереза доаѓа од Англија и од Франција и за неа се' е ново. Но, нејзиниот лик на слободна жена ќе донесе многу провокации. Шрај беше одушевена и од сетот, од костимите, сценографијата, од богатството и автентичноста и рече дека тоа е нешто што многу му помага на актерот и дека за неа тоа бил своевиден шок. Мартин Јорданоски објасни дека неговиот лик се разликува од другите во филмот, но дека тој се наоѓа пред голем предизвик заедно со Тереза и дека за кратко време неговиот лик ќе доживее големи промени. Додека Сашко Коцев, кој го игра Крсто, зборуваше дека тоа е лик кој многу се разликува од него, но дека му овозможува да се соочи со несвесното во себе. Тој изјави дека им престои голема битка, со сценариото, со уметноста, но и со самите себе.

„Иако филмот обработува епоха, сепак, ова е многу современ филм, кој одлично комуницира со денешнината“, изјавува Столе Попов. Тој верува дека и овој негов филм ќе комуницира добро со публиката како и сите негови претходни филмови, додавајќи дека иако меѓу неговите филмови имало големи временски периоди, а првиот е од пред 35 години, сепак, тие никогаш не изгубиле од својата актуелност. Осврнувајќи се, пак, на денешното време, тој рече дека и покрај тоа што мислиме дека живееме во високо технолошка ера и веруваме во некаков виртуелен свет во 21 век, сепак, се менува само надворешното, а суштината останува иста. „Фрапантна е сличноста, бидејќи во суштината на се' всушност лежи човекот. Идеологии се раѓале и умирале, се појавувале царства и империи и исчезнувале, а она што останува и што ги одредува општествените релации, секогаш е човекот“, зборуваше Столе Попов. „Човекот секогаш сонувал за подобар свет, продолжи тој, секогаш големите си поигрувале со малите, силните со слабите, но само несовршенството на човекот е она што одредува се'. Луѓето се оние што го одредуваат филмот, нивните проблеми и универзалните вредности“. Тој истакна дека силно верува во неговата суштина и дека филмот „До балчак“ не би требало да се гледа како филм-епоха.

Продуцентот Данчо Чевревски („Триангл филм“) извести дека снимањето ќе продолжи во Битола, во местата Рапеш, Штавица, Маково, потоа во околината на Штип, во Криволак и во Скопје. Буџетот на филмот е 3 милиони и 600 илјади евра, а негов копродуцент, покрај „Сектор филм“ и ФХ3Х, е и Македонската телевизија.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 887
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1212
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Александар Несторовски:26-ТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСТНИЦА 03/12/2023

Александар Несторовски:26-ТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСТНИЦА 03/12/2023

Добрата од овој свет, сами по себе не се погубни за човекот. Бидејќи сите нив Бог ни ги дава за наша полза и потреба. Она што е погубно е нашиот...

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија...

„Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа”

„Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа”

Демони не можат да изгонуваат во секој поглед раслабени луѓе. Демони може да изгонува од другите само оној што претходно го очистил своето срце од страстите и со нив поврзаните...

„Благословен е Оној што иде во името Господово!“

„Благословен е Оној што иде во името Господово!“

"Гледате, за разлика од нас кои и да сме просветлени, а не сме, можеме само да претпоставуваме и да нагаѓаме што, кога и каде ќе се случи, Богочовекот Христос точно...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

 ’Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!‘“

’Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!‘“

На првиот степен од нашиот духовен развој, чистење на срцето од развратните страсти, ние сме во постојана борба да го сопреме истекувањето и губење на благодатта од нас. Додека ги...

„...Темнината на поистоветувањето...“

„...Темнината на поистоветувањето...“

 Има и општо восогласување. На пример: „христијаните“ кои сѐ уште не ја отфрлиле темнината на поистоветувањето со државата, народот и партијата, наместо пастирскиот пристап кон истите, треба да знаат дека...

Игумен Фотиј Беровски: Каде и кога?

Игумен Фотиј Беровски: Каде и кога?

   И покрај тоа што ние, го бркаме како и Гадаринците и го молиме да си отиде од нашиот крај ( зашто нема да можеме да си ги вршиме нашите...

Наша христијанска цел е да стекнеме просветлување, т.е. духовен разум...

Наша христијанска цел е да стекнеме просветлување, т.е. духовен разум...

Старозаветен менталитет е строгото пазење на сјајот на надворешната форма, додека нашата внатрешност е темнина – без просветленост на умот, која произлегува од умно-срдечната молитва и исполнувањето на заповедите Божји;...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

11/12/2023 - понеделник

Божикен пост (на риба)

Преподобниот маченик Стефан Нови; Светиот новомаченик Христо; Преподобна Ана; Светиот благоверен цар Маврикиј; Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2023

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2023

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 27 ноември /10 декември 2023

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 27 ноември /10 декември 2023

Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален го покажа во неискажливите страдања: прекрасни благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,

Тропар на свети Алимпиј столпник 26 ноември / 9 декември 2023

Тропар на свети Алимпиј столпник 26 ноември / 9 декември 2023

Столб на трпение стана, кога преподобно ревнуваше како праотците,Јов во маките, Јосиф во искушенијата,и живот на бесплотните во тело.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная