логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Графиката како симболика го претставува постоењето на Алкалоид како една долга и успешна приказна и како компанија која се залага за здравје и долг живот, вели Корубин за новиот уметнички предизвик во разговорот за „Независен“

Лејла Сабит

Неговата уметност како  една бескрајна приказна, со поглед кој ви ја гледа душата  и со елегантни раце , ве следи како нов креативен предизвик во раскажувањето на безвремената и успешната приказна на Алкалоид –долга 85 години, одбележана синоќа во Скопје со ретроспективна изложба и донација од четири милиони денари за Клиниката за детски болести. Графиката на Корубин, специјално изготвена за алкалоидовиот јубилеј, ја доловува паралелата меѓу минатото и сегашноста. Безвременоста.

Таа во помала димензија ја краси поканата за јубилејот, а во поголем формат е претставена на паното, закачено на Музејот на град Скопје, како најава за ретроспективната изложба. Според графиката, во моментот тој изработува слика (масло на платно) која ќе треба да остане во ризницата на Алкалоид. Од процесот на сликање се прави и видео кое ќе оди како рекламен спот за Алкалоид-уметност во индустријата.

-Драго ми е што ме побараа за овој проект, им посакувам уште поголем раст и успех во годините кои што доаѓаат, ни изјави Корубин ексклузивно за „Независен“ .

Што го инспирирало да даде свој уметнички печат на компанија од областа на здравството?

-Темата на ова дело е живот и здравје со која се одбележува и прославува 85 години од постоење на Алкалоид-Скопје. Во оваа композиција се претставени  две раце кои симболизираат сила, заштита и работа, сонце и изгрејсонце како животна сила, растение кое нуди плод, раст и цут. Позадината на сликата е во плави и зелени тонови кои асоцираат на вода и небо, како и кругот кој симболизира целина, перфекција и безвременост. Цела оваа симболика мислам дека го претставува постоењето на Алкалоид како една долга и успешна приказна како и за она што претставува како компанија која се залага за здравје и долг живот, ни раскажа Корубин.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Михаил Корубин , од семејството на славни сликари како дедо му Миле и татко му Рубенс Корубин,  и сопруг на поп-ѕвездата Каролина Гочева која синоќа на јубилејот имаше свој настап пред домаќините и гостите во Музејот на град Скопје, претходно ја примени својата уметност на арт-етикета за вино. Новите креативни предзвици, вели не го оддалечиле од неговата примарна уметност.

-Напротив, со секое вакво ново искуство добиваш нови креативни предизвици,  учиш нови вештини кои кога тогаш ќе ти помогнат и прошират опусот на твојата работа. Со секое ново дело кое е различно од претходното или со секоја нова користена техника во вашето следно дело вашата имагинација и мозок-раце релација се се’ поодврзани кон вашата креација. Во овој период си работам стандарно на моите дела каде што превладуваат ликови, но оваа година си дозволив да експериментирам со нив многу повеќе. Досега имам насликано ликови во многу различни фази и стилови и сите тие на еден начин се поврзуваат, надополнуваат и го креираат следниот. Претходната година создадов сосема  нов уметнички проект кој го нареков нареков “Артокенс” кој е кованица од два збора “Арт” и “токен” кои што на кратко би значеле уметнички симболи. Артокените се артистичка репрезентација на одредени и одбрани зборови кои означуваат чувства, емоции, карактери, природни појави итн.. Сите Артокени се цртани рачно од мене и се  претворени во лимитирани едиции на цртежи,  ни изјави Корубин, во март, во интервју за „Независен“.

Фото: „Алкалоид“

 

https://nezavisen.mk/mihail-korubin-so-grafika-koja-go-simbolizira-alkaloid-gi-naslikav-minatoto-i-segashnosta-na-nasheto-zdravje/?fbclid=IwAR0EYPcW_s2vRur3M4PmiNegjJ4vaJPF3hl7cOMq800sdQwoTVSFaLyXL-Q

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »