логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Охрид, 19 ноември 2010 (МИА) – Со перформанс во изведба на актери од Битолскиот театар во режија на Владо Цветаноски, во музичка придружба на Драган Даутовски, вечерва на свечен начин беше предаден во употреба целоосно завршениот музејски комплекс „Музеј на вода“, кој коплетно ја презентира праисториската наколна населба и Римскиот кастел на ридот Градиште на источниот брег на Охридското Езеро. 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на свеченоста изрази задоволство што е заокружен овој проект, како потврда на заложбите на Министерството за култура и Владата на РМ за развој и промоција на културата, културно-историските богатства и цивилизациските вредности.

- Со гордост можам да потенцирам дека Музејот на вода го носи кодот на цивилизацијата која учествувала во градењето на светската историја одовде, од овие простори кои се интегрален дел од европското жариште кое го носи епитетот лулка на европската култура и цивилизација, истакна Канческа-Милевска.

Фактот дека во текот на 2009 годима Музејот на вода во Охрид го посетиле над 40 илјади посетители, а надлежната установа Завод и Музеј - Охрид од продадените влезници осртварила приход од 2,5 милиони денари, за министерката за култура се јасен поакзател на самоодржливоста и економската и туристичката оправданост на овој импозантен музејски проект со кој, како што истакна, Охрид и Македонија ја збогатија својата културна понуда со уште еден значен монумент на македонското и светското археолошко наследство.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман потсети дека во првите подводни археолошки истражувања во Македонија, спроведени во периодот од 1997 до 2005 година, на истата локација беа откриени околу десет илјади дрвени колци, врз кои постоела дрвена платформа на која во разни временски периоди биле изградени најмалку 24 куќи.


- Ние на тоа место поставивме 3.346 дрвени колци и употребивме над седум илјади дрвени греди, за да го завршиме целиот тој праисториски „град“. Изградивме дрвено пристаниште во стилот на населбата, ги обновивме двете плажи со историска лика употребувајќи повторно дрвени колци. Копнениот простор го збогативме со 11 дрвени бунгалови, а на ридот на просторот од Римскиот кастел поставивме седум дрвени објекти во римски стил, појасни Кузман.


Во финалната фаза од проектот заокружена неодамна, целиот музејски комплекс доби пристапен пункт - капија, сопствен осветлен паркинг-простор, како и збогатена  постојана музејска поставка.  Во рамките на комплексот има нуркачки клуб,  како и амфитеатар со простор наменет за одржување културни манифестации,  се со цел да се понудат што повеќе содржини интересни за туристите и посетителите, а целиот музејски простор да се промовира во исклучителна балканска и европска научна културно-образовна дестинација.


Проектот е реализиран во рамките на Програмата на Министерството за култура и Владата на РМ, за што беа издвоени средства во износ од околу  3,5 милиони евра. аб/хс/20:19

Goran.sv.Erotej.jpg

 

 

 Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

(Фото: Преминпортал)

Охрид, 2010

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

« »