логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




Во екот на лондонските протести, западните земји на чело со Британија покажуваат дека многу полесно е да се критикува, а потешко е да се примени критиката. Прво тие се истрчаа да им порачаат на нивните источни соседи дека не смеат да вршат цензура на Интернет и на социјални мрежи, бидејќи слободата на говор е неприкосновено право. Но откако британскиот премиер Дејвид Камерон се најде на истото дереџе како Иран и Египет, реши да не го применува сопствениот совет и се закани со цензура или со забрана на пристапот до Фејсбук, Твитер и сличните алатки за комуникација, што на големо се користат за договарање и за организирање протести.

Тенденцијата присутна во речиси сите општества во кои властите се соочуваат со протести директно говори дека кога не може да се удри по магарето, најлесно е да се удри по самарот. Фејсбук и Твитер се само онлајн-простор на кој се шири порака или идеологија, а со нивно гасење и цензурирање незадоволството не може да исчезне. Единствено може да се преиначи местото на кое повторно ќе се шири првичната порака.

- Случајот во Египет во кој Мубарак стави целосна кочница на Интернет говори многу за тоа што може да предизвика универзалната цензура. Со тоа што четвртиот претседател на Египет се обиде апсолутно да ги спречи безредијата што се развиваа на социјалните мрежи, си нанесе две нови „нужни зла“. Прво, си предизвика нови непријатели, односно против него се кренаа сите затекнати поради интернет-цензурата, независно од тоа дали се за или против режимот на владеење. Понатаму, постојат податоци што говорат дека протестантите преминале кон интензивна употреба на СМС-пораките, откако пристапот до социјалните мрежи им бил одземен. Ако на една Октомвриска револуција не и беа потребни Интернет или Фејсбук и Твитер, тогаш не може да се очекува дека денешниве протестанти ќе се откажат доколку останат без овие алатки - вели Филип Стојановски од фондацијата „Метаморфозис“.

Не го убивајте гласникот

Една од најзначајните идеи на Маршал Меклуан вели дека медиумот е пораката. Со оваа мисла канадскиот комуниколог истакнува дека формата на медиумот се провлекува во пораката, односно природата на медиумот директно влијае на перцепцијата на пораката што се пренесува. Ако се користи Меклуан за да се претстават социјалните мрежи како еден глобален медиум, тогаш тоа треба да се прави навистина претпазливо. Затоа што Фејсбук и Твитер се директна алка во онлајн-револуциите и активизмот, а не канализатор на насилство и безредие.


- Не е логично да се обвинуваат социјалните мрежи за пораката што ја шират. Метафората „не го убивајте гласникот“ е најдобра илустрација за тенденцијата да се цензурираат или забрануваат социјалните мрежи во случаи на револуции или на протести. Фејсбук и Твитер не шират насилство, туку луѓето што ги користат и на нив поставуваат најразлични лични пораки. Неосновано е да се коси нивната употреба за сите корисници, кога Интернет во денешно време преставува основна неопходност за многу луѓе - објаснува Стојановски.

Во изминативе години изразен е фактот дека друштвените мрежи одамна излегоа од фазата на најобичен разговор и џаболебарење, а преминаа во моќна алатка за ширење на јавното незадоволство.
- Социјалните мрежи се силно средство за мобилизација на групите, а токму толпите во арапскиот свет покажаа дека тие се многу повеќе од најобично четување. Преку нив може да се постигне комуникација на глобално ниво, со што една порака може да допре до светскиот парламент, бидејќи токму тоа го претставуваат сите 7 милијарди жители. Проблемот настанува кога тие алатки се злоупотребуваат и со нив се манипулира за постигнување погрешни цели - смета социологот Ѓорѓи Тоновски.

Двојни аршини или спротивни идеологии

Откако светот почна со сите сили да ја исмева ситуацијата во протестите на англиската почва, се постави неминовното прашање дали британските влади поставија двојни аршини во поглед на употребата на социјалните мрежи. Прво, упатија критика кон преостанатите земји што се бореа со нивната употреба за време на бунтовите против власта, а затекнати во иста ситуација, користат слични методи за да се ослободат од незадоволството.

- На различните протести да гледам со исти очи не може, бидејќи во секоја ситуација зборуваме за индивидуални побуни, кои секогаш се независни едни од други. Сепак, една работа важи за сите општества што се третираат како демократски, а тоа е правото на слободен говор. Ова право може да се ограничува само со судска постапка, а не кога на надлежните ќе им текне да гасат онлајн-револуција - објаснува Стојановски.

Социологот Тоновски, пак, смета дека идеологијата за која се користат онлајн-алатките е пресудна, а со тоа се исклучува и појавата на двојни стандарди.

- Не може да зборуваме за двојни аршини кога гледаме на Британија и на арапските земји, бидејќи станува збор за комплетно спротивни побуни. Од една страна, социјалните мрежи на Блискиот Исток беа користени како средство што се бори против антидемократските режими и како алатка за создавање нова, демократска конструкција. Од друга страна, пак, во Британија истите алатки се злоупотребуваа на спротивен начин, како деструктивно средство, со кое се поттикнува насилството - вели Тоновски.

Спротивен став од оној на Тоновски истакна Ристо Солунчев од Институтот за филозофија („Сеир: Со западен камен по западни глави“, „Нова Македонија“), кој посочува на западноевропско-американската тенденција, според која тие ги перципираат источните земји како дефектни, назадни и недемократски општества, а со тоа и протестите на нивна почва се оправдани. Наспроти тоа, Западот себеси се гледа како „универзалниот ум“ во кој демократските парадигми се веќе реализирани, а со тоа револуциите прераснуваат во побуни против ситни грешки на системот, а не против самиот систем.

 

И ние игравме цензурно оро
 
 И Македонија се вклучи во трендот на заканување за гасење на социјалните мрежи и цензура на Интернет. Во екот на инцидентите на Скопско кале, Министерството за внатрешни работи најпрво почна со барања за бришење на групите на Фејсбук што наводно ширеа говор на омраза. Потоа почна да ги остварува заканите со бришење на сите групи и профили што го коментираа случајот. И при последните младински протести поради убиениот Мартин Нешковски, МВР дежураше на Фејсбук и ги гасеше сите групи што повикуваа собири против полициската бруталност. 

 


 Како се одвиваше светската забрана 
Британија - Протести организирани преку Твитер и Блекбери - Владата најави можна забрана за пристап до социјалните мрежи.

Либија - Опозициските приврзаници ги користат Интернет и социјалните мрежи за организирање на отпорот против власта: Режимот на Моамер Гадафи го блокира пристапот кон Фејсбук и до други веб-сајтови, а го прекинува и снабдувањето со електрична енергија

Египет - Протести организирани преку Фејсбук и Твитер: Претседателот Мубарак го блокира пристапот до Интернет во целата земја.

Тунис - Демонстрантите се организираат преку Твитер, Фејсбук и различни сервиси за блогирање: Властите директно го блокираат пристапот до веб-сајтовите на социјалните мрежи, а во неколку наврати апсат и блогери.

Иран - Известување и организирање протести преку Јутјуб, Фејсбук и Твитер: Иранските власти го блокираат пристапот до Интернет, филтрирање на сообраќајот до Јутјуб, Фејсбук, како и блокирање на СМС-пораките.

Молдавија - Демонстрантите се организираат преку Твитер, затоа протестите се нарекуваат Твитер-револуција: Властите го блокираат сигналот за мобилна телефонија на главниот плоштад и поради тоа демонстрантите се принудени да објавуваат на Твитер, користејќи ја технологијата џи-пи-ер-ес.

Кина - Повеќе антијапонски, антикорупциски и еколошки протести, како и меѓуетнички судири, се организираат преку сервисите за кратки пораки и преку СМС: Интернет-полицијата во Кина има околу 30.000 припадници, кои не само што го блокираат пристапот до одредени содржини туку и го контролираат пристапот до Интернет кај поединци. 


Четири години затвор поради Фејсбук
 Двајца корисници на Фејсбук се осудени на четири години затвор поради тоа што на социјалната мрежа повикувале на протести, иако на крајот тие не се случиле, јавува лондонски „Гардијан“. Осудените се Џордан Блекшоу и Пери Сутклив-Кинан, кои отвориле страници и групи на мрежата на кои ги повикувале младите да излезат на побуна, но освен полицијата, никој не се појавил на закажаната бунтовничка средба. 

 

Руслан Трад, блогер и аналитичар на ситуацијата на Блискиот Исток и во Северна Африка
Лондонскиот бунт  не е причина за цензура
 
Ако Дејвид Камерон владееше на Блискиот Исток, неговите зборови за социјалните мрежи и Интернет немаше да бидат неочекувани, туку токму спротивното. Најмногу, бидејќи покажуваат тренд што полека преминува во застрашувачки димензии и се доближуваат до желбата на многу лидери од Блискиот Исток и од Северна Африка за цензура на пристапот (или дури гасење) на глобалната мрежа.

Зошто таква крајна оценка?

Британскиот премиер Дејвид Камерон во соопштението до парламентот велеше дека во истрагата спроведена за лондонските безредија се планира и стопирање на пристапот до социјалните мрежи и веб-страниците на луѓето, за кои се смета дека се вмешани во криминални активности, кражби и бунтување во предградијата на Лондон.

По барањето за зголемување на бројот на полицајци на улиците, тој објасни дека акцентот треба да се стави на тоа „... да и се овозможи одредена технологија на полицијата, со која таа ќе може да ги следи луѓето што ги користат Твитер и Блекбери месинџер, пред да се употребат стандардните полициски средства...“

Дали сметате дека овој чекор на Владата е правилен? Дали оваа акција нема да ги ја претвори Британија во слична дистопија, како онаа од филмот „В за Вендета“. Бунтовите предизвикаа вандализам и донесоа мали резултати, а со ништо не покажаа дека се брани одредена кауза. Напротив, дури и семејството на жртвата од Тотенхем, чие убиство беше основниот повод за безредијата, ги осуди дејствата како „хулиганство“. Но сега, кога ситуацијата секојдневно полека се враќа во нормалата, треба да се погледнат последиците.

Пред сé, да не бидеме фаталисти. Сепак, историјата покажува дека реализацијата на ваквите идеи, кои со текот на времето преминуваат во законски акти, секогаш им носи добро на општеството и на државата.
Овие настани не треба да бидат причина за државата да премине кон воведување драконски мерки што ќе ја потиснат слободата на говор - значи ништо различно од кој било арапски водач, против кој арапското општество сé уште се бори поради недостигот од слобода. Помислата дека луѓето може да бидат цензурирани, бидејќи „се смета“ дека го користат Фејсбук за криминални намени, како што се бунтовите против која било власт, е вознемирувачки сериозна. Во секој случај ова треба да се дискутира надолго и нашироко од британските институции, за да не премине оваа држава во остров опкружен од ѕидови и карпи, пишува Трад на својот блог www.ruslantrad.com.
 

 

Ребека Мекинон, коосновач на „Глобал војсис“ и поранешна новинарка на Си-ен-ен
Задушувањето на социјалните мрежи  по безредијата е опасна идеја
 
 

Државната кинеска новинска агенција објави коментар за ставовите на премиерот Камерон, истакнати за време на неговиот говор инспириран од Арапската пролет, од пред неколку месеци.Тогаш тој порача дека слободата на говорот треба да се почитува на плоштадот „Тахрир“, како што тоа се прави на лондонски „Трафалгар“. Кинеската новинска агенција вели дека се прашува зошто западните владетели од една страна се склони да ги обвинуваат другите нации за извршената контрола, но од друга страна, нивните мерки за контрола на Интернет ги земаат здраво за готово. Кога станува збор за доброто на пошироката јавност, соодветните мерки за мониторинг на вебот се законски и неопходни.

Кинеската влада изнесуваше слични аргументи откако државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, во својот говор од јануари 2010 истакна дека слободата на Интернет е клучен стожер во американската надворешна политика.

Иако криминалците и злосторниците во Британија мора да бидат гонети и казнети на начинот што го диктира правниот систем, сепак неопходно е британската влада и интернет-провајдерите што работат во Британија да реагираат одговорно. Која било правна мерка или корпоративен договор склучен меѓу Владата и провајдерите за да се спречат луѓето да организираат криминални или насилни активности мора да бидат остварени на начин на кој тие нема да се разјадат во процесот, односно истовремено ќе ги заштитиме невините луѓе и нивните политички и граѓански права.

Потенцијалната злоупотреба на моќта преку дигиталните мрежи - на кои ние, луѓето во денешно време се потпираме за речиси сé што ни е потребно, вклучувајќи ја и политиката, е една од најподмолните демократски закани во интернет-ерата. Ако владата и компаниите што имаат моќ да го ограничат пристапот до Интернет се однесуваат непромислено и избрзано во решавањето на итните проблеми, без да размислуваат на долготрајните последици, тогаш може да и предизвикаат неопислива штета на британската демократија и на слободата и на правата на сите корисниците на Интернет, вели Мекинон во отвореното писмо, објавено на Си-ен-ен (http://edition.cnn.com/2011/OPINION/08/12/mackinnon.internet.britain/).

 
     
Автор: Огнена Костова  

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1257
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1579
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная